Најмногу дожд во Дебар, најстудено на Шапка


Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 20 литри на метар квадратен, наврнаа во Дебар, а најмалку, два сантиметра, во Демир Капија. Водниот талог е 17 сантиметри во Пожаране, 16 во Маврово, 15 во Тетово, 12 во Крушево, 9 во Охрид, 8 во Прилеп, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка и Струмица, 5 во Скопје-Петровец и …

Најмногу дожд во Дебар, најстудено на Шапка Read More »

Франција ги затвора границите за патници кои не се од ЕУ


Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека од утре Франција ќе ги затвори границите со државите што не се членки на Европската унија. Влез во Франција од земји надвор од блокот на ЕУ ќе биде дозволен само во случај на крајна потреба, а забраната за патување е обид да се ограничи ширењето на новите мутации на …

Франција ги затвора границите за патници кои не се од ЕУ Read More »

ФИТР: Македонија ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади


Како Северна Македонија ќе стане атрактивна дестинација преку Програмата за развој на дигиталното номадство беше темата на која дискутираа: Коста Петров, Директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Себастијан Дијаз Меса, поранешен извршен Директор на Start-Up Chile, Саманта Миките, дигигитален номад од Канада и Нина Николиќ ко-основач на Стартап Македонија. Заклучокот од размената на …

ФИТР: Македонија ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади Read More »

Заканата на глобалната екстремна десница


Загриженоста за екстремистичкото однесување на крајната десница низ целиот свет, што ги зајакна врските за време на мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се интензивираше по нападот на американскиот Капитол, додека некои од екстремната десница протерувањето од социјалните мрежи и крајот на мандатот на Трамп го гледаат како шанса за регрутирање и радикализирање на …

Заканата на глобалната екстремна десница Read More »

ЕУ ограничува извоз на вакцни за Северна Ирска, Лондон изрази сериозна загриженост


Европската унија го ограничи извозот на вакцини против коронавирусот во Северна Ирска, заобиколувајќи делови на протоколот од договорот за Брегзит. Првиот министер на Северна Ирска, Арлин Фостер, ја нарече „неверојатен чин на непријателство“ одлуката на ЕУ да се повика на членот 26 од протоколот, што им овозможува на Велика Британија или ЕУ да преземат еднострани …

ЕУ ограничува извоз на вакцни за Северна Ирска, Лондон изрази сериозна загриженост Read More »

Чешка одлучи да забрани влез во државата за странци


Чешките власти донесоа одлука за забрана за влез на странци кои не доаѓаат поради неопходни причини, со цел да се спречи пандемијата на коронавирусот. Министерството за надворешни работи на Чешка соопшти дека забраната ќе стапи на сила денеска и дека ќе важи за сите земји. Забраната не се однесува на оние кои работат или студираат …

Чешка одлучи да забрани влез во државата за странци Read More »

Угостителите на средба со Битиќи, бараат субенции за плати до крај на ковид кризата


Претставници на угостителите денеска треба да имаат средба со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. На средбата, како што најави Независната угостителска комора (НУК), ќе стане збор за петтиот пакет економски мерки и за поддршката на угостителската индустрија. – Се надеваме дека средбата ќе даде резултати и во рамки на можностите на Владата со новиот …

Угостителите на средба со Битиќи, бараат субенции за плати до крај на ковид кризата Read More »

Здравствената ситуација со Ковид-19 е стабилна, Комисијата за заразни болести препорачува мерките да останат исти


Комисијата за заразни болести вели дека здравствената ситуација со Ковид-19 е стабилна, но ризикот не е намален. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 302 случаи, а Комисијата на вчерашниот состанок остана на ставот дека мерките за заштита од вирусот треба да останат исти. Комисијата за заразни болести препорача работата во државна и јавна …

Здравствената ситуација со Ковид-19 е стабилна, Комисијата за заразни болести препорачува мерките да останат исти Read More »

Претпладне облачно со повремен дожд, попладне претежно сончево


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а долж Повардарието претпладне засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде од 7 до 14 степени. Во …

Претпладне облачно со повремен дожд, попладне претежно сончево Read More »

Патиштата наместа влажни, се препорачува внимателно возење


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на …

Патиштата наместа влажни, се препорачува внимателно возење Read More »

Брнз: Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества


Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества – меѓусебната доверба едни во други и во Владата, вербата во правичност и правична правда и довербата да гради, поттикнува раст и да се унапредува економијата, објави на Фејсбук американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз. Таа во објавата истакнува дека индексот за перцепција за …

Брнз: Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества Read More »

Данска и Шведска во финалето на Светското првенство во ракомет


Репрезентациите на Данска и Шведска ќе играат во финалето на Светското ракометно првенство што се игра во Египет. Вечерва Данците во драматичен финиш ја победија репрезентацијата на Шпанија со 35 спрема 33, додека во првото полуфинале Швеѓаните беа подобри од  Франција со 32:26 (16:13). Двата натпревари ќе се играат в недела.  

