Топлотниот бран виновен за масовното угинување школки во Канада


Силниот топлотен бран, којшто минатата недела ја зафати Британска Колумбија, е тоа што го предизвикало масовното угинување на школки и други морски животни кои живеат на брегот на западна Канада. Кристофер Харли, професор на Одделот за зоологија при Универзитетот на Британска Колумбија, откри безброј угинати школки – отворени и скапани, на плажата Кикалано, што е …

Топлотниот бран виновен за масовното угинување школки во Канада Read More »

Анкета: Премиерот Пленковиќ со најниски оценки


На врвот на листата на најнегативно оценети хрватски политичари се наоѓа премиерот Андреј Пленковиќ, а претседателот на Парламентот Гордан Јандроковиќ е меѓу првите тројца, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од „Промоција плус“. Анкетата покажала пораст на популарноста на новиот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ и политичката платформа Можеме, пад на рејтингот на претседателот Зоран Милановиќ …

Анкета: Премиерот Пленковиќ со најниски оценки Read More »

Масовни протести на Куба, најголеми во последните неколку децении


Илјадници Кубанци вчера излегоа на улиците низ целата земја и извикувајќи „слобода“ побараа оставка од претседателот Мигел Дијаз-Канел. Според светските агенции, ова се „најголемите антивладини протести во комунистичката земја во последните неколку децении“. Протестите избувнаа во екот на најтешката економска криза од распадот на Советскиот Сојуз, поранешен сојузник на Куба, но и рекорден број заразени …

Масовни протести на Куба, најголеми во последните неколку децении Read More »

Донарума прогласен за најдобар играч на ЕВРО 2020


Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар играч на ЕВРО 2020. Наградата на 22-годишникот му ја врачи претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин. На последниот натпревар против Англија, Донарума ги одбрани двата последни удари во пенал-серијата и е најзаслужен за освоениот трофеј на неговата репрезентација. Донарума излезе како победник од сите пет …

Донарума прогласен за најдобар играч на ЕВРО 2020 Read More »

Кејн: Пораз кој ќе боли до крајот кариерата


 Англискиот напаѓач Хари Кејн проговори за своите чувства по синоќешниот поразот од Италија во финалето на ЕВРО 2020. – Имаме на што да се гордееме по сето она што го постигнавме. Сите сме победници. Сите сакавме да го добиеме финалето, па, најверојатно, сега нашите души ќе болат некое време. Одгласите на болката ќе се чувствуваат …

Кејн: Пораз кој ќе боли до крајот кариерата Read More »

Бугарија/Избори: Високообразованите гласаат најмногу за ГЕРБ и за ДБ, младите за „Има таков народ“


Како се распределуваат партиските гласачи на изборите за парламент во Бугарија по пол, возраст, локација и образование, тоа е дел од анализа на Галуп објавена од Бугарската национална телевизија. ГЕРБ, „Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“ (ИТН) практично спорат за поддршка на најобразованите луѓе во Бугарија. Луѓето со средно образование, кои се и најголемиот дел …

Бугарија/Избори: Високообразованите гласаат најмногу за ГЕРБ и за ДБ, младите за „Има таков народ“ Read More »

Словенците на референдум одбија да се гради покрај море, реки и езера


Словенците со убедливо мнозинство ги отфрлија измените на Законот за води, покажуваат прелиминарните резултати по вчерашниот референдум, за што се смета дека ќе биде удар за десничарската Влада. Резултатите, по скоро сите преброени гласови, покажуваат дека 86,5 проценти од луѓето гласале против амандманите одобрени од Владата на премиерот Јанез Јанша во март, за кои екологистите велат дека …

Словенците на референдум одбија да се гради покрај море, реки и езера Read More »

САД загрижени поради талибанците во Авганистан


САД со голема загриженост гледаат како талибанските бунтовници ја преземаат контролата врз се поголема територија во Авганистан, додека американските сили се повлекуваат и се враќаат дома по наредбите издадени од претседателот Џозеф Бајден, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби. – Време е авганистанските владини сили да вложат дополнителен напор и да ја одбранат својата земја. Ова е …

САД загрижени поради талибанците во Авганистан Read More »

По изборите во Бугарија, македонската страна очекува функционални институции, Радев вели нема промена во политиката кон Скопје


Во Бугарија завршија вонредните парламентарни избори. Македонската страна очекува да се формира функционален парламент и политичка влада за да продолжат разговорите за отстранување на ветото за почеток на преговорите со ЕУ, додека бугарскиот претседател Румен Радев вчера порача дека резултатот од изборите нема да го смени односот на Бугарија и дека раководството во Северна Македонија …

По изборите во Бугарија, македонската страна очекува функционални институции, Радев вели нема промена во политиката кон Скопје Read More »

Северен поток ќе биде завршен до крајот на август


Гасоводот „Северен поток 2“ меѓу Русија и Германија треба да заврши за неколку недели, соопшти операторот. – Очекуваме градежните работи да завршат до крајот на август“, изјави шефот на Северен поток 2, Матијас Варниг, за германскиот весник „Ханделсблат“. – Досега се завршени 98 процент од гасоводот. Двата проценти што сè уште недостасуваат се однесуваат на …

