Песков: Путин самиот ќе каже дали и кога ќе прими вакцина

Рускиот претседател Владимир Путин самиот ќе соопшти дали и кога сака да прими вакцина за коронавирус, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Самиот ќе информира дали и кога сака да се вакцинира, рече Песков.

Руските медиуми потсетуваат дека во август во Русија беше регистрирана првата вакцина против коронавирусот, што беше тестирана врз доброволци беше во јуни и јули. Првата серија на вакцината за комерцијална употреба беше пуштена минатата недела.

Вакцината го доби името „Спутник  V“.

Рускиот претседател претходно најави дека втората руска вакцина ќе биде регистрирана во септември.