Промоција на „Сегде божева je хубавина“од Гоце Ристовски


Во НУ библиотека „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе биде промовирана книгата „Сегде божева je хубавина“ од македонски писател Гоце Ристовски, објавена со финансиска подршка на Министерството за култура во рамките на годинашнава програма за проекти од национален интерес. За делото ќе говори проф. д-р Трајче Стојанов.

– Оваа несекојдневна есеистичка објава, во извесна смисла на зборот, е продолжение на претходната книга на авторот Ристовски „Дарежливост на бојжата рака“. Во поднасловот е определена со одредницата „есеи за Македонија“. Тргнувајќи од легенди и преданија за одредени локалитети, од докумантарни записи на патеписци кои низ времињата минувале низ овие наши краишта и оставеле пишани траги, од мисли искажани од истакнати светски уметници од разни области, философи и хроничари и црпејќи од актуелни настани и собитија, авторот Гоце Ристовски создава лирски записи, што може да се означат и како псевдо репортажи. Користејќи ја и својата имагинација, надградувајќи ги постојните приказни тој гради четиво кое колку е реално толку се чини и имагинарно, па дури и мистично – налик на делата од тн. магисики реализам. Оттука, делото се темели на авторовата фасцинација од природните убавини на нашата земја, културно историските паметници, богатата нарадна културна традиција но и современото, пред се литературно творештво, се наведува во прилогот за новата книга на Гоце Ристовски.

Промоцијата на „Сегде божева je хубавина“ ќе биде реализрана според здравствените протоколи, со ограничен број на посетители.

Гоце Ристовски е прозен и драмски автор, литературен и театарски критичар, есеист, колумнист, аналитичар, литературен преведувач, универзитетски професор. Негови книги се продаваат на интернет продавници и библиотеки во САД и Европа и се чуваат во еминетни светски би-лиотеки – Библиотеката во Стејт Департментот во САД, Националната библиотека на Франција, Националната библиотека на Полска,, Националната библиотека на Австралија, библиотеката на Универзитетот во Стенфорд и др.