На инфективните оддели има 1.699 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа 67 хоспитализирани


На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1699 пациенти со Ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 67 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 686 лица сомнителни и …

На инфективните оддели има 1.699 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа 67 хоспитализирани Read More »

Берзата привремено го прекина тргувањето со акциите на „Реплек“, чека да ги објави одлуките на акционерите


Македонската берза привремено го прекина тргувањето со акциите на Реплек АД Скопје. Како што се вели во соопшението на Берзата тоа е направено во очекување друштвото да објави одлуки од собранието на акционери.  Претходно, повеќе медиуми jавија дека со одлука на мнозинство акционери на оваа фармацевтска компанија биле резрешени Управниот и Надзорниот одбор на чело …

Берзата привремено го прекина тргувањето со акциите на „Реплек“, чека да ги објави одлуките на акционерите Read More »

ММФ: БиХ ќе има големи економски штети поради проблемот со вакцинацијата


Неуспехот на властите во Босна и Херцеговина да обезбедат навремена и масовна вакцинација на населението против коронавирусот ќе има значителни последици не само за здравјето, туку и за економијата, чие очекувано закрепнување сега е доведено во прашање, проценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Коментирајќи ја ситуацијата во БиХ, шефот на канцеларијата на оваа монетарна организација во …

ММФ: БиХ ќе има големи економски штети поради проблемот со вакцинацијата Read More »

Ден на македонските железничари


На 9 април 1873 година е воспоставен железничкиот систем во државава со пристигнувањето на првиот воз од Солун на станицата во Велес и овој датум се одбележува како Ден на работниците во Македонската Железница. Директорот на ЖРСМ Транспорт Аднан Азизи во пишана изјава денеска упати честитки до вработените во Железницата истакнувајќи дека и во време …

Ден на македонските железничари Read More »

(Видео): Прес-конференција на Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на ТИРЗ


Проследете ја прес-конференција на директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски на која ги презентира деталите од анализата за економските активности во ТИР зоните во 2020 година.

АСО: Осигурениците лани во полиси за покривање различни ризици вложиле 163,7 милиони евра


Граѓани, компании и институции од пријавени штети лани наплатиле четири милијарди денари (65,1 милиони евра) што е на исто ниво како и во 2019 година. Од тоа за штети по полиси за неживотно осигурување компаниите на осигурениците исплатиле 3,57 милијарди денари (58 милиони евра).  Исплатите на штети по основ на осигурување живот изнесуваат 436,9 милиони …

АСО: Осигурениците лани во полиси за покривање различни ризици вложиле 163,7 милиони евра Read More »

Кои ќе бидат најголеми добитници во новата дистрибуција на специјалните права за влечење на ММФ?


Министрите за финансии на 20-те водечки економии се подготвуваат да поддржат нова распределба на специјални права за влечење (СДР) од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за да им помогне на сиромашните земји да ги ублажат ефектите од пандемијата. Министрите од Г-20 ќе одобрат нова распределба на СДР на ММФ во вредност од 650 милијарди …

Кои ќе бидат најголеми добитници во новата дистрибуција на специјалните права за влечење на ММФ? Read More »

Уапсен осомничениот за убиството на британскиот мултимилионер Сатон


Еден од најбогатите Британци, Сер Ричард Лексингтон Сатон (83) е пронајден мртов во својот дом во округот Дорсет со убодни рани по телото. Неговата сопруга е пронајдена повредена и лекарите се борат за нејзиниот живот, јавија британските медиуми. Убиството се случило во средата навечер, а како што јавува утрово „Сан“, неколку часа подоцна, полицијата почнала …

Уапсен осомничениот за убиството на британскиот мултимилионер Сатон Read More »

САД разговараат со сојузниците за прераспоредувањето на руски трупи во близина на Украина


Белата куќа синоќа соопшти дека САД се загрижени поради ескалацијата на агресија во Украина. Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки изјави дека Вашингтон разговара за движењето на руските сили во близина на Украина со земјите-членки на НАТО. – Русија сега има повеќе трупи на границата со Украина од кој било друг период од 2014 година, …

САД разговараат со сојузниците за прераспоредувањето на руски трупи во близина на Украина Read More »

На едно семејство месечно му се потребни најмалку 33.772 денари


Речиси 42 проценти од неопходните расходи се за храна и пијалоци, а 32 отсто за подмирување на режиските трошоци   За 122 денари се зголемиле основните трошоци на едно четиричлено семејство во март во однос на јануари, а за 70 денари во однос на февруари, покажуваат најновите податоци на синдикалната кошничка што ја изработува Сојузот …

На едно семејство месечно му се потребни најмалку 33.772 денари Read More »

