Дебата во време на пандемија: Дали музеите треба да продаваат скапоцени дела


Американските музеи погодени од пандемијата продаваат слики за да ги надминат разликите во приходите, при што некои одат подалеку и ги користат средствата за збогатување на колекциите, но критичарите велат дека со продажбата се врши предавство на институциите за зачувување на уметнички дела за јавноста. Музеите во САД имаат можност да продаваат дела, познато и …

Дебата во време на пандемија: Дали музеите треба да продаваат скапоцени дела Read More »

Интерпол приведе 195 осомничени за трговија со луѓе


Интерпол соопшти дека се уапсени 195 лица осомничени за трговија со луѓе во Африка и Европа и дека откритието на мрежата утврдило дека има околу 500 лица, жртви. Операцијата изведена од 28 март до 2 април, била спроведена во 24 земји на два континента, соопшти Интерпол. Меѓу тие држави се Кенија, Судан, Демократска Република Конго, …

Интерпол приведе 195 осомничени за трговија со луѓе Read More »

„Фајзер“ и „Бионтех“ бараат од американските власти одобрување за користење на нивната вакцина против Ковид-19 на деца на возраст од 12 до 15 години


Фармацевтската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтех соопштија дека побарале од Управата за храна и лекови на САД да ја прошират употребата на нивната вакцина против Ковид-19 на адолесценти на возраст од 12 до 15 години по итна постапка. Вакцината во моментов е одобрена во САД за лица постари од 16 години, а компаниите …

„Фајзер“ и „Бионтех“ бараат од американските власти одобрување за користење на нивната вакцина против Ковид-19 на деца на возраст од 12 до 15 години Read More »

За еден ден во светот нови повеќе од 718 илјади новозаразени со Ковид-19


Повеќе од 718.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во светот во вчерашниот ден, од кои 35 отсто се потврдени во Европа, соопшти Светската здравствена организација во дневен извештај. Во тој период, повеќе од 12.000 луѓе починале како резултат на вирусот. Според официјалните податоци на СЗО, досега во светот се регистрирани 133,5 милиони заразени и …

За еден ден во светот нови повеќе од 718 илјади новозаразени со Ковид-19 Read More »

Вакцинацијата продолжува со приоритетните групи, Филипче апелира за масовно пријавување


Идната недела се очекува да заврши вакцинацијата на останатите приоритетни групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата. Во најголемиот пункт, салата „Борис Трајковски“, од понеделникот со вакцини „Спутник“ се имунизираат припадници на војската и полицијата, здравствени работници, наставници од прво до трето одделение и воспитувачи во градинките. Следната недела …

Вакцинацијата продолжува со приоритетните групи, Филипче апелира за масовно пријавување Read More »

Пикот е зад нас, мерките да се почитуваат и да се остане дома за празниците


Мерките против ширењето КОВИД кои се избалансирани и димензионирани согласно бројките и проценетиот ризик, дадоа резултат, пикот е зад нас, ситуацијата се стабилизира, но мора да останеме максимално внимателни, да носиме маски и да држиме физичка дистанца. Особено е важно за претстојните празници да нема групирања во верските објекти и да се остане дома за …

Пикот е зад нас, мерките да се почитуваат и да се остане дома за празниците Read More »

Утрото сo минусни температури, преку ден до 19 степени


Времето утрово е студено, од -6 до 2 степена, а преку ден се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, слаб претежно јужен ветер и температура од 12 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а …

Утрото сo минусни температури, преку ден до 19 степени Read More »

Форбс: Ова се најмладите милијардери во светот


Добро е да се биде Кевин Дејвид Лиман (Kevin David Lehmann). Осумнаесетгодишниот Лиман вреди 3,3 милијарди долари откако ги наследи акциите во германскиот синџир дрогерии „Dm-drogerie markt“ од неговиот татко Гунтер Лиман. Ова го покажа 35-тата годишна листа на милијардери на Форбс, која беше објавена на 6 април. „Dm-drogerie markt“, изворот на богатството на Лиман, …

Форбс: Ова се најмладите милијардери во светот Read More »

Приземјени авиони на Боинг 737 MAX поради проблем со електричниот систем


Авиокомпаниите кои имаат 737 авиони MAX во својата флота ќе мора повторно да ги приземјат, откако производителот на тие авиони, Боинг, денеска соопшти за нов проблем – овојпат со електричниот систем. „Боинг“ извести 16 клиенти да решат потенцијален проблем со електричната инсталација во одредена група од авиони 737 MAX пред да продолжат со летови, соопшти …

Приземјени авиони на Боинг 737 MAX поради проблем со електричниот систем Read More »

Занаетчиите ја чекаат поддршката за плати, голем дел не можат да аплицираат за бескаматните кредити на Развојната банка


Со драстичен пад на побарувачката и финансиски проблеми, се соочуваат македонските занаетчии. Во услови на КОВИД-криза, како што наведуваат, се трудат да го одржат бизнисот ликвиден и да ги исплатат тековните трошоци: закуп, сметки за струја, вода, плати,… Според петседателот на Занаетчиската комора Скопје, Горан Ристовски, КОВИД-кризата го доведува во прашање опстанокот на секторот доколку …

Занаетчиите ја чекаат поддршката за плати, голем дел не можат да аплицираат за бескаматните кредити на Развојната банка Read More »