Северен поток ќе биде завршен до крајот на август Read More »

Четири компании искажале интерес за учество на тендерот за 5Г


Компаниите Неотел, Битстрим Мобиле, Македонски телеком и А1 Македонија до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) испратиле писма за искажување интерес за учество на тендерот за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, што треба да го објави регулаторното тело. Неотел искажува интерес за одобренија: В41, В44, В45 и В46, Битстрим Мобиле за …

Четири компании искажале интерес за учество на тендерот за 5Г Read More »

Од денеска вакцинирање против Ковид-19 без закажан термин, во над 100 населени места ќе има и теренска вакцинација


Од денеска граѓаните може да примат вакцина против Ковид-19 без да закажат термин за вакцинација, а во над сто населени места во општините во цела држава почнува теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе се вакцинираат без да закажат термин за вакцинација првата доза ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники …

Од денеска вакцинирање против Ковид-19 без закажан термин, во над 100 населени места ќе има и теренска вакцинација Read More »

На Богородица за излез од државата се чека до 30, на останатите гранични премини нема подолги задржувања


На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека од 20 до 30 минути. На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци …

На Богородица за излез од државата се чека до 30, на останатите гранични премини нема подолги задржувања Read More »

Бугарија/Избори: По обработени 89 отсто гласови, води ГЕРБ пред Има таков народ


Со обработени 89,14 проценти од гласовите на парламентарните избори во Бугарија, коалицијата ГЕРБ-СДС има добиено 24,01 проценти од гласовите, објави Централната изборна комисија на Бугарија. Политичката партија „Има таков народ“ (ИТН) има 23,48 проценти од гласовите; „БСП за Бугарија“ – 13,65 проценти, „Демократска Бугарија“ – 12,60 проценти; Движење за права и слободи – 10,61 проценти; …

Бугарија/Избори: По обработени 89 отсто гласови, води ГЕРБ пред Има таков народ Read More »

Сончево и топло со мала облачност, температурата до 36 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи, Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 24 до 36 степени. Во Скопје …

Сончево и топло со мала облачност, температурата до 36 степени Read More »

Италија ги уништи сништата на Англија на Вембли и стана шампион на пенали


Италија стана европски фудбалски шампион победувајќи ја Англија по изведување на пенали   Италијанските фудбалери се нови европски шампиони, а до титулата стигнаа со подобар учинок во пенал- рулет серијата (3-2), откако резултатот беше 1-1 во регуларните 90 минути и продолженијата на натпреварот. Англија поведе на Вембли по само една минута и 56 секунди игра, …

Италија ги уништи сништата на Англија на Вембли и стана шампион на пенали Read More »

Албанија се подготвува за издавање петта обврзница


Албанската Влада се подготвува да издаде еврообврзница на меѓународниот пазар во почетокот на 2022 година. Експертот за финансиски пазари Елвин Мека објаснува дека и покрај тоа што домашниот пазар е ликвиден, извршната власт ја користи ситуацијата на странските пазари насочувајќи се кон поповолни интереси за да обезбеди поевтин долг. – Она што го гледам е …

Албанија се подготвува за издавање петта обврзница Read More »

Милијардерите полетаа во вселената и отворија нова ера во вселенските патувања


Британскиот милијардер Ричард Бренсон денеска слета на Земјата без никакви проблеми откако помина неколку минути во вселенската орбита со леталото на неговата компанија Вирџин Галактик, реализирајќи го патувањето за кое отсекогаш сонувал и што претставува пресвртна точка кон вселенскиот туризам. Вселенското летало ВСС Јунити со двајца пилоти и уште тројца патници, по краток лет во …

Милијардерите полетаа во вселената и отворија нова ера во вселенските патувања Read More »

Ѓоковиќ го освои Вимблдон и се израмни со Федерер и Надал по бројот на грен-слем трофеи


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (34) ја освои шестата титула во Вимблдон, откако денес во своето седмо финале на грен-слем турнирот во Лондон го совлада Италијанецот Матео Беретини со 6:7, 6:4, 6:4, 6:3. Најдобриот светски тенисер ја освои третата последователна титула во Вимблдон по три часа и 27 минути игра против 25-годишниот Беретини, кој го играше …

Ѓоковиќ го освои Вимблдон и се израмни со Федерер и Надал по бројот на грен-слем трофеи Read More »

Маск купи билет за патување во вселената со леталото на ривалот Бренсон


Лидерот на Тесла, Илон Маск купил билет за патување во вселената во вселенското летало на неговиот ривал, британскиот милијардер Ричард Бренсон, тврди Сандеј Тајмс, пренесува ДПА. Додека Бренсон се подготвува за првиот лет на Вирџин Галактик од Ново Мексико во недела, „Сандеј тајмс“ пишува дека Маск, сопственик на ривалската истражувачка фирма Спејс Икс, обезбедил место …

Маск купи билет за патување во вселената со леталото на ривалот Бренсон Read More »