Осумдневен притвор за петмината приведени за нападите врз полицајците во тетовска Мала Речица


Судија во претходна постапка на Основен суд Тетово денеска им определи мерка притвор во траење од осум дена на петмината приведени кои по вчерашниот протест во Тетово во Мала Речица физички нападнале полициски службеници, информираат од СВР Тетово. – По одредување на мерката притвор петмината се однесени во КПУ Затвор Скопје, соопшти порпатолот Марјан Јосифоски. …

Осумдневен притвор за петмината приведени за нападите врз полицајците во тетовска Мала Речица Read More »

Есента носи поголем ризик, вакцините се единствен начин нормално да функционираме, вели Филипче


Нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале, тоа е единствениот начин да постигнеме колективен имунитет и да бидеме заштитени. Ризикот да се добие Ковид-19 е многу висок. Сега, со есенските месеци, ризик факторите дополнително ќе се зголемуваат, луѓето повторно ќе бидат во затворени простории, затоа, апелирам граѓаните да ја сфатат оваа работа …

Есента носи поголем ризик, вакцините се единствен начин нормално да функционираме, вели Филипче Read More »

Османи формира работна група за приклучување на Северна Македонија кон програмата на САД за укинување на визите


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска информира дека формирал работна група во рамки на Министерството, што има за задача да работи на приклучувањето на Република Северна Македонија кон Visa Waiver Програмата на САД.   – Процесот за укинување визи за нашите државјани за влез во САД е долгорочен и комплексен процес, но со оглед на …

Османи формира работна група за приклучување на Северна Македонија кон програмата на САД за укинување на визите Read More »

Бесими: Како до забрзување на растот по Ковид – пораки од Финансискиот форум – СЕФФ 2021


Министерот за финансии, Фатмир Бесими, преку колумна е осврна на неодамна одржаниот Финансиски форум – СЕФФ 2021 кој во фокусот го имаше економското заздравување и забрзување на растот по Ковид. Колумната ја пренесуваме во целост:  Министерството за финансии на почетокот на овој месец ја организираше Првата годишна конференција на тема „Економско закрепнување и раст по …

Бесими: Како до забрзување на растот по Ковид – пораки од Финансискиот форум – СЕФФ 2021 Read More »

Како го поминуваат времето вселенските туристи во услови на нулта гравитација (фото, видео)


Компјутерскиот инженер Крис Себроски (42) од првиот целосно цивилен екипаж за летање во орбитата околу Земјата влезе во историјата, бидејќи беше прикажан како свири укулеле во услови на нулта гравитација во капсулата на „Спејс икс“, со километри над површината на нашата планета. Our crew chatted from space with the patients of @StJude! Watch the event …

Како го поминуваат времето вселенските туристи во услови на нулта гравитација (фото, видео) Read More »

Креаторите на политики можеби ја потценуваат инфлацијата, предупредува висок претставник на ЕЦБ


Коментарите доаѓаат откако се централната банка ги постигна нејзините прогнози за инфлацијата Инфлацијата во еврозоната може да достигне повисоко ниво од она што Европската централна банка го очекува во моментов, предупредува членот на Управниот совет Мартинш Казакс, додавајќи ги предупредувањата дека креаторите на политиките можеби ги потценуваат трендовите на цените. Откако инфлацијата во еврозоната го …

Креаторите на политики можеби ја потценуваат инфлацијата, предупредува висок претставник на ЕЦБ Read More »

Франција ги повлече амбасадорите во САД и Австралија поради подморниците


Одлуката „е оправдана со исклучителната тежина“ на ситуацијата, изјави францускиот министер за надворешни работи   Франција ги отповика своите амбасадори во САД и Австралија како одговор на нивниот договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и поништениот договор за подморници вреден десетици милијарди евра, кој Париз го имаше потпишано со Канбера. „На барање на претседателот …

Франција ги повлече амбасадорите во САД и Австралија поради подморниците Read More »

(Галерија) Очи во очи со живи статуи: „Статуафест – Скопје на улица“


Скопјани, но и оние кои денеска и утре ќе се најдат во центарот на градот, имаат можност од 18,30 до 21,30 часот на улицата Македонија да се сретнат очи во очи со живи статуи, во рамки на годинашниов фестивал „Статуафест“. Дел од атмосферата ја прикажуваат фотографиите што ги направи вечерва нашиот фоторепортер Борис Грданоски.  Како …

(Галерија) Очи во очи со живи статуи: „Статуафест – Скопје на улица“ Read More »

Маричиќ: Пописот се спроведува успешно, дневно се попишуваат по околу 100.000 граѓани


Министерот за правда Бојан Маричиќ на вечерашното интервју на телевизија „Сител“ оцени дека пописот се спроведува успешно, без речиси никакви проблеми и досега се попишани околу 900.000 граѓани или околу 100.000 дневно. – Во текот на викендот ќе достигнеме до милион попишани граѓани од теренското попишување. Дополнително, има сериозна бројка и од онлајн попишувањето. Пописот …

Маричиќ: Пописот се спроведува успешно, дневно се попишуваат по околу 100.000 граѓани Read More »

Манчестер јунајтед и Јувентус објавија големи загуби во работењето


Англискиот Манчестер Јунајтед и италијанскиот Јувентус, сегашниот и донеодамнешниот клуб на португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо, објавија денеска значителни финансиски загуби за минатата 2020/21 сезона. Англискиот фудбалски гигант соопшти дека минатата сезона работел со загуба од 92.2 милиони фунти, што е речиси четири пати повеќе од минусот во сезоната 2019/20, кој изнесуваше 23.2 милиони фунти. …

