Фирмите што ќе ја користат мерката 14.500 денари за јуни не смеат да отпуштаат вработени заклучно со август


Мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен продолжува и за јунската плата. Вчера Владата донесе измена на уредбата со која мерката наместо два – ќе трае три месеци, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил. Додава дека со измени на уредбата, фирмите што ќе користат финансиска поддршка и за месец јуни, наместо …

Фирмите што ќе ја користат мерката 14.500 денари за јуни не смеат да отпуштаат вработени заклучно со август Read More »

Државата ќе ги покрива придонесите на плата на новинарите и медиумските работници


Државата стопроцентно ќе ги покрива придонесите на плата на вработените во медиумите и медиумските куќи, телевизиите, радиодифузерите, печатените медиуми, како и електронските интернет портали, информираа денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски. Оваа мерка, истакна Османи, Владата ја донела со консултациите …

Државата ќе ги покрива придонесите на плата на новинарите и медиумските работници Read More »

Словенија го произведе првиот комплетно електричен и сертифициран авион


Словенечката компанија „Пипистрел“ го произведе првиот 100 отсто електричен сертифициран авион, јави дописникот на МИА од Љубљана. Се работи за мал спортски авион, комплетно напојуван од батерија за кој Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) ги исполнува највисоките стандарди за безбедност во летањето. Од компанијата изјави дека во некои сегменти ова летало има далеку …

Словенија го произведе првиот комплетно електричен и сертифициран авион Read More »

ССМ бара субвенциите за плата да се исплаќаат директно на сметките на работниците


Сојузот на синдикати на Македонија бара мерката за финансиска поддршка за исплата на плати да важи и за јунската плата, но овие пари да се исплаќаат директно на сметките на работниците. Ваквото барање, како што појаснува ССМ во денешното соопштение, е поради тоа што во изминатиот период имало информации за злоупотреби, како и поради пријавите …

ССМ бара субвенциите за плата да се исплаќаат директно на сметките на работниците Read More »

„Амазон“ ја забрани употребата на својот софтвер за препознавање лица


Компанијата „Амазон“ ја забрани употребата на својот софтвер за препознавање лица од страна на полицијата за една година. Овој гигант е последен во низата компании кои забранија употреба на вакви системи и кои се соочуваат со критики за погрешно идентификување на луѓе со потемна боја на кожата. Активистите за заштита на човековите права и вработените во …

„Амазон“ ја забрани употребата на својот софтвер за препознавање лица Read More »

Левандовски постави рекорд и го однесе Баерн во финалето на купот


Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски го постигна победничкиот гол во полуфиналето на Купот на Германија со Ајнтрахт (2:1). За 31-годишниот Полјак ова беше рекорден 45. гол за баварскиот тим на 39 натпревари од сезоната. Претходно, во сезоната 2016/17, Левандовски постигна 43 гола на 47 натпревари. Во финалето на германскиот фудбалски куп, Баерн ќе игра со …

Левандовски постави рекорд и го однесе Баерн во финалето на купот Read More »

Најмалиот шах на светот


Еден микроскулптор од Турција ја изработи најмалата табла и фигури за шах во светот. „Таблата“ има размер 0,89 на 0,89 сантиметри. Некати Коркмаз тврди дека неговата минијатурна творба е двапати помала од онаа којашто сега го држи Гинисовиот рекорд. За да го создаде овој шах, нему му биле потребни шест месеци и шест часа на …

Најмалиот шах на светот Read More »

Гренел: САД ќе ги повлече војниците од Германија


САД планираат да ја повлечат армијата од Германија, бидејќи Американците се против тоа премногу да плаќаат за безбедноста на другите земји, изјави американскиот амбасадор во Берлин во заминување, Ричард Гренел. Тој наведе дека даночните обврзници во САД не сакаат да плаќаат за безбедноста на другите држави. – Во Германија и понатаму ќе бидат распоредени 25.000 …

Гренел: САД ќе ги повлече војниците од Германија Read More »

Конте пред обвинители в петок поради одговорот на коронавирусот во Бергамо


Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека обвинители в петок ќе го сослушаат за одговорот на коронавирусот во Бергамо, северна Италија, што е едно од областите најмногу погодени од коронавирусот во светот. – Воопшто не сум загрижен, изјави Конте. – Ќе разговараме в петок и ќе им ги кажам сите факти што ги знам, рече Конте. …

Конте пред обвинители в петок поради одговорот на коронавирусот во Бергамо Read More »

Во САД над два милиона луѓе инфицирани со Ковид-19


Во САД регистрирани се повеќе од два милиона лица заразени со новиот коронавирус, а во 21 американска сојузна држава расте бројот на новозаболени, објави „Њујорк тајмс“. Весникот наведува дека и покрај подобрувањето на ситуацијата во државите коои најмногу беа погодени, како што е Њујорк, се појавија и нови жаришта. Во Аризона за еден ден регистрирани …

