Слоганот „Црните животи се важни“ испишан на улица кон Белата куќа


Дел од 16-та улица која води кон Белата куќа во Вашингтон, по налог на градоначалничката Мјуриел Баузер, го доби името „Плоштад Црните животи се важни“. Градоначалничката исто така нареди слоганот да биде напишан со големи жолти букви на улицата во знак на протест против ставот на претседателот Доналд Трамп кон протестите за убиството на Џорџ …

Слоганот „Црните животи се важни“ испишан на улица кон Белата куќа Read More »

Болсонаро се заканува со излегување на Бразил од СЗО


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се закани дека Бразил ќе излезе од Светската здравствена организација ако таа, како што рече, не престане да биде пристрасна политичка организација. Тој за бразилскиот Си-Ен-Ен изјави дека лекот хидроксихлорохин „се вратил“ откако била повлечена „срамната“ студија за неговиот ефект. Влијателното британско медицинско списание „Лансет“ повлече статија во која се тврди …

Болсонаро се заканува со излегување на Бразил од СЗО Read More »

(Видео) Фасцинантно: Стадо диви коњи во галоп на Пелистер


Стадото пелистерски диви коњи се вистинска атракција на Пелистер, посебно за љубителите на природата и убавата фотографија, пишува битолскиот портал „апла.мк“. Порталот го објави видеото што на Баба Планина го направи битолчанецот Даниело Божиновски, со фасцинантни сцени од коњите кои уживаат во слободата што им ја овозможува планината. „Можеби оваа снимка е една од најубавите …

(Видео) Фасцинантно: Стадо диви коњи во галоп на Пелистер Read More »

Бундесбанк: На Германија ќе ѝ бидат потребни две години за да закрепне од рецесијата


Германската економија годинава ќе забележи значителен пад и можеби ќе бидат потребни две години за да го надомести, соопшти во петокот Бундесбанк, придружувајќи се на голем број прогнозери кои предвидуваат бавно закрепнување од рецесијата предизвикана од пандемијата на корона вирусот. Најголемата економија на еврозоната годинава ќе забележи пад од 7,1 процент, врз основа на календарски …

Бундесбанк: На Германија ќе ѝ бидат потребни две години за да закрепне од рецесијата Read More »

СЗО: Луѓето да носат маски од ткаенина за лице


Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги ажурираше своите упатства и им препорача владите да ги замолат сите да носат маски за лице од ткаенина во јавност во области каде постои ризик да го пренесат Ковид-19, со цел да помогнат при намалување на ширењето на пандемијата. Во своите нови упатства, поттикнати од докази од студии спроведени …

СЗО: Луѓето да носат маски од ткаенина за лице Read More »

По пад од трактор почина 6 годишно дете од Делчево


При пад од трактор, во делчевската населба Таушанско маало почина 6 годишно дете. Екипа на Итната медицинска помош интервенирала на повик во 14 часот, при што од страна на дежурниот лекар биле констатиран потрес на мозокот кај повреденото дете кое било во кома. -Со возило на Итната медицинска помош, 6 годишното дете е префрлено во …

По пад од трактор почина 6 годишно дете од Делчево Read More »

Оптимизам во САД, вработеноста во мај порасна за 2,5 милиони


Вработеноста во САД во мај се зголеми за 2,5 милиони, а стапката на невработеност падна на 13,3 проценти, покажаа податоци кои денеска ги објави Министерството за труд, што е далеку подобро од она што го очекуваа економистите и кои укажуваат дека економскиот пресврт би можел да биде близу. Економистите, кои ги анкетирал Дау Џонс, очекуваа …

Оптимизам во САД, вработеноста во мај порасна за 2,5 милиони Read More »

Откриени 25 мигранти на автопатот Велес-Скопје


Вкупно 25 мигранти се пронајдени рано утринава во четири часот во три патнички возила на автопатот Велес-Скопје, после пунктот на „Македонија пат“. Возилата биле со скопски таблички, а едното од нив марка „мерцедес“ било превретено. Министерството за внатрешни работи соопшти дека возилата биле забележани кај Демир Капија и не застанале на даден знак за запирање …

Откриени 25 мигранти на автопатот Велес-Скопје Read More »

ССМ укажува на злоупотреби со финансиската помош од 14.500 денари за работниците


Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата за исплата на плата во висина од 14.500,00 денари, со злупотреба на Законот за работните односи, на своите вработени им исплаќаат понизок износ на плата од …

ССМ укажува на злоупотреби со финансиската помош од 14.500 денари за работниците Read More »

Американските милијардери пандемијата ги направи побогати за 565 милијарди долари


Додека на многу луѓе во светот пандемијата на коронавирусот им донесе финансиски проблеми, милијардерите во САД станаа уште побогати. Според извештајот на еден американски институт, вкупното богатство на милијардерите во САД од 18 март до сега е зголемено за 565 милијарди долари и сега изнесува 3,5 трилиони долари, а сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос за …