Манчестер јунајтед и Јувентус објавија големи загуби во работењето Read More »

Шекеринска се сретна со Медлин Олбрајт


Министерката за правда Радмила Шекеринска, при нејзината посета на САД, денеска оствари средба со поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. Медлин Олбрајт, како што објави Шекеринска на Фејсбук, не е само жива легенда на американската политика, туку и гласен адвокат за демократија и човекови права. – Некогашната државна секретарка на САД, прва жена на таква …

Шекеринска се сретна со Медлин Олбрајт Read More »

Вашингтон подготвен за протести на приврзаници на Трамп


Вашингтон денеска е во состојба на готовност пред собирот на поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп, кои ќе излезат на улица за да ги поддржат демонстрантите кои упаднаа во Капитол на 6 јануари. Црната ограда, што беше поставена околу комплексот шест месеци по смртоносните настани во седиштето на американската демократија, беше вратена на тоа место …

Вашингтон подготвен за протести на приврзаници на Трамп Read More »

Олимпијадата во Лос Анџелес ќе чини 6,9 милијарди долари


Организацијата на Летните олимписки и параолимписки игри, чии домаќин во 2028 година ќе биде Лос Анџелес, ќе чини 6,9 милијарди долари, најави денеска извршната директорка на Организацискиот комитет Кети Картер. -ОИ и ПОИ ќе бидат финансиски здрави и ќе остават трајно влијание на градот домаќин, -изјави Картер. -Пред сè, ние ќе бидеме домаќини на Игри, кои ќе се …

Олимпијадата во Лос Анџелес ќе чини 6,9 милијарди долари Read More »

Светска банка го откажа „Дуинг бизнис“ по наодите дека се местеле резултати


Сегашната шефица на ММФ, Кристалина Георгиева, осомничена дека ги притискала вработените да ги сменат податоците поврзани со рангирањето на Кина   Светската банка го откажа истакнатиот извештај за оценување на деловното опкружување на земјите во светот „Дуинг бизнис“, откако истрагата заклучи дека високото раководство на банката извршило притисок врз вработените да ги сменат податоците што …

Светска банка го откажа „Дуинг бизнис“ по наодите дека се местеле резултати Read More »

Во Стопанската комора конституиран Совет за унапредување на високото образование


Во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија денеска се конституираше Советот за унапредување на високото образование. Со тоа Комората продолжува да ги реализира зацртаните активности за компаниите во рамките на Вториот столб за развој, иновации и знаење кој таргетира развој на постојните и воведување на нови услуги од интерес за сите компании (не само …

Во Стопанската комора конституиран Совет за унапредување на високото образование Read More »

Годишната инфлација се забрза во август во 26 земји од ЕУ


Годишната инфлација во ЕУ се забрза во август, во услови на натамошен раст на цените на енергeнсите, во 26 земји-членки, покажа денеска извештајот на Европската агенција за статистика – Евростат. Годишната стапка на инфлација измерена со усогласениот индекс на потрошувачки цени (HICP) се зголеми во август на 3,2 процента на ниво на ЕУ, се наведува …

Годишната инфлација се забрза во август во 26 земји од ЕУ Read More »

Програмата за економски реформи ќе содржи мерки за зелена економија и намалување на сивата економија


Во Програмата за економски реформи 2022-2024 ќе бидат вградени мерки насочени кон зелената и дигитална транзиција, подобрувањето на деловното опкружување и намалувањето на неформалната економија. Предложените мерки произлегуваат од препораките кои се дел од усвоените заклучоци на годинашниот Дијалог за економски политики одржан во јули годинава со претставници на земјите членки на ЕУ, Западен Балкан …

Програмата за економски реформи ќе содржи мерки за зелена економија и намалување на сивата економија Read More »

Герасимовски – Исени: Заштита на правата од индустриска сопственост е основа за развој на бизнисите


Со цел подигнување на јавната свест за заштита на правата од индустриска сопственост, експерти од Државниот завод – ДЗИС ќе ги посетуваат фирмите-членки на комората, е заклучено на денешната средба на директорот на заводот Горан Герасимовски со извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија – СКСЗМ, Дрилон Исени.   Од ДЗИС информираат дека продолжува …

Герасимовски – Исени: Заштита на правата од индустриска сопственост е основа за развој на бизнисите Read More »

Мал јубилеј – се одржа 40. сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка


И во условите наметнати од пандемијата, интересот за истражувачката активност и за презентирање трудови на сесиите на Клубот не стивнува   Вчера се одржа 40. сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка, којшто и во условите наметнати од пандемијата, во виртуелен формат, непрекинато ја остварува својата цел како платформа за презентација на научноистражувачки …

Мал јубилеј – се одржа 40. сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка Read More »

Дали е на повидок нова хипотекарна криза? Кинескиот гигант за недвижности „Евергранде“ ги загрозува банките


Кинеската компанија за развој на недвижности „Евергранде груп“, која пропаѓа, може да ги загрози помалите кинески банки ако веќе не може да ги исполни своите финансиски обврски, а други сектори во економијата, исто така, може да бидат засегнати, предупреди „Фич“. „Евергранде“ се обидува да обезбеди пари за да ги исполни своите обврски кон голем број …

Дали е на повидок нова хипотекарна криза? Кинескиот гигант за недвижности „Евергранде“ ги загрозува банките Read More »