Продолжи тргувањето со акциите на Реплек, акционерите допрва ќе расправаат за работата на УО


Македонската берза продолжи тргувањето со акциите на „Реплек“, откако компанијата ги достави одлуките од одржаното акционерско собрание.  „Во врска со привремениот прекин на тргување со акциите на Реплек АД Скопје, Ве известуваме дека издавачот изврши објава на одлуките од собранието на акционери преку СЕИ-НЕТ, после што продолжи тргувањето со обичните акции издадени од Реплек АД …

Продолжи тргувањето со акциите на Реплек, акционерите допрва ќе расправаат за работата на УО Read More »

Избор на изведувач за првите две делници од пругата кон Бугарија до крајот на јуни или почетокот на јули


Следната недела се очекува да почне втората фаза од тендерот за избор на изведувач на работите на првите две делници од пругата кон Бугарија, по што на крајот на јуни или почетокот на јули би се направил изборот, за работите да стартуваат во август. Се очекува одобрување на евалуацискиот извештај од Европската банка за обнова …

Избор на изведувач за првите две делници од пругата кон Бугарија до крајот на јуни или почетокот на јули Read More »

КСС на 15 април излегува на предупредувачки протест пред Владата


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најавува предупредувачки протест на 15 април незадоволна од актуелната ситуација во државата во однос на работничките права. Одлуката за протестот е донесена на највисокиот орган на синдикатот на 7 април. Протестот ќе почне од булеварот Гоце Делчев спроти Македонска телевизија, преку Собранието, a ќе заврши пред Владата. Претседателот на КСС …

КСС на 15 април излегува на предупредувачки протест пред Владата Read More »

Како работеле лани компаниите во ТИРЗ: уплатиле 30 милиони евра повеќе во Буџетот, отколку што добиле државна помош


Компаниите во технолошко-индустриските-развојни зони (ТИРЗ) лани имале позитивни економски резултати, стабилен број на вработени и раст на платите од 2 отсто, како и зголемена уплата во државниот буџет, покажува првичната годишна анализа за 2020 година на ТИРЗ. Како што оцени денес на прес-конфереција Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, податоците во анализата укажуваат дека трендот на …

Како работеле лани компаниите во ТИРЗ: уплатиле 30 милиони евра повеќе во Буџетот, отколку што добиле државна помош Read More »

Бесими – Бјерде: Заздравување на економскиот раст преку „План за финансирање на економско заздравување и забрзан раст“


Во рамки на  Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, министерот за финансии Фатмир Бесими присуствуваше на состанок со Ана Бјерде, потпретседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија и регионалниот директор на Светската банка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер. На средбата, Бесими посочи дека Министерството за финансии работи на План …

Бесими – Бјерде: Заздравување на економскиот раст преку „План за финансирање на економско заздравување и забрзан раст“ Read More »

Изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се реализира со добра динамика, оценија Битиќи, Николовски и Бочварски


Изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се реализира со добра динамика, оценија денес вицепремиерите Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски и министерот Благој Бочварски кои денеска извршија увид во градежните активности во близина на селото Т’лминци. Министерот Бочварски нагласи дека се работни за многу значајна патна артерија во североисточниот дел од земјава на Коридорот 8. Вкупната инвестиција …

Изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се реализира со добра динамика, оценија Битиќи, Николовски и Бочварски Read More »

Захарова: Членството во НАТО може да доведе до неповратни последици по државноста на Украина


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави деkа членството на Украина во НАТО ќе доведе до голема ескалација на состојбата во Донбас. – Посветивме внимание на изјавата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој вчера беше во Донбас, за тоа како членството на земјата во НАТО би довело до завршување на …

Захарова: Членството во НАТО може да доведе до неповратни последици по државноста на Украина Read More »

Секоја година, 5.200 тони вселенски прав паѓаат на Земјата


Веќе некое време луѓето знаат дека вселенска прашина постојано паѓа на Земјата, но со оглед на нејзината микроскопска големина, беше тешко точно да се утврди – во кои количини? Имено, честичките на тн. „вселенски прав“ (микрометеорити) не се поголеми од милиметар и потекнуваат од астероиди и комети. Меѓународен тим научници, по две десетлетија собирање и …

Секоја година, 5.200 тони вселенски прав паѓаат на Земјата Read More »

Еврокомесар: До средината на јули ќе бидат обезбедени вакцини за 70 отсто од граѓаните на ЕУ


Европската унија до средината на јули ќе добие 470 милиони дози вакцини против коронавирусот, со што ќе ја постигне целта за вакцинација, очекува еврокомесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон. – До средината на јули ќе имаме доволно дози за да можеме целосно да имунизираме 70 отсто од граѓаните на ЕУ, истакна Бретон за …

Еврокомесар: До средината на јули ќе бидат обезбедени вакцини за 70 отсто од граѓаните на ЕУ Read More »

Антикорупционерите откриле сомнителни случаи на перење пари и злоупотреба на лични податоци од страна на обложувалници


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) правејќи проверки на имотно-правна состојба на избрани и именувани функционери и вистинитоста на доставените податоци, открила злоупотреба на лични податоци и сомнежи за перење пари од страна на обложувалници. – Заради надминување на ова и проверка предлагам како ДКСК да побараме итно да се направи антикорупциска проверка на …

Антикорупционерите откриле сомнителни случаи на перење пари и злоупотреба на лични податоци од страна на обложувалници Read More »