Заев: Земјоделците ќе добијат дополнителни три денари субвенции за арпата


Премиерот Зоран Заев денеска најави дека од КОВИД-програмата,  проектирана во јуни, земјоделците ќе добијат дополнителни три денари субвенции за оризовата арпа. Со тоа, како што нагласи Заев, ќе им се излезе во пресрет на барањата на производителите за надминување на пониските откупни цени поради пандемијата. Заев присуствуваше на завршните настани од манифестацијата „Денови на кочанскиот …

Заев: Земјоделците ќе добијат дополнителни три денари субвенции за арпата Read More »

Проф. д-р Грозданова: Комбинирање на вакцините против Ковид-19 дава поширок имунолошки одговор


Вакцините за заштита од Ковид-19 и по појава на Делта сојот обезбедуваат висока заштита од вирусот, ја намалуваат потребата од хоспитализација и компликации од болеста, a нивната комбинирана употреба може да создаде поширок имунолошки одговор, истакна проф. д-р Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација во неделната онлајн дискусија организирана во Лекарска комора на РСМ. Проф. …

Проф. д-р Грозданова: Комбинирање на вакцините против Ковид-19 дава поширок имунолошки одговор Read More »

Тешко повредена малолетничка во Скопје откако во неа удрил автомобил


На улицата „Владимир Полежановски“ во Скопје патничко моторно возило „хундаи“ со скопски регистарски ознаки, вчера удрило во малолетничка, при што се здобила со тешки телесни повреди. Како што соопштија денеска од МВР, со патничкото моторно возило управувал Д.М.(37) од Скопје, а малолетничката била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на лице место извршила екипа …

Тешко повредена малолетничка во Скопје откако во неа удрил автомобил Read More »

Гвардиола: Поради Клоп станав подобар тренер


Тренерот на англискиот фудбалски првак Манчестер сити, Пеп Гвардиола, со комплименти зборуваше за неговиот колега на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, спроти утрешната меѓусебна пресметка во Премиер лигата. Гвардиола наведе дека ривалството со Клоп позитивно влијаело врз неговиот тренерски развој. – Можеби не уште од првата година, но откако сум тука Ливерпул секогаш беше околу …

Гвардиола: Поради Клоп станав подобар тренер Read More »

СИРИЗА поставува два услови за да го гласа Договорот за воена соработка меѓу Грција и Франција


Договорот за стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Грција и Франција што во вторникот во Париз го потпишаа двете земји, веќе е доставен во грчкиот Парламент, а од СИРИЗА поставуваат два услови, односно корекција на два од членовите за да го поддржат договорот, јави дописничката на МИА од Атина. За СИРИЗА проблематични делот …

СИРИЗА поставува два услови за да го гласа Договорот за воена соработка меѓу Грција и Франција Read More »

До вторник сончево, од среда повторно дожд и заладување


УХМР соопшти дека до вторник времето ќе биде претежно сончево со студени утра и пораст на дневната температура, а од среда следува период на претежно облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд. Утре утринските температури ќе се движат од нула до девет степени, а дневните од 17 до 25. Во Скопје ќе биде …

До вторник сончево, од среда повторно дожд и заладување Read More »

Арсовска: Потребни ни се системски решенија – да го заштитиме Водно со закон


Заштита на Водно со закон и конечно решавање на проблемот со појавување на нови градби на парк шумата е едно од решенијата во програмата на независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска. Таа денеска на прес конференција потенцираше дека Водно стана место каде наместо дрвја, почнаа да растат згради. „Бевме сведоци како граѓаните …

Арсовска: Потребни ни се системски решенија – да го заштитиме Водно со закон Read More »

Дигитализацијата ја обликува иднината на работните места, им порача Ангеловска-Бежоска на студентите на Економски факултет


Новите технологии создаваат нови работни места и потреба за нови квалификации и вештини. Важно е во текот на студиите, младите професионалци да се стекнат со вештини коишто ќе им овозможат побрзо вклучување на пазарот на работна сила по нивното завршување. Ова на студентите од прва година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ …

Дигитализацијата ја обликува иднината на работните места, им порача Ангеловска-Бежоска на студентите на Економски факултет Read More »

Модните компании го враќаат производството поблиску до дома


Модните брендови го сменија начинот на работење во пандемијата со Ковид -19, напуштајќи ги глобалните синџири на снабдување и евтините производствени центри во Азија, можеби на подолго време, а нивната нова производствена локација е Медитеранот, пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. Италијанскиот Бенетон веќе го проширува производството во Хрватска, Србија, Турција, Тунис и Египет и планира …

Модните компании го враќаат производството поблиску до дома Read More »

Барселона во загуба од 481 милиони евра


Каталонскиот фудбалски гигант Барселона ја заврши финансиската година 2020-2021 година со дефицит од 481 милиони евра, објави клубот. Оперативните приходи на каталонскиот клуб изнесуваат 631 милиони, што е значително под 828 милиони, колку што беше предвидено во буџетот, кој исто така вклучуваше нето добивка од еден милион евра, а не загуба од 481 милиони евра. …

Барселона во загуба од 481 милиони евра Read More »

