Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 1,5 отсто


Последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, но неизвесноста и ризиците од пандемијата предизвикана од Ковид-19 и натаму се присутни, како во глобални, така и во рамки на домашната економија, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На денешната седница на Комитетот е одлучено каматната стапка на благајничките записи да …

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 1,5 отсто Read More »

Осум пати повеќе барања за третата линија бескаматни кредити, серверот преоптоварен


Интересот за третата линија бескаматни кредити наменети за микро и мали компании, трговци поединци и занаетчии е голем. Од Развојната банка денеска информираа дека бројот на пристигнати мејлови ги надминал нивните очекувања и оти интересот е за осум пати со посилен интензитет од Ковид 2 бескаматната кредитна линија. Како што информира директорот на Развојната банка, …

Осум пати повеќе барања за третата линија бескаматни кредити, серверот преоптоварен Read More »

Грција забрани славење Божиќ и Нова година во хотелските ресторани


За Божиќ и Нова година, односно на 24, 25 и 31 декември и на 1 јануари 2021 година, затворени ќе бидат рестораните што функционираат во рамките на хотелите во Грција, а за гостите ќе биде достапна само услуга во соба, соопштија од Генералниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачи од Министерството за развој на …

Грција забрани славење Божиќ и Нова година во хотелските ресторани Read More »

Се олеснува пристапот на граѓаните до гарантирана минимална помош


Овозможување олеснет пристап до правото на гарантирана минимална помош за лицата/домаќинствата во време на вонредни околности – утврдено постоење кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, има за цел Предлог-законот за дополнување на Законот за социјалната заштита кој во скратена постапка во второ читање беше поддржан од собраниската Комисија …

Се олеснува пристапот на граѓаните до гарантирана минимална помош Read More »

Бектеши: Се размислува за дополнителна поддршка на угостителскиот сектор


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека се размислува за дополнителни мерки кои би биле во насока на поддршка на угостителскиот сектор по најновата одлука за скратување на работното време до 18 часот. – Веќе почнуваме да правиме дополнителни анализи колку оваа мерка би траела и дали би имало потреба да се продолжи или …

Бектеши: Се размислува за дополнителна поддршка на угостителскиот сектор Read More »

Стратегијата за даночна реформа 2021-2025: Повисоки приходи, поголема праведност, дигитализација и зелено даночење


Да се обезбеди поголема праведност во оданочувањето, подобра наплата на приходи, даночен систем кој ќе поттикне инвестиции и иновации, а со тоа и економски раст, поголема даночна одговорност (подигнување на свеста за потребата за плаќање даноци), повисока даночна транспарентност, поголем квалитет на услугите, дигитализација и зелено даночење, се приоритети на петгодишната Стратегија за реформа на …

Стратегијата за даночна реформа 2021-2025: Повисоки приходи, поголема праведност, дигитализација и зелено даночење Read More »

Дополнетиот предлог-буџет за 2021 на пленарна седница


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска е закажана пленарна седница на која како прва точка на дневниот ред е ставен Дополнетиот предлог-буџет за 2021 година во второ читање. Седницата е закажана во 13 часот, по седницата на која шефот на државата има годишно обраќање пред пратениците. Во Предлог-буџетот за следната година планиран е раст …

Дополнетиот предлог-буџет за 2021 на пленарна седница Read More »

Јапонската компанија за пневматици „Тојо“ гради фабрика од 382 милиони евра во Србија


Познатиот јапонскки производител на автомобилски гуми, компанијата „Тојо тајрс“ гради фабрика од 382 милиони евра во Србија, јавија медиумите. Извршниот директор на „Тојо тајрс“ (Toyo Tires), Такаши Шимизу, на церемонијата на поставување камен темелник на фабриката за автомобилски гуми во Инџија, соседна Србија, изјави дека изградбата на таа фабрика ќе заврши до април 2022 година. …

Јапонската компанија за пневматици „Тојо“ гради фабрика од 382 милиони евра во Србија Read More »

Индија и Германија со речиси ист број новозарени од Ковид-19


Индија, која има околу 1,3 милијарди жители, и Германија, со 80 милиони жители, денеска соопштија за речиси ист број на новоинфицирани со Ковид-19. Индија објави за 26.355 нови случаи на инфекција со вирусот, а Германија уште повеќе – 27.728. Трет ден по ред, Индија има помалку од 30.000 новоинфицирани, а досега евидентирани се скоро 10 …

Индија и Германија со речиси ист број новозарени од Ковид-19 Read More »

СЗО: Рекордни 4,3 милиони новозаразени во светот за една недела


Во изминатата недела во светот се регистрирани повеќе од 4,3 милиони новопотврдени случаи на Ковид-19, најмногу во текот на една недела од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според податоците на глобалните организации, во светот во периодот од 7 до 13 декември се регистрирани вкупно 4.329.927 нови случаи со коронавирус и 75.038 смртни …

СЗО: Рекордни 4,3 милиони новозаразени во светот за една недела Read More »

Дебата за новиот Закон за градење


Министерството за транспорт и врски денеска организира отворена дискусија за новиот Закон за градење, (проблематика и можни решенија и измени). На дискусијата  ќе се обрати министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. 

Синдикатот на словенечки лекари бара заштита за епидемиолозите


Синдикатот на словенечки лекари ги повика надлежните државни органи да реагираат на заканите и навредите упатени до нивните колеги, епидемиолози и инфектолози, кои се на првата линија во борбата против коронавирусот. „Шокирани сме од заканите и навредите упатени до нашите колеги и оваа ситуација станува сериозна и загрижувачка“, се вели во соопштението на синдикатот на …

Синдикатот на словенечки лекари бара заштита за епидемиолозите Read More »

Во Германија најмногу починати од КОВИД-19 за еден ден – 952 лица


Во Германија во изминатите 24 часа од коронавирус починаа 952 лица, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат последните податоци на институтот „Роберт Кох“. Од почетокот на пандемијата во Германија починаа вкупно 23.427 лица. Бројот на потврдени случаи на коронавирус во земјата се зголеми за 27.728 – на …

Во Германија најмногу починати од КОВИД-19 за еден ден – 952 лица Read More »

Калифорнија ја активираше програмата за „масовни загуби“ 


Калифорнија синоќа ја активираше програмата за помош при „масовни загуби“, која вклучува набавка на 5.000 пластични вреќи за човечки тела и десетици фрижидери за складирање.  Во време кога во државата, како и во целата земја, започнаа првите имунизации од коронавирус, Калифорнија е погодена од бран на Ковид-19 случаи и фаталитети.   Петти ден по ред овде …

Калифорнија ја активираше програмата за „масовни загуби“  Read More »

Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието


Претседателот Стево Пендаровски денеска напладне ќе се обрати пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија. Ова ќе биде второ годишно обраќање на Пендаровски во законодавниот дом откако е избран на оваа функција во мај 2019 година, а прво пред новиот состав на Парламентот. Според член 85 од Уставот Претседателот на Републиката го известува Собранието …

Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието Read More »

Концертна изведба на „Травијата“ во НОБ


Во Националната опера и балет вечер концертно ќе биде изведена Вердиевата „Травијата“. Диригент е Иван Еминовиќ. „Травијата“ концертно ќе биде изведена и на 18 декември. Со врвна солистичка екипа во улогата на Виолета Валери настапуваат Нада Талевска Спасовска (16.12) и Ана Дурловски (18.12), Алфред Жермон е Благој Нацоски, Жорж Жермон е Ристе Велков (16.12) и …

Концертна изведба на „Травијата“ во НОБ Read More »

Ќе празнуваме ли одговорно – од петок до 20 јануари без прослави, собири и групирања


Во периодот од 18 декември до 20 јануари на полнок угостителските објекти да работат до 18 часот наместо како досега до 21 часот, забрани за организирање новогодишни и предновогодишни прослави на отворен и затворен простор, препорака до верските заедници да не повикуваат на масовни групирања за претстојните верски празници, како и препорака до општините и …

Ќе празнуваме ли одговорно – од петок до 20 јануари без прослави, собири и групирања Read More »

Проширувањето на ЕУ повторно на дневен ред – последни обиди да се тргне бугарското вето за Македонија


Во очекување на амбасадорскиот состанок на кој германското претседателство повторно ги враќа заклучоците за проширувањето на ЕУ, вклучително и за Северна Македонија, кои беа отстранети минатата недела поради блокадата на Бугарија за преговорите со Северна Македонија, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева излезе со нови обвинувања против Скопје, а нејзиниот колега Бујар Османи со идеја …

Проширувањето на ЕУ повторно на дневен ред – последни обиди да се тргне бугарското вето за Македонија Read More »

Продолжува судењето за „Титаник“


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник”. Овој судски предмет иако е едно од првите обвиненија поднесени од поранешното СЈО, се уште е во фаза на доказна постапка. Обвинението за „Титаник“ го застапенува обвинителката Лиле Стефанова. Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил …

Продолжува судењето за „Титаник“ Read More »

Промоција на „Сегде божева je хубавина“од Гоце Ристовски


Во НУ библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе биде промовирана книгата „Сегде божева je хубавина“ од македонски писател Гоце Ристовски, објавена со финансиска подршка на Министерството за култура во рамките на годинашнава програма за проекти од национален интерес. За делото ќе говори проф. д-р Трајче Стојанов. – Оваа несекојдневна есеистичка објава, во извесна смисла …

Промоција на „Сегде божева je хубавина“од Гоце Ристовски Read More »