Анкета: Поддршката за Бајден за еден месец е опадната од 54 на 50 проценти, во јули била 59 отсто


Последните сондирања на јавното мнение во САД покажуваат дека имиџот на американскиот претседател Џо Бајден претрпува значителни последици поради кризите што избија во последните недели, пренесува агенцијата Анадолија. Резултатите од анкетата, спроведена од Асошиетед прес (АП) и истражувачкиот центар НОРЦ, покажаа дека поддршката за Бајден за еден месец е опадната од 54 на 50 проценти, …

Анкета: Поддршката за Бајден за еден месец е опадната од 54 на 50 проценти, во јули била 59 отсто Read More »

Зошто многу Германци поддржаа партии кои немаа шанси да освојат пратеничко место?


Во неделата во Германија стотици илјади гласови беа дадени за партии од периферијата, што немаат шанси да влезат во парламентот. Според социолозите, ова се должи на замор од етаблираните партии и зголемениот индивидуализам во општеството. Помалите партии, кои вообичаено се надвор од центарот на вниманието за време на германските федерални избори, овој пат имаа подобри …

Зошто многу Германци поддржаа партии кои немаа шанси да освојат пратеничко место? Read More »

Истражување: Две третини од девојките се соочуваат со сексуално вознемирување на социјалните мрежи


Многу млади девојки преку социјалните мрежи на интернет добиваат пораки што претставуваат сексуално вознемирување, а за тоа тие повеќе се доверуваат на семејството отколку на институциите. Ова го покажува истражувањето „Онлајн вознемирување на социјалните медиуми“ спроведено од Центарот за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово, кои го пренесуваат и искуството на младите лица од женски пол …

Истражување: Две третини од девојките се соочуваат со сексуално вознемирување на социјалните мрежи Read More »

Саакашвили почнал штрајк со глад во притвор


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој беше уапсен вчера попладне при влегуивање во земјата, почна штрајк со глад и побара да се сретне со украинскиот конзул, јави грузискиот правобранител Нино Ломџарија. -Кога го посетив, тој беше на лекар и на медицински прегледи. Подоцна ни беше дозволено да разговараме во затворската ќелија. Тој ни кажа дека …

Саакашвили почнал штрајк со глад во притвор Read More »

Вечерва премиера на „Дух“ на Народниот театар во Охрид


Народниот театар од Охрид вечерва премиерно ќе ја изведе претставата „Дух“, работена според текст на Дејан Дуковски, а во режисерска поставка на Сашо Миленковски. Претставата „Дух“ е потрага по одговор на прашањето за тоа што се случува со обичниот човек кога ќе се помине прагот на толеранцијата…од разно,разни криминални структури. Човек тогаш оди по пат …

Вечерва премиера на „Дух“ на Народниот театар во Охрид Read More »

Вакцината против Ковид-19 ќе биде задолжителна за сите ученици во Калифорнија


Сите ученици во Калифорнија кои сакаат да посетуваат настава во државни или приватни училишта ќе мора да бидат вакцинирани, соопшти вчера гувернерот на оваа американска сојузна држава Гевин Њусом. Одлуката се однесува на шест милиони ученици и студенти во Калифорнија, која е најнаселената држава во САД. Оваа обврска за задолжителна вакцинација нема да стапи на …

Вакцината против Ковид-19 ќе биде задолжителна за сите ученици во Калифорнија Read More »

ПичПрич на тема „Љубовни писма“ вечер во Куршумли ан


ПичПрич, иницијативата за промовирање на женската усна историја, денеска ќе ја одржи својата традиционална гала вечер каде што ќе се раскажува за еден од најстарите и најтрадиционалните начини на додворување – љубовните писма. -Овогодинешната тема на ПичПрич галата ќе го стави во фокус овој вид на комуникација, како и формите што ги добива низ дигиталната …

ПичПрич на тема „Љубовни писма“ вечер во Куршумли ан Read More »

„Органска трпеза“ – по четврти пат Меѓународен саем на органски и традиционални производи во Куманово


Комората на органски производители и здружението „Живот“ Куманово по четврти пат го организираа Меѓународниот саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ во Куманово. Своите производи на отворено во Куманово ги изложија 134 излагачи од државата, Србија, Бугарија, Црна Гора, Косово, БиХ, Унгарија, Албанија и други држави. Пипер, домати, бадеми, слатка, зимница, вина, сокови, млечни …

„Органска трпеза“ – по четврти пат Меѓународен саем на органски и традиционални производи во Куманово Read More »

ГЕРБ номинира жена – полковник за кандидат за потпретседател, била пи-ар кога командант бил Румен Радев


Полковник Невена Митева се очекува да биде кандидат за потпретседател на проф. Анастас Герџиков на претседателските избори во Бугаријха, закажани за 14 ноември. Претседателскиот кандидат поддржан од ГЕРБ ќе се соочи со актуелниот бугарски претседател, Румен Радев, најверојатно во друштво на жена од вооружените сили, објавија локалните медиуми. Како што јави дописникот на МИА од …

ГЕРБ номинира жена – полковник за кандидат за потпретседател, била пи-ар кога командант бил Румен Радев Read More »

Промоција на самоводечка, велосипедска прошетка „Скриените музеи во Скопје“


Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“ денеска ќе промовира самоводечка, велосипедска прошетка Скриените музеи во Скопје со аудио напатствија за движење до повидливи културни локалитети во Скопје и околината. Ќе има две различни рути, една во централното градско подрачје, а друга во периферијата на Скопје. Настанот е дел од проектот „Скриените музеи на Скопје“, реализиран од …