Целодневен Skopje Vinyl Convention во МКЦ


Денес, со почеток од 13 часот во МКЦ ќе започне петтиот по ред „Skopje Vinyl Convention“, во организација на Funky Fresh. Како што велат оранизаторите, настанот е инспириран од и посветен на сите колекционери и љубители на винили. Има примарна цел да ги сплоти сите љубители и колекционери, а воедно и да им даде простор …

Целодневен Skopje Vinyl Convention во МКЦ Read More »

Кина испрати 38 авиони над одбранбената зона на Тајван


Тајван денеска остро ја критикуваше Кина, чии воени авиони, по повод одбележувањето на националниот празник, влегоа во одбранбената зона на тој остров. Тајван постојано се жали од почетокот на годината за постојано влегување на кинеските воздухопловни сили во воздушниот простор на островот. Тајвански борбени авиони полетаа вчера откако во два наврати 38 кинески авиони влегоа …

Кина испрати 38 авиони над одбранбената зона на Тајван Read More »

Трамп бара судот да му го врати Твитер налогот


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од судот да му го врати неговиот налог на Твитер во обидот да издејствува укинување на трајната забрана за користење на оваа социјална платформа. Трамп (75) вчера поднесе прелиминарна тужба против Интернет гигантот, барајќи брзо враќање на неговиот налог. Тој тврди дека Твитер го откажал неговиот профил, што имал …

Трамп бара судот да му го врати Твитер налогот Read More »

Потпишани анекси на Договорот со УСАИД за зголемување грант компонентата на 3,5 милиони долари


САД даваат значајна поддршка на македонската Влада во спроведување на активностите насочени кон економски раст и стабилност и зајакнување на демократските практики и институции. Потврда за тоа се двата потпишани амандмана на Договорот за грант за партнерство за развој со што дополнителната сумa за оваа година е во висина од 3,5 милиони американски долари. Анексите …

Потпишани анекси на Договорот со УСАИД за зголемување грант компонентата на 3,5 милиони долари Read More »

Пуџдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија


Поранешниот претседател на шпанскиот регион Каталонија, Карлес Пуџдемон, побара од европскиот судски систем да му го врати имунитетот како европратеник, за да не биде екстрадиран во Шпанија, изјави неговиот адвокат. Барањето е испратено до Општиот суд на ЕУ, кој претходно во јули го одби неговото прво барање. По Карлес Пуџдемон (58), кој во 2019 година …

Пуџдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија Read More »

Црн биланс – во САД од Ковид-19 починале 700.000 лица, колку што има население во Вашингтон


САД ја надминаа бројката од 700.000 лица кои од почетокот на пандемијата умреа од последиците на Ковид-19, соопшти вчера Универзитетот Џон Хопкинс, посочувајќи дека е тоа еквивалент на населението во главниот град Вашингтон. Француските медиуми пишуваат дека овој црн биланс потсетува дека се уште секој ден стотици Американци умираат од коронавирус, и покрај кампањата за …

Црн биланс – во САД од Ковид-19 починале 700.000 лица, колку што има население во Вашингтон Read More »

Утре се одржува Скопскиот маратон, еве кои улици ќе бидат затворени за сообраќај


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре поради одржување на спортската манифестација – „Скопски маратон 2021“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје. – Маратонот ќе започне во 08.00 часот, со следната …

Утре се одржува Скопскиот маратон, еве кои улици ќе бидат затворени за сообраќај Read More »

Голема потера по „кумот“ на Коза Ностра на Сицилија, Матео Месина Денаро


Околу 150 припадници на италијанските специјални сили на Сицилија го бараат шефот на мафијата во бегство, Матео Месина Денаро. Од вчера изутрина на островот се претресени десетици куќи што им припаѓаат на блиски соработници на мафијата. Месина Денаро се смета за „кум“ на Коза Ностра во Сицилија, една од најголемите мафијашки организации во Италија. Тој …

Голема потера по „кумот“ на Коза Ностра на Сицилија, Матео Месина Денаро Read More »

Нови 27 случаи на заразени со делта сојот во Нов Зеланд, во Оукленд протести против седумнеделното „заклучување“


Претставници на здравствените власти од Нов Зеланд денеска соопштија за 27 нови случаи на многу заразната делта варијанта на коронавирусот во Оукланд, во кој  граѓаните излегоа на улиците протестирајќи против речиси двомесечното затворање на најголемиот град во земјата. Британските медиуми јавуваат дека 1,7 милиона жители на Окленд во понеделникот ја чекаат владината одлука дали ќе …

Нови 27 случаи на заразени со делта сојот во Нов Зеланд, во Оукленд протести против седумнеделното „заклучување“ Read More »

Мобилен интернет користат речиси 1,4 милиони претплатници, покажува извештајот на АЕК


Во вториот квартал годинава бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесувал 1.867.694, а биле реализирани 1.523.126.310 минути разговор. Резиденцијални при пејд претплатници се 725.868, а пост пејд 892.456. Дел од вкупната бројка се и 249.370 деловни постпејд претплатници. Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации, во второто тримесечие годинава бројот на претплатници на пристап …

Мобилен интернет користат речиси 1,4 милиони претплатници, покажува извештајот на АЕК Read More »