Џонсон: Скокот на цената на гасот е привремен


Зголемувањето на светските цени на гасот е привремена појава поврзана со закрепнувањето на светската економија по пандемијата, изјави британскиот премиер Борис Џонсон пред да замине за САД, каде што ќе се сретне со претседателот Џо Бајден и ќе учествува на Генералното собрание на ОН. – Што се однесува до сегашниот недостиг во снабдување со гас, …

Џонсон: Скокот на цената на гасот е привремен Read More »

Комисиска амандманска расправа за законските измени за недела неработен ден


Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи  во второ читање е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. Со предложените измени на Законот за работни односи се предвидува недела  да биде ден за неделен одмор. Со оваа измена, според министерката за труд и социјална …

Комисиска амандманска расправа за законските измени за недела неработен ден Read More »

Фаучи: Како да избегнеме еден милион жртви од коронавирус во САД?


Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести, се надева дека благодарение на масовната кампања за вакцинација, бројот на починати од коронавирус во земјата нема да надмине еден милион луѓе, јави Си-Ен-Ен. – Се надевам дека тоа нема да се случи, рече тој. И сигурен сум дека таквото сценарио не може да се смета за неизбежно. …

Фаучи: Како да избегнеме еден милион жртви од коронавирус во САД? Read More »

Камерен концерт „Виртуози“ на Деновите на македонска музика 2021


На третата фестивалска вечер на Деновите на македонска музика 2021 ќе биде изведен камерниот концерт со наслов „Виртуози“ на кој ќе настапат виолинистот Владимир Костов и пијанистката Марија Вршкова. На програмата се дела од македонските композитори Гоце Коларовски, Благоја Ивановски, Филип Иванов и Никола Коџабашија. Владимир Костов студиите по виолина ги завршува на Факултетот за …

Камерен концерт „Виртуози“ на Деновите на македонска музика 2021 Read More »

Попишани над милион граѓани, пописот влегува во финална фаза


Пописот на населението и објектите 2021 се одвива во најдобар ред и согласно планираниот интензитет и досега се попишани над милион граѓани. Пописот е во 16-тиот ден од предвидените 26 дена пописни активности и треба да заврши до 30 септември. Премиерот Зоран Заев, упати честитка за постигнатата бројка од милион попишани граѓани. – Милион граѓани …

Попишани над милион граѓани, пописот влегува во финална фаза Read More »

Претставници на 28 држави и организации ќе вежбаат потрага и спасување на НАТО вежбата „Северна Македонија 2021“


Во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК), на подрачјето на Охрид и Струга од денеска до 24 овој месец ќе се одржува вежбата „Северна Македонија 2021“. Како што беше најавено на прес-конференцијата за вежбата, станува збор за сценарио за справување со последиците …

Претставници на 28 држави и организации ќе вежбаат потрага и спасување на НАТО вежбата „Северна Македонија 2021“ Read More »

Скопје, Тетово, Куманово и Охрид со најмногу активни ковид случаи


Бројот на новозаразени, според дневните статистики на Министерството за здравство се намалува, но висока е бројката на починати од вирусот. Најпогодени, според надлежните институции, се невакцинираните граѓани, поради што продолжуваат апелите за  што помасовна имунизација. Како што информираше веб страницата ourworldindata.org., според бројот на смртни случаи, минатата седмица во Европа прва е Северна Македонија со 96 …

Скопје, Тетово, Куманово и Охрид со најмногу активни ковид случаи Read More »

Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата


Ковид-19 e присутен еден период од животот. Растот и последиците од нарушен раст се за цел живот, е мотото со кое Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – РАСТ на РМ  се приклучува кон одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата. По тој повод за претпладне се најавени …

Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата Read More »

Умерено облачно, со максимална температура до 35 степени


Времето денеска во државава ќе биде малку до умерено облачно и нешто потопло, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови повремено значително облачно со краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната …

Умерено облачно, со максимална температура до 35 степени Read More »

Од КОВИД-19 починаа 23 лица, регистрирани 365 нови случаи и 551 оздравени


Во последните 24 часа регистрирани се 365 нови случаи на КОВИД-19, 551 оздравен пациент и 23 починати лица, информира вечерва Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје – 183, Охрид – 24, …

Од КОВИД-19 починаа 23 лица, регистрирани 365 нови случаи и 551 оздравени Read More »

Франција и Русија го решаваат спорот околу шампањот


Франција и Русија се согласија да работат на решавање на спорот, до кој дошло поради новиот руски закон со кој се бара француските производители на шампањ да ги обележат своите шишиња како „пенливо вино“, соопшти француското Министерство за правда. Почнувајќи од јули, сите странски добавувачи во Русија мора да го користат описот „пенливо вино“ на …

Франција и Русија го решаваат спорот околу шампањот Read More »

