Путин ја обвини Европа за енергетската криза


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „Европа е виновна за актуелната енергетска криза“, откако високите цени на бензинот предизвикаа обвинувања дека Москва ги прекинува испораките за да изврши притисок врз Западот. „Тие направија грешки“, рече Путин на телевизиска средба со руски енергетски претставници, откако критичарите ја обвинија Москва дека намерно ја ограничила испораката на гас …

Путин ја обвини Европа за енергетската криза Read More »

Стопанската комора на Србија ги повикува компаниите од Отворен Балкан на „Експо“ во Дубаи


И компаниите од Северна Македонија и Албанија од иницијативата Отворен Балкан, покрај фирмите од Србија, ќе можат да го користат просторот на Српскиот бизнис хаб за да се претстават на најголемиот саем „Експо 2020“ во Дубаи, јави допсиникот на МИА од Белград. Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, ги повика сите компании …

Стопанската комора на Србија ги повикува компаниите од Отворен Балкан на „Експо“ во Дубаи Read More »

Шахпаска најави целосна ревизија на работните места со бенефициран стаж


Mинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и со претставници од управата на Друштвото за трговија и услуги „Универсал“ ДООЕЛ Скопје. Имено, „Универсал“ ДООЕЛ Скопје е претставник за рударска механизација, која се употребува во подземниот ископ во рудникот „САСА“ Македонска Каменица. Претставниците од …

Шахпаска најави целосна ревизија на работните места со бенефициран стаж Read More »

Бесими задоволен од прогнозата на СБ за растот на БДП: Потврда за политиките што ги преземаме


Зголемувањето на прогнозата за растот на БДП за Северна Македонија што денеска е објавено од страна на Светска банка е потврда за навремените мерки и исправните политики што ги преземаме во текот на оваа година, оценува во изјава за МИА министерот за финансии Фатмир Бесими.   – Позитивните движења во економијата започнаа во вториот квартал …

Бесими задоволен од прогнозата на СБ за растот на БДП: Потврда за политиките што ги преземаме Read More »

Не постоела „бела“, „црна“ или „сива листа“, туку сме дел од земјите кои се кооперативни за даночни цели, велат од МФ


Република Северна Македонија е на листата на кооперативни јурисдикции за даночни цели и во овој процес што го спроведува Советот на ЕУ е вклучена од 2017 година. Согласно предвидените критериуми се изготвуваат две листи – листа на земји кои се кооперативни јурисдикции за даночни цели и кои имаат дадено заложба за спроведување на добри даночни …

Не постоела „бела“, „црна“ или „сива листа“, туку сме дел од земјите кои се кооперативни за даночни цели, велат од МФ Read More »

МВР: Кривична пријава за насилство против напаѓачот на Бислимоски


МВР ќе поднесе кривична пријава против А.Џ. за физичкиот напад врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во понеделникот доцна вечерта. „Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б. (45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) …

МВР: Кривична пријава за насилство против напаѓачот на Бислимоски Read More »

Скопјани утре ќе се разбудат со топли радијатори, но во 103 згради сè уште не се отстранети пречките


Поради падот на надворешните температури од утре, 7 октомври, започнува грејната сезона 2021/2022 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ. Како што посочуваат од компанијата за утре, 7.10.2021 година, се создадени надворешни услови за производство и испорака на топлинска енергија. „Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната …

Скопјани утре ќе се разбудат со топли радијатори, но во 103 згради сè уште не се отстранети пречките Read More »

Одбележан Светскиот ден на Вранецот – балканскиот амбасадор во винскиот свет


Иницијативата „Светски ден на Вранецот“ по трет пат ги обедини земјите од Западен Балкан