Заев за МИА од Атина: Мицотакис сака да дојде во Скопје

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис сака да дојде во Скопје, затоа што сака да се потсети на тогашните години 1999-2000 кога бил главен, одговорен на Националната банка на Грција за аквизицијата или купувањето на Стопанска банка – Скопје. Тој има убави спомени од тој период. Нема дојдено од тогаш, открива претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервјуто за МИА, по средбата со неговиот грчки колега.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, македонскиот премиер детално и опширно говори за разговорите со грчкиот државен врв при неговата прва посета на грчката престолнина, открива кои се следните чекори на билатерално ниво, најавувајќи интензивирање на соработката,  а ги коментира и последните случувања во односите со Бугарија.