Во САД над два милиона луѓе инфицирани со Ковид-19 Read More »

За упис во средно задолжителна и пријава, учениците да ја преземат од веб-страницата на МОН


Учениците кои идната недела ќе се запишуваат во средните училишта, заедно со целокупната потребна документација наведена во Конкурсот треба да носат и пријава која може да ја преземат од веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk. Формуларот  за пријавување е достапен на четири (наставни) јазици – македонски, албански, турски и српски. Потребно е секој ученик да …

За упис во средно задолжителна и пријава, учениците да ја преземат од веб-страницата на МОН Read More »

Со домашната платежна картичка во економијата ќе се слеат 28 милиони евра


Деветте банки ги испечатија првите домашни платежни картички. До 18-ти следниот месец треба да бидат испорачани до сите 324.479 корисници, а кои своите средства ќе треба да ги искористат најдоцна до 15 август. За тоа дали е некој корисник на домашна платежна картичка може да провери на веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk, со внесување на својот матичен број,  а …

Со домашната платежна картичка во економијата ќе се слеат 28 милиони евра Read More »

Претпладне умерено облачно, попладне дожд и грмежи


Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од  21 до 29 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се …

Претпладне умерено облачно, попладне дожд и грмежи Read More »

Владата ќе бара мислење од ДИК за одбивањето Димитриеска-Кочоска да потпише за заемот од Светска банка


Владата ќе побара од Државната изборна комисија да се произнесе за одбивањето на дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска да го потпише документот за заем од Светска банка во износ од 90 милиони евра. Како што се вели во соопштението од денешната седница на Владата, со цел да се одблокира потпишувањето на договорот со …

Владата ќе бара мислење од ДИК за одбивањето Димитриеска-Кочоска да потпише за заемот од Светска банка Read More »

Владата го задолжи МВР да го ажурира избирачкиот список, Чулев против Уредбата


Изгледа сосем извесно дека одржувањето на вонредните избори се приблиќува откако Владата на денешната седница донесе измени во Уредбата со која беше замрзнат изборниот процес. Со неколкуте задолжувања до Министерството за внатрешни работи, Државната изборна комисија, заводот за статистика и Министерството за здравство Владата го постави теренот за одржување на изборите 22 дена по завршувањето …

Владата го задолжи МВР да го ажурира избирачкиот список, Чулев против Уредбата Read More »

Финансиска поддршка од 14.500 за исплата на плати и за јуни, нови мерки и за развој на туризмот


На денешната седница Владата донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, за финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на платите и за месец јуни, согласно критериумите и измените и дополнувањата на оваа уредба. Владата денеска усвои измени и дополнувања …

Финансиска поддршка од 14.500 за исплата на плати и за јуни, нови мерки и за развој на туризмот Read More »

Ќе се субвенционираат придонесите за вработените во медиумите


На денешната седница Владата донесе Уредба со законска сила за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите, со која се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со КОВИД-19 за време …

Ќе се субвенционираат придонесите за вработените во медиумите Read More »

Џошуа и Фјури се договорија за две борби


Британските боксери Ентони Џошуа и Тајсон Фјури се договорија за термини за две борби, изјави промоторот Еди Херн во интервју за „Скај Спортс“. – Двајцата се согласија на оваа борба. Два меча. Остваруваме голем успех, но сепак имаме многу работа. Местата и датумите се дискутираат. Џошуа и Фјури се согласуваат со финансиските услови. Сè од …

Џошуа и Фјури се договорија за две борби Read More »

Албанија се задолжи со 650 милиони евра со камата од 3,625 отсто


По задолжувањето со 650 милиони евра преку еврообврзница, албанскиот премиер Еди Рама рече дека неговата земја добила спектакуларен одговор и оти се подготвени за реализација на национален план „Албанија 2030“. -Добивме многу добра вест од пазарите на капитал и факт е дека постигнавме резултат што многу охрабрува и што го гарантира новиот национален план „Албанија …

Албанија се задолжи со 650 милиони евра со камата од 3,625 отсто Read More »

ОЕЦД прогнозира глобална рецесија од 7,6 проценти ако има втор бран на КОВИД-19


Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) предвидува глобална рецесија од 6,0 проценти за оваа година, но предупредува дека, во случај на втор бран на пандемијата на Ковид-19, падот на светскиот БДП би можел да изнесува дури 7,6 проценти. Во првото сценарио на ОЕЦД се предвидува дека светската економија, откако ќе падне за 6,0 проценти, …

ОЕЦД прогнозира глобална рецесија од 7,6 проценти ако има втор бран на КОВИД-19 Read More »