Вардар загуби на гостувањето кај Мешков


Европскиот ракометен шампион Вардар доживеа пораз на гостувањето кај Мешков Брест со 24:22 (12:10) во првото коло од новото издание на ракометната Лига на Шампиони.

Македонскиот тим одигра одличен натпревар, во последните минути резултатот беше изедначен (22:22) но сепак не успеа да издржи до крај и доживеа пораз.

Вујин со шест гола беше најефикасен во редовите на Вардар, четири погодоци реализираше Дисингер

Вардар во следното 2.коло во „Јане Сандански“ го пречекува Елверум на 24 септември.