Заев за МИА од Атина: Мицотакис сака да дојде во Скопје


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис сака да дојде во Скопје, затоа што сака да се потсети на тогашните години 1999-2000 кога бил главен, одговорен на Националната банка на Грција за аквизицијата или купувањето на Стопанска банка – Скопје. Тој има убави спомени од тој период. Нема дојдено од тогаш, открива претседателот на Владата на Република Северна …

Заев за МИА од Атина: Мицотакис сака да дојде во Скопје Read More »

Четвртиот пакет мерки нема да го зголеми долгот, вели министерот Бесими


Четвртиот пакет економски мерки се подготвува, а неговата реализација нема да придонесе да се зголеми јавниот долг над проектираните 60 проценти од БДП. Финансирањето е стабилно. Приходите и расходите во Буџетот се согласно проекциите со ребалансот на буџетот. Ова го соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими на вчерашната прес-конференција на која презентираше приоритетите во неговиот …

Четвртиот пакет мерки нема да го зголеми долгот, вели министерот Бесими Read More »

Измените на законите за основно и за средно образование на дневен ред во Собранието


Собранието денеска треба да ја одржи 12. седница на која на дневен ред се измените и дополнувањата на законите за основно и за средно образование, по скратена постапка, како и одлука за испраќање на припадник на Армијата во меѓународната операција во Либан. Во услови на вонредни околности учебната година да може да започне и да …

Измените на законите за основно и за средно образование на дневен ред во Собранието Read More »

Продолжува судењето за насилствата пред Општина Центар


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година. Претходното рочиште на 17 август, судењето беше одложено поради промена на адвокатот на еден од обвинетите, кој побара судот да оствари простор да се запознае со предметот. Процесот го води судијата Душан Јосифов, а застапници …

Продолжува судењето за насилствата пред Општина Центар Read More »

Мајките на децата до шест години на протест, Филипче вели со вирусот ќе живееме и во 2021 година


Мајките на деца до шестгодишна возраст за денеска најавија протест поради одлуката да им се прекине породилното отсуство и да се вратат на своите работни места. Имено, согласно владината одлука мајките треба да се вратат на работа на 23 септември. Тие барааат да бидат на продолжено породилно отсуство до крајот на годинава, бидејќи децата не им …

Мајките на децата до шест години на протест, Филипче вели со вирусот ќе живееме и во 2021 година Read More »

Се отвора Европската филмска платформа – European Film Factory


Францускиот институт во Скопје информира дека денеска се отвора Европската филмска платформа – European Film Factory. Свеченото отворање ќе биде денеска во 10 часот, на Zoom, а главна цел на овој европски проект е филмска едукација на младите. Проектот е поддржан и од Францускиот институт во Париз, а ќе биде отворен за сите земји ширум …

Се отвора Европската филмска платформа – European Film Factory Read More »

Концерт на Филхармонија со израелската виолончелистка Даниеле Акта


Филхармонија вечер ќе одржи симфониски концерт насловен „Младост, среќа, иднина“. Ќе бидат изведени Симфонијата број 3 од Феликс Менделсон и Концертот за виолончело и оркестар од Роберт Шуман. Диригент е маестро Јерухам Шаровски, а солистика Даниеле Акта, и двајцата од Израел. Маестро Јерухам Шаровски е роден во Буенос Аирес и рано почнал да изучува музика, а …

Концерт на Филхармонија со израелската виолончелистка Даниеле Акта Read More »

Почнува 14. издание на „Скупи Фестивал“


Во Куршумли Ан во скопската чаршија вечер почнува 14-тото издание на „Скупи Фестивал“. Фестивалот завршува на 22 септември 2020. Фестивалот, како што соопштија организаторите, нуди значајни средби со претстави од странство, со што, денес, нуди и поглед во иновативниот театар желен за ризик и прогресивно размислување. Програмата на фестивалот се состои од претстави, каде што …

Почнува 14. издание на „Скупи Фестивал“ Read More »

Сончево, a попладне пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во југозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена. Во Скопје, сончево со …

Сончево, a попладне пороен дожд и грмежи Read More »

Редок метеоролошки феномен над Медитеранот – aко зајакне, на Грција ѝ се заканува ураган


Станува збор за метеоролошката појава медикан, или медитерански ураган, овој пат наречен Касилда Над јужниот дел на Средоземното море се формира потенцијален редок метеоролошки феномен, кој според моменталните сателитски снимки се приближува до Јонското Море. Тоа е метеоролошки систем медикан, или медитерански тропски ураган за сега наречен Касилда. Иако е многу редок, овој метеоролошки феномен …

Редок метеоролошки феномен над Медитеранот – aко зајакне, на Грција ѝ се заканува ураган Read More »

Заев-Ципрас: Договорот од Преспа не е само решение за спорот за името, туку и за долгорочно стратешко партнерство