Промоција на самоводечка, велосипедска прошетка „Скриените музеи во Скопје“ Read More »

Василев: Доколку конекцијата на Бугарија со Грција беше готова, гасот ќе беше за 20 отсто поевтин, сега е 30 отсто поскап


Доколку гасната конекција меѓу Бугарија и Грција беше готова, природниот гас денеска ќе беше  20 отсто поевтин, место да е 30 отсто поскап, за БНТ искоментира поранешниот бугарски министер за финансии, Асен Василев, кој сега е еден од двајцата лидери на новата политичка формација „Промената продолжува“, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарската регулаторна комисија …

Василев: Доколку конекцијата на Бугарија со Грција беше готова, гасот ќе беше за 20 отсто поевтин, сега е 30 отсто поскап Read More »

„Игри на проекции“ – самостојна изложба на минијатури и мал формат слики на Ивона Велковска


Самостојна изложба на минијатури и мал формат слики  „Игри на проекции“ на ликовната уметница Ивона Велковска ќе биде отворена вечер во Галерија  „КО-РА“ – нов салон сутерен во Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје. Ивона Велковска е родена 1975 во Мостар. Своето образовани го започнува во Сплит, а го продолжува на Факултетот за …

„Игри на проекции“ – самостојна изложба на минијатури и мал формат слики на Ивона Велковска Read More »

Мик Џегер излегол на пиво во бар во Шарлот, но не бил препознаен од никого 


Вечер пред синоќешниот концерт на Ролинг Стоунс во Шарлот, Северна Каролина, фронтменот Мик Џегер излегол на пиво во бар без да биде забележан од гостите и сопствениците.  Рок легендата Џегер (78) го сподели својот поход по ноќниот живот на Шарлот во твит објавен синоќа.  „Излегов да прошетам во Шарлот, СК“, твитна Џегер, заедно со негова …

Мик Џегер излегол на пиво во бар во Шарлот, но не бил препознаен од никого  Read More »

Во периодот од 6 август до 30 септември, 21 отсто од хоспитализираните лица со Ковид-19 биле целосно вакцинирани


Вкупно 77 проценти, односно 27.298 граѓани од позитивните на Ковид-19 изминативе два месеци не биле вакцинирани. Заклучно со 30 септември, вкупно се вакцинирани 788.058 граѓани, ревакцинирани се 729.794. Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 412 нови позитивни случаи на Ковид -19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата …

Во периодот од 6 август до 30 септември, 21 отсто од хоспитализираните лица со Ковид-19 биле целосно вакцинирани Read More »

Црна Гора е прва во Европа по трговија со дрога, по организиран криминал e четврта – по Русија, Србија и Украина


Според Глобалниот индекс за организиран криминал, Црна Гора е рангирана на прво место во Европа и на 14 место во светот кога станува збор за трговија со дрога, а четврта во Европа по криминал, по Русија, Србија и Украина и 45 -та во светот, јави РТЦГ. Кога станува збор за отпорот кон криминалот, како што …

Црна Гора е прва во Европа по трговија со дрога, по организиран криминал e четврта – по Русија, Србија и Украина Read More »

Грузиските власти го уапсија Саакашвили


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили денеска е уапсен откако по осум години се врати во својата татковина. Како што јави руската агенција ТАСС, апсењето на грузискиот опозиционер го потврди премиерот на Грузија Иракли Гарибашвили во пресрет на локалните избори. Саакашвили, кој ја предводеше револуцијата во Грузија во 2003 година, смета дека обвинувањата против него, кои …

Грузиските власти го уапсија Саакашвили Read More »

Лидл во Холандија нема да продава цигари и тутун


Повеќе од 400 продавници на Лидл во Холандија повеќе нема да продаваат цигари и тутун, соопшти денеска германскиот трговски синџир. Лидл е прв трговски синџир кој ги повлекува од понудата тутунските производи, со цел да се „создадат генерации непушачи“. – Се надеваме дека нивниот пример ќе го следат и другите супермаркети, изјави холандскиот министер за …

Лидл во Холандија нема да продава цигари и тутун Read More »

Шахпаска: Услугата Помош и нега во домот на стари лица достапна и во руралните средини


Во пресрет на Меѓународниот ден на стари лица – 1 октомври, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ги посети Савета Алексова од село Двориште и Параскева Страторска  од село Русиново, кориснички на услугата Помош и нега во домот на стари лица. – По неколку часови на ден негувателките се грижат за своите кориснички …

Шахпаска: Услугата Помош и нега во домот на стари лица достапна и во руралните средини Read More »

Бруцошите на Прв академски час, сместувањето во студентските домови најверојатно ќе почне од утре


Се одржа првиот акадамски час, бруцошите денеска се појавија во предавалните на скопските факултети, за нив овој ден е убав бидејќи претставува нов почеток исполнет со многу нови познанства и авантури. Но тоа не е случај со сите студенти, среќата на бруцошите кои доаѓаат од другите градови, а кои планираа да се сместат во студентски …

Бруцошите на Прв академски час, сместувањето во студентските домови најверојатно ќе почне од утре Read More »

Извештајот од крим техника за пожарот во тетовската болница е завршен


Извештајот од Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР од извршениот увид на местото на пожарот во Модуларната Ковид болница во Тетово денеска е пристигнат во Основното јавно обвинителство Тетово. Како што информираат од ОЈО, извештајот ќе биде разгледан и анализиран од страна на обвинителите, а се очекува да пристигнат и извештаите и …

Извештајот од крим техника за пожарот во тетовската болница е завршен Read More »