Робин Худ трансакциите под лупа на американската Комисија за хартии од вредност


Комисијата за хартии од вредност и тргувања на берзите на САД (СЕК) излезе со соопштение денеска во врска со неконтролираните трансакции неделава со акции на компании како GameStop, AMC Entertainment или Blackberry. -Агенцијата внимателно ги набљудува чекорите преземени од компании кои се под регулација, а кои можат да ги измамат инвеститорите или на друг нaчин да ја спречат …

Робин Худ трансакциите под лупа на американската Комисија за хартии од вредност Read More »

Во 17 турски градови регистриран британскиот вид на коронавирус


Британскиот вид на коронавирус е откриен во 17 градови на Турција, соопшти Министерството за здравство. Мутираниот вирус е еден од факторите за пораст на бројот на заболени во Европа и затоа Турција мора да биде многу внимателна, напиша на Твитер министерот за здравство Фахретин Коџа. – Во нашата земја се потврдени 128 заразени од мутираниот …

Во 17 турски градови регистриран британскиот вид на коронавирус Read More »

Бугарија: Фалсификатор ставил фотографија на Сталоне на лажен пасош за да ги воодушеви клиентите


Бугарските власти соопштија дека разбиле криминален синџир, кој печател фалсификувани пари и документи со висок квалитет. Меѓу документите се наоѓал и лажен пасош со фотографија од глумецот Силвестер Сталоне, кој требало да ги воодушеви потенцијалните клиенти. Обвинети се четворица бугарски државјани дека припаѓале на организирана криминална група, која изготвувала и продавала лажни бугарски документи, евра …

Бугарија: Фалсификатор ставил фотографија на Сталоне на лажен пасош за да ги воодушеви клиентите Read More »

МФ: На крајот на 2020 година јавниот долг во рамки на Мастришкиот критериум


Благо намалување на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал од 2020 година, соопшти Министерството за финансии. Како што наведуваат во соопштението на крајот од 2020 година државниот долг изнесува 51 отсто, што е за 0,5 процентни поени пониско во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг изнесува 59,9 отсто и е за 0,8 …

МФ: На крајот на 2020 година јавниот долг во рамки на Мастришкиот критериум Read More »

„Мапа на вработеност на Западен Балкан“ за следење на последиците од Ковид-19


Советот за регионална соработка (РЦЦ) од денеска има „Мапа за вработеност на Западен Балкан“, на која се следат последиците од пандемијата на коронавирус на пазарите на труд во регионот. Мапата покажува дека на почетокот на кризата, во март 2020 година, бројот на пријавени невработени на Западен Балкан изнесувал 1,22 милиони и до ноември е зголемен …

„Мапа на вработеност на Западен Балкан“ за следење на последиците од Ковид-19 Read More »

Почина легендарната Селма од една од најубавите балади на Бијело дугме


Селма Бориќ од песната на Бијело дугме „Селма“, почина на 92-годишна возраст, потврди Жељко Бебек за Аваз   Зеничанката Селма Бориќ, која е опеана во безвременската рок балада на Бијело Дугме, почина на 92-годишна возраст, јави Дневни аваз. Веста ја потврди долгогодишниот пријател на Селма и поранешен фронтмен на култниот бенд, Жељко Бебек. „Ова утро …

Почина легендарната Селма од една од најубавите балади на Бијело дугме Read More »

Намалени просечните каматни стапки и на кредитите и на депозитите


Просечната камата кај кредитите во декември изнесува 4,63 отсто и забележува намалување од 0,05 отсто на месечно ниво и 0,31 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Според податоците намалување на просечната камата е забележано и кај депозитите од 0,01 отсто на месечно ниво и 0,31 отсто на годиношно ниво. Во декември …

Намалени просечните каматни стапки и на кредитите и на депозитите Read More »

Бочварски: Предвидена е изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово


Оваа година започнуваме со постапка за изработка на физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Тетово. Тој, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи остварија средба со градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи, на …

Бочварски: Предвидена е изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово Read More »