Американските милијардери пандемијата ги направи побогати за 565 милијарди долари Read More »

Грција со цел до 2030 година едно од три нови возила да биде електрично


Нашата национална цел, денеска е малку поамбициозна од целите на другите земји: еден од три нови автомобили во Грција во 2030 година да биде електричен, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, презентирајќи го владиниот план за постепено преминување кон движење на електричен погон и објасни дека бројот на електрични автомобили  во земјата едвај надминува 0,33 отсто, …

Грција со цел до 2030 година едно од три нови возила да биде електрично Read More »

Ангеловска-Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите на централните банки од Централна Азија, Црноморскиот Регион и Балканот, која заради околностите коишто ги наметнува пандемијата на ковид-19 се одржа телеконференциски. На средбата учествуваа гувернери и други претставници на централни банки од околу дваесет земји. Настанот претставуваше одлична можност …

Ангеловска-Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите Read More »

Бислимоски не очекува проблеми во енергетскиот сектор при евентуален втор бран на Ковид-19


Претседателот на регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски не очекува било какви проблеми во функционирањето на енергетскиот систем во земјава во пресрет на идната грејна сезона при евентуален втор бран на пандемијата со Ковид-19. Тој во интервју за МИА вели дека Регулаторната комисија за енергетика и компаниите веќе знаат како да се организираат и …

Бислимоски не очекува проблеми во енергетскиот сектор при евентуален втор бран на Ковид-19 Read More »

Како ВМРО-ДПМНЕ не им верува ни на Светска банка ни на Владата


Србија го зајакнува здравството со заем од Светска банка од 100 милиони евра, Македонија уште чека на одобрените 90 милиони евра, бидејќи дополнителната заменичка-министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, не сака да стави потпис Мирче Јовановски Кредитот од Светска банка во износ од 90 милиони евра, иако одобрен од бордот на оваа меѓународна финансиска институција и …

Како ВМРО-ДПМНЕ не им верува ни на Светска банка ни на Владата Read More »

Маск: Време е „Амазон“ да се разбие


Основачот на „Тесла“, Илон Маск, изјави дека компанијата „Амазон“ треба да биде „растурена“, откако писателот Алекс Беренсон соопшти дека оваа најголема светска платформа за продажба на мало не му дозволила да ја објави својата нова книга за коронавирусот. „Ова е лудо“, напиша Маск на Твитер, тагирајќи го сопственикот на Амазон, Џеф Безос. „Време е Амазон …

Маск: Време е „Амазон“ да се разбие Read More »

Директори од 179 компании во САД лани за плати добиле четири пати повеќе од средствата за истражување на заразни болести


Извршните директори на 179 компании во индустријата за здравствена заштита во САД однесоа дома речиси 2,5 милијарди американски долари во 2019 година. Најголем дел се од исплати за акции, се вели во анализата на „Аксиос“ (Axios.com) за финансиските досиеја. Големата слика: Оваа сума е четирипати повеќе отколку што на Центрите за контрола и спречување на …

Директори од 179 компании во САД лани за плати добиле четири пати повеќе од средствата за истражување на заразни болести Read More »

Во првиот квартал годинава стапката на невработеност 16,2 отсто


Стапката на невработеност во првиот квартал од оваа година изнесува 16,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци во првото тримесечје од годинава, активното население во земјава изнесува 967.733 лица, од кои вработени се 811.106, а 156.627 лица се невработени. Според Државниот завод за статистика, од вработените 469 444 се мажи, додека 319 …

Во првиот квартал годинава стапката на невработеност 16,2 отсто Read More »

Фудбал: ФФМ го прекина натпреварувањето во Првата лига и во Купот за сезоната 2019/2020


На вонредната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одржана конференциски, имајќи ја во предвид целокупната епидемиолошка ситуација во земјата и фактот дека бројот на ново заболени секојдневно се зголемува, беа донесени следните одлуки: – Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Комисијата за натпреварување за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во …

Фудбал: ФФМ го прекина натпреварувањето во Првата лига и во Купот за сезоната 2019/2020 Read More »

Диего Кошта осуден на шест месеци затвор за затајување данок


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Кошта (31) е осуден на шест месеци затвор за затајување данок, но благодарение на договорот со шпанското обвинителство, тој нема да оди во затвор, но мора да плати казна од околу 543,000 евра. Шестмесечната затворска казна е сменета за парична казна од 36.000 евра, на која доаѓа уште една казна …

Диего Кошта осуден на шест месеци затвор за затајување данок Read More »

„Виз Ер“ до 14 јуни нема да има летови до и од земјава


Ниско-буџетната авиокомпанија „Виз Ер“ најави дека ќе ја продолжи суспензијата на сите летови до земјава до 14 јуни. Суспензијата, како што наведуваат во соопштението, е резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија. Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови што ги направиле резервациите …

„Виз Ер“ до 14 јуни нема да има летови до и од земјава Read More »