(Галерија) Очи во очи со живи статуи: „Статуафест – Скопје на улица“
Скопјани, но и оние кои денеска и утре ќе се најдат во центарот на градот, имаат можност од 18,30 до 21,30 часот на улицата Македонија да се сретнат очи во очи со живи статуи, во рамки на годинашниов фестивал „Статуафест“.
Дел од атмосферата ја прикажуваат фотографиите што ги направи вечерва нашиот фоторепортер Борис Грданоски.

Како што претходно оопшти организаторот, и овој пшат, како и минатата година, на фестивалот настапуваат исклучиво домашни артисти зашто основна цел на театарската компанија за улична уметност е да создаде пообемна домашна продукција каква што ја има насекаде по светските фестивали.

Петтиот уличен уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест – Скопје на улица“ е во организација на Зружението на граѓани ТимТеатросК, со поддршка од Театар за деца и младинци и под покровителство на Град Скопје.

„Некои од артистите ви се веќе познати, оние кои биле на ‘Статуафест’ ќе имаат можност да ги препознаваат, но се разбира се појавуваат и дебитанти што нам ни е од огромна важност бидејќи интересот за овој вид уметност расте од година во година. Се разбира, артистите овојпат ќе бидат во сосема различни улоги“, соопшти Здружението ТимТеатросК.

Темата на годинашниот „Статуафест – Другото лице на улицата“ е „Скопје на улица“ и во преносна смисла ќе биде огледало на самите нас односно „што се прават скопјани во текот на едно деноноќие движејќи се забрзано или, пак, бавно низ улиците на нашиот град“.

(Фото: Борис Грданоски)