Милиони корисници со проблеми при пристапувањето кон мрежите Фејсбук и Инстаграм


Фејсбук и Инстаграм не работеа синоќа, а утрово, корисници во дел од светот соопштија дека не можат да ги користат овие социјални мрежи, пренесува хрватски Индекс. Причината за паѓањето на социјалните мрежи сè уште не е позната. Твитер функционираше непречено. Проблемите започнаа нешто по 23 часот, кога падна страната на Фејсбук за голем број корисници. …

Милиони корисници со проблеми при пристапувањето кон мрежите Фејсбук и Инстаграм Read More »

Јапонски практики за подобри деловни резултати


Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија (АППРСМ) објави нов Јавен повик за спроведување стандардизирани менторски услуги за мали и средни претпријатија. Повикот е отворен до 29 април 2021 година, а право на учество имаат мали и средни претпријатија регистрирани на територијата на Република Северна Македонија со доминантно домашен капитал и измирени јавни …

Јапонски практики за подобри деловни резултати Read More »

Ќе бидат покриени дел од загубените приходи на фирмите кои се затворени овие две недели, најавија од Владата


Сите економски оператори кои со одлука на Владата ќе бидат затворени овие две недели заради третиот бран на коронакризата ќе бидат опфатени со нови мерки. Од економскиот тим на Владата порачуваат дека во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, а за сите настанати штети во економијата како и досега државата ќе …

Ќе бидат покриени дел од загубените приходи на фирмите кои се затворени овие две недели, најавија од Владата Read More »

Светските цени на храната се зголемуваат десет месеци по ред


Десетти месец по ред цените на храната на глобалните пазари продолжуваат да се зголемуваат и најголем раст има кај млечните производи, месото и растителните масла, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Индексот на цените на храната ФАО, кој ги следи месечните промени во квотите на пет основни прехранбени производи – растителни …

Светските цени на храната се зголемуваат десет месеци по ред Read More »

Папата Франциско ги повика ММФ и Светска банка да го намалат должничкиот товар за сиромашните земји


Папата Франциско ги повика шефовите на светските финансиски институции да го намалат должничкиот товар за сиромашните земји погодени од пандемијата на коронавирусот и да им дадат поголема улога во донесувањето глобални одлуки. Во писмото до учесниците на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка, Папата напиша дека пандемијата го принуди светот да …

Папата Франциско ги повика ММФ и Светска банка да го намалат должничкиот товар за сиромашните земји Read More »

Прво широка дебата, па спроведување на даночна реформа, вели Бесими


Однапред дефинирана агенда за даночна реформа нема, туку отворено се разговара кој ќе биде најсоодветниот модел за нашата економија, вели минисерот за финансии Фатмир Бесими, кој додава дека во текот на оваа година ќе има дебата и анализа за се она што е однеусва во однос на даноците. Тој посочи дека денеска во Министерството за …

Прво широка дебата, па спроведување на даночна реформа, вели Бесими Read More »

Изградбата на мали електрани да се темели на стручни анализи, велат од Групацијата на обновливи извори на енергија


Дали да се градат мали хидроелектрани во заштитени подрачја и национални паркови – одговорот на ова прашање не може да биде едноставен, особено ако се земе предвид дека вакви примери постојат во европските земји. Но, таму за секој проект се прави анализа на влијанието, се оценува влијанието врз локацијата и не се оди со ад-хок …

Изградбата на мали електрани да се темели на стручни анализи, велат од Групацијата на обновливи извори на енергија Read More »

Компаниите ќе можат до 15 април да аплицираат за поддршка на платите за февруари и март


Веќе почнаа да се гласа за законите од четвртиот и од петтиот сет на економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните од пандемијата со коронавирусот, а со амандманско решение на компаниите им се дава можност до 15 април да аплицираат за мерката за поддршка на платите на вработените за февруари и за март, најави …

Компаниите ќе можат до 15 април да аплицираат за поддршка на платите за февруари и март Read More »

Филипче: Со АстраЗенека нема да се вакцинираат помлади од 60 години


Вакцината на АстраЗенека во земјава нема да се препорачува на лица под 60 години. За оние кои се вакцинираа во Србија изминатите недели, за втората доза ќе се чекаат нови препораки или ќе се вакцинираат со други вакцини, изјави министерот за здравство Венко Филипче. „По евалуацијата на сите несакани ефекти во форма на тромботични ефекти …

Филипче: Со АстраЗенека нема да се вакцинираат помлади од 60 години Read More »

Шаќири: Во јавниот сектор работат 131.183 лица, за една година бројот на вработени намален за 1.717 лица


Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2020 година изнесува 131.183 лица. Тие својот работен ангажман го реализираат во 1.332 институции. Од вкупниот број, 19.594 лица биле вработени во Армијата, МВР, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и во Управата за финансиска полиција. Освен како бројка за овие вработени лица во …

Шаќири: Во јавниот сектор работат 131.183 лица, за една година бројот на вработени намален за 1.717 лица Read More »