Покетино: Понекогаш треба да имате среќа 


Тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино оцени дека неговите фудбалери одиграле синоќа добар натпревар во реваншот во Манчестер и покрај поразот од 2:0 со што францускиот првак остана без пласман во финалето во Лигата на шампиони (ЛШ). – Игравме како што се договоривме. Почнавме добро, доминиравме, создававме шанси, а малку екипи можат да доминираат против Манчестер сити. Понекогаш треба да …

Покетино: Понекогаш треба да имате среќа  Read More »

Творецот на Етереум, 27-годишниот Виталик Бутерин, сега е милијардер


Виталик Бутерин, 27-годишен руско-канадски програмер, го создаде етереум во 2013 година кога имал 19 години. Крипто валутата беше промовирана во 2015 година, а сега Бутерин држи околу 333.500 етери во својот јавен паричник. Помножете го тоа со рекордно високатавредност на етер од 3.500 американски долари во вторникот, и ќе добиете повеќе од 1,1 милијарди долари. …

Творецот на Етереум, 27-годишниот Виталик Бутерин, сега е милијардер Read More »

Најавено продолжение на три собраниски седници


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да се одржат продолженија на три собраниски седници – 30-та, 34-та и 39-та. За дел од точките на дневниот ред на седниците е завршена расправата така што се очекува денеска пратениците да гласаат за околу четириресетина закони. На дневен ред на 30-та седница се предлог на закон …

Најавено продолжение на три собраниски седници Read More »

Дерек Шовин, осуден за убиството на Џорџ Флојд, побара ново судење


Поранешниот полицаец во Минеаполис, Дерек Шовин, осуден за убиството на Џорџ Флојд, што предизвика масовни протести против расизмот, побара ново судење во вторникот. Адвокатот на Шовин, Ерик Нелсон тврди дека судењето не било фер и дека имало голем број судски грешки и дека пресудата е спротивна на законот. На 20 април, по тринеделно судење, Шовин …

Дерек Шовин, осуден за убиството на Џорџ Флојд, побара ново судење Read More »

Словенците во банките чуваат 23 милијарди евра, за време на пандемијата заштедите поголеми за 2 милијарди евра


Средствата на словенечките домаќинства на депозитни сметки во банките се зголемија за над две милијарди евра на рекордни 23 милијарди евра во пандемиската 2020 година во споредба со претходната година, објави Банката на Словенија. Овој раст се припишува на мерките на пазарот на трудот преземени за време на пандемијата, кои овозможија зголемување на платите, но …

Словенците во банките чуваат 23 милијарди евра, за време на пандемијата заштедите поголеми за 2 милијарди евра Read More »

Бајден: Вакцинација на 70 отсто од возрасната популација во САД до 4 јули


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека негов нов приоритет е 70 проценти од возрасната популација во САД да примат барем една доза од вакцината против коронавирус до 4 јули, кога САД го слават Денот на независноста. Во исто време, Бајден ги повика младите на возраст од 20-30 години да се вакцинираат. – Ќе гарантираме дека …

Бајден: Вакцинација на 70 отсто од возрасната популација во САД до 4 јули Read More »

Изјавата на Џенет Јелен го собори Вол Стрит, Насдак потона два проценти


Американскиот пазар на капитал вчера беше обележан со негативен сентимент за што првенствено може да се посочи кон Џенет Јелен. Американската министерка за финансии Џенет Јелен призна дека можеби ќе биде потребно извесно зголемување на каматните стапки на централната банка за да се контролира експлозивниот раст на американската економија, што делумно е предизвикано од трошењето …

Изјавата на Џенет Јелен го собори Вол Стрит, Насдак потона два проценти Read More »

Негативните камати ги носат Германците да инвестираат на берзите


Седумдесет годишниот Михаел Шахт е типичен германски штедач. Тој е човек кој не сака да презема големи ризици, сопственик на продавница за облека кој во банка има 300 илјади долари во мал град близу Хамбург. Претходно оваа година, банката му соопшти дека веќе ќе треба да плаќа 0,5 отсто негативна камата за депозитот, наместо да …

Негативните камати ги носат Германците да инвестираат на берзите Read More »

Промоција на електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира чествување по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Ќе биде промовирано електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик, дело на 21 автор. Електронското издание на Толковниот речник ќе може …

Промоција на електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик Read More »

Бајден би сакал да се сретне со Путин


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека би сакал да оствари средба со рускиот колега Владимир Путин во јуни за време на своето патување во Европа. – Тоа е моја надеж и очекување. Работиме на тоа, истакна Бајден пред новинарите по говорот за американската борба против коронавирусот. Тој планира да присуствува на самитот на Г7 во …

Бајден би сакал да се сретне со Путин Read More »