Eвгениј Поп Ацев и Јана Костадинова први на „Велешкиот пливачки маратон 2021“


На денешниот Велешки пливачки маратон 2021 кој се одржа на патека на езерото „Младост“ првото место на маратонот од 5 километри во машка конкуренција го освои трикратниот светски првак во пливање, Евгениј Поп Ацев, кој пливаше со време 1,02.39. Веднаш зад него со 20 секунди заостанување втор беше пливачот Александар Илиевски со време 1.02.59. Првото …

Eвгениј Поп Ацев и Јана Костадинова први на „Велешкиот пливачки маратон 2021“ Read More »

Ципрас: Младите не сакаат гигабајти и џепарлак, сакаат визија и перспектива


За сите актуелни теми во Грција, како што се економијата, пандемијата, вакцинацијата, иднината на младите, односите со Турција, но и Договорот од Преспа, говореше лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас за време на традиционалната прес-конференција во Солун, во рамките на Меѓународниот саем, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас упати критики до актуелната Влада за начинот …

Ципрас: Младите не сакаат гигабајти и џепарлак, сакаат визија и перспектива Read More »

Маричиќ: Влегуваме во последната фаза од пописот


Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, посочи дека влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години. -Над милион попишани граѓани. Одлични вести од Државниот завод за статистика. Влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после …

Маричиќ: Влегуваме во последната фаза од пописот Read More »

Заврши првата туристичка мисија во вселената – капсулата Спејс икс ги врати четворицата цивили од орбитата


Четири лица се вратија на Земјата од тридневната вонземска екскурзија во капсулата „Спејс икс кру драгон“ (SpaceX Crew Dragon) во саботата вечерта, што го означи крајот на првиот лет досега до орбитата на Земјата, изведен целосно од туристи или инаку не-астронаути, јави Си-Ен-Ен. „Благодарам многу за SpaceX, за нас тоа беше неверојатно возење“, можеше да …

Заврши првата туристичка мисија во вселената – капсулата Спејс икс ги врати четворицата цивили од орбитата Read More »

Бромел истрча најбрзо време сезонава на 100 метри (видео)


Американскиот спринтер Трејвон Бромел постигна најдобар резултат годинава на 100 метри, истрчувајќи ја патеката на митингот во кениската престолнина Најроби со време од 9,76 секунди. Бромел сега е шести најбрз атлетичар во светот на сите времиња. Американскиот атлетичар важеше за најголем фаворит за освојување на златниот медал на Летните Олимписки игри во Токио, но не успеа да се пласира …

Бромел истрча најбрзо време сезонава на 100 метри (видео) Read More »

ЕП во одбојка: Словенија и Италија во денешното финале


Во финалето на Европското првенство во одбојка, што заеднички го организираа Полска, Чешка, Естонија и Финска, вечерва од 20:30 часот во Катовице ќе играат Словенија и Италија. Во првото саботно полуфинале, Словенија во драматичен натпревар пред 10.000 гледачи во Катовице ја совлада Полска со 3:1 (17-25, 32-30, 25-16, 37-35) и втор пат едноподруго, а вкупно трет пат во историјата, обезбеди европско финале. На завршниот турнир …

ЕП во одбојка: Словенија и Италија во денешното финале Read More »

Растот на БДП годинава може да биде повисок од 4,1 отсто, најавува Бесими


Годинава проектиравме раст од 4,1 процент и просечен годишен раст од 5,4 проценти за наредните пет години. Следејќи ги позитивните економски трендови во текот на годинава вклучително и третиот квартал, најверојатно ќе имаме нови проекции за повисок раст на БДП за 2021 година, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Со цел да осигуриме дека ова …

Растот на БДП годинава може да биде повисок од 4,1 отсто, најавува Бесими Read More »

Талибанците ги протераа девојчињата од средните училишта во Авганистан


Кабул, 18 септември 2021 (МИА) – Талибанците денеска ги протераа девојчињата од средните училишта, откако испратија наредба дека само момчињата и наставниците мажи можат да се вратат во училниците. За Би-Би-Си дел од нив изјавија дека се очајни што им е забрането да се вратат на училиште. -Се изгледа прилично мрачно, изјави една од нив. …

Талибанците ги протераа девојчињата од средните училишта во Авганистан Read More »

Булаев: Изведени масовни кибер напади врз рускиот систем за гласање


Врз рускиот електронски систем за далечинско гласање, како и врз Интернет страницата на руската Централна изборна комисија извршени се голем број масовни кибер напади, но тие  не влијаеја врз нивната оперативност, изјави денеска заменикот претседател на руската Централна изборна комисија (ЦИК), Николај Булаев. -Извршени се голем број напади, и на софтверскиот и на хардверскиот дел …

Булаев: Изведени масовни кибер напади врз рускиот систем за гласање Read More »