Премиерот Зоран Заев во рамки на својата дводневна работна посета на Атина, вечерва се сретна со лидерот на опозицијата и претседател на Сириза Алексис Ципрас. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се дискутираше за имплементацијата на Договорот од Преспа кој во 2018 година, кога беше потпишан, направи пресврт во односите меѓу двете земји и ги …

Заев-Ципрас: Договорот од Преспа не е само решение за спорот за името, туку и за долгорочно стратешко партнерство Read More »

Вардар загуби на гостувањето кај Мешков


Европскиот ракометен шампион Вардар доживеа пораз на гостувањето кај Мешков Брест со 24:22 (12:10) во првото коло од новото издание на ракометната Лига на Шампиони. Македонскиот тим одигра одличен натпревар, во последните минути резултатот беше изедначен (22:22) но сепак не успеа да издржи до крај и доживеа пораз. Вујин со шест гола беше најефикасен во …

Вардар загуби на гостувањето кај Мешков Read More »

Треба да се вратиме на работните места, вирусот ќе го има и во 2021 година, вели Филипче


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во однос на почетокот на учебната година, отворањето на градинките и враќањето на работа на родителите,  планот и стратегијата на Комисијата за заразни болести е да не се сконцентрираат повеќе ризик фактори во ист временски период. – Свесни сме дека на почетокот на септември луѓето се враќаат …

Треба да се вратиме на работните места, вирусот ќе го има и во 2021 година, вели Филипче Read More »

Почина 22-годишен маж во фабрика во Куманово


Маж (22) починал во фабрика во Куманово, потврди денеска СВР Куманово. Во 14:40, лекар од итна помош Куманово пријавила во СВР Куманово дека има починато лице во фабрика „11 Октoмври“. Од кумановската полиција соопштија дека станува збор за А.Д. (1998). Увидот на СВР Куманово, јавен обвинител и трудов инспектор сѐ уште трае.

Песков: Путин самиот ќе каже дали и кога ќе прими вакцина


Рускиот претседател Владимир Путин самиот ќе соопшти дали и кога сака да прими вакцина за коронавирус, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. -Самиот ќе информира дали и кога сака да се вакцинира, рече Песков. Руските медиуми потсетуваат дека во август во Русија беше регистрирана првата вакцина против коронавирусот, што беше тестирана врз доброволци беше …

Песков: Путин самиот ќе каже дали и кога ќе прими вакцина Read More »

Димитров очекува поддршка од Грција на европскиот пат


Одлуката за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ е клучна пресвртница и за Северна Македонија и за регионот во 2020 година, а воедно и потврда за посветеноста на Европската Унија кон нејзините геостратешки приоритети. Ова е главната порака што вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ја испрати на средбите со грчкиот министер …

Димитров очекува поддршка од Грција на европскиот пат Read More »

Суспендирани 29 германски полицајци – на Ватсап разменувале слики од Хитлер и кукасти крстови


Во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија се откриени затворени комуникациски групи во кои се разменувале содржини со крајно десничарска тематика, а меѓу нивните членови имало и 29 полицајци, соопштено е денеска во Диселдорф, пренесе Хина. -Ова е срам за полицијата во Северна Рајна-Вестфалија. Не верував дека вакво нешто е можно, изјави министерот за внатрешни работи …

Суспендирани 29 германски полицајци – на Ватсап разменувале слики од Хитлер и кукасти крстови Read More »

Потребни се бестрашни обвинители и судии за да се стави крај на корупцијата


Во свечената сала на Врховниот суд денеска се одржа свечена церемонија за одбележување на почетокот на обуката за слушатели на VII генерација во Академијата за судии и јавни обвинители, каде присуствуваше и министерот за правда, Бојан Маричиќ. Во своето воведно обраќање, министерот Маричиќ истакна дека Академијата за судии и јавни обвинители има обврска да преземе …

Потребни се бестрашни обвинители и судии за да се стави крај на корупцијата Read More »

Истражување: За успешна онлајн настава потребно e адаптирање на учебниците, но и на наставниот процес


Речиси сите учесници, 93,9 отсто, се согласуваат со ставот дека за успешна онлајн настава е потребно целосно или делумно адаптирање на учебниците и речиси сите учесници во истражувањето, 88,9 отсто, се согласни во врска со тоа дека за успешно спроведување на ефикасна онлајн настава треба да се променат вообичаените методи во наставниот процес, покажа истражувањето …

Истражување: За успешна онлајн настава потребно e адаптирање на учебниците, но и на наставниот процес Read More »

РКЕ предлага повеќе лица да добиваат надомест за енергетска сиромаштија


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е ставена на располагање со сиот свој капацитет да биде логистика во процесот на разговори кои синдикатите ќе ги водат со Владата и со соодветни анализи и практики да го аргументира барањето за помош кон најранливите категории граѓани. Ова го посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на …

РКЕ предлага повеќе лица да добиваат надомест за енергетска сиромаштија Read More »