Доналд Трамп отвори своја интернет платформа


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп отвори своја интернет платформа каде ќе може да поставува пораки кои другите ќе можат да ги споделуваат на Твитер и на Фејсбук, каде неговите налози се суспендирани. Налозите на Трамп на Твитер и на Фејсбук се суспендирани по инцидентите во Капитол, а тој најави дека ќе покрене сопствена интернет платформа. …

Доналд Трамп отвори своја интернет платформа Read More »

„Тајмс“: Секој над 50 години во Британија ќе има можност за имунизирање со трета вакцина против Ковид-19 наесен


Секој на возраст над 50 години во Велика Британија ќе добие можност да биде имунизиран наесен со трета доза вакцина против Ковид-19 за целосно искоренување на заканата од инфекција до Божик, објави „Тајмс“. Во моментов се истражуваат две опции, под раководство на главниот здравствен инспектор, Крис Вити, се вели во написот. Првата вклучува вакцини специјално …

„Тајмс“: Секој над 50 години во Британија ќе има можност за имунизирање со трета вакцина против Ковид-19 наесен Read More »

Од денеска полициски час од 23 до 5 часот, угостителските објекти ќе бидат отворени до 22:30 часот


По препорака на Комисијата за заразни болести, поради стивнувањето на епидемијата во земјава, Владата донесе одлука наместо од 21:00 часот, полицискиот час од денеска да започнува од 23:00, а ќе трае до 05:00 часот. На вчерашната седница Владата донесе одлука и за измена на работно време на угостителските објекти, односно од денеска тие ќе бидат …

Од денеска полициски час од 23 до 5 часот, угостителските објекти ќе бидат отворени до 22:30 часот Read More »

Онлајн дебата #ВозможноЕ на тема „Предизвиците и добрите практики за справување со климатските ризици“


Онлајн дебата #ВозможноЕ ќе се одржи денеска во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски промени. Тема на дискусијата е предизвиците и добрите практики за справување со климатски екстреми и ризици. Целта е преку дискусија на претставници на различни општествени чинители да се …

Онлајн дебата #ВозможноЕ на тема „Предизвиците и добрите практики за справување со климатските ризици“ Read More »

Облачно, ветровито и топло до 26 степени


Времето денеска ќе биде умерено, повремено значително облачно. Во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. Во …

Облачно, ветровито и топло до 26 степени Read More »

Драги: Туризмот во Италија ќе започне во средината на мај


Италијанскиот премиер Марио Драги денеска рече дека очекува туризмот во Италија да продолжи кон средината на мај, кога земјата се отвора за меѓурегионални патувања. Говорејќи на крајот од состанокот на министрите за туризам од групата 20 најбогати нации, Драги рече дека системот за здравствени пасоши на Европската унија ќе биде подготвен и во оптек до …

Драги: Туризмот во Италија ќе започне во средината на мај Read More »

Средба Бектеши – Домбровскис: Потребна е реформа кон отворена трговија за да се вратат растот и вработеноста по Ковид-19


Трговијата во целост треба да се движи во чекор со развојот на настаните во глобалната економија, а неопходна е и реформа кон отворена трговија за да се врати растот и вработеноста во пост Ковид-19 периодот, порачаа министерот за економија Крешник Бектеши и извршниот потпретседател на Европската комисија и еврокомесар за трговија, Владис Домбровскис по денешната …

Средба Бектеши – Домбровскис: Потребна е реформа кон отворена трговија за да се вратат растот и вработеноста по Ковид-19 Read More »

Во индустријата во првиот квартал имало 3,5 отсто помалку вработени од лани


За три отсто е намален бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на истиот месец лани, а во првите три месеци од 2021 година е помал за 3,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење …

Во индустријата во првиот квартал имало 3,5 отсто помалку вработени од лани Read More »

УЕФА одлучи: Репрезентациите на Евро 2020 со по 26 играчи


Европската фудбалска федерација донесе одлука репрезентациите учесници на претстојното Европско првенство наместо 23 да однесат 26 играчи. – Со цел да се намалат ризиците на тимовите кои се соочуваат со недостиг на достапни играчи поради можни позитивни резултати од тестовите КОВИД-19 и следните мерки за карантин пропишани од надлежните органи, беше донесено одлука, да се …

УЕФА одлучи: Репрезентациите на Евро 2020 со по 26 играчи Read More »

Арбитражата полека станува пракса, се решаваат и трговски спорови од 100.000 евра


Најголемиот број арбитражни постапки за трговските спорови поведени во изминатите пет години се однесувале на предмети од 10.000 до 50.000 евра, но со арбитража се решаваат и предмети вредни од 50.000 до 100.000 евра. Како што велат од Стопанската комора, арбитражната практика полека станува пракса. Компаниите се повеќе сфаќаат дека многу побрзо, но и поевтино …

Арбитражата полека станува пракса, се решаваат и трговски спорови од 100.000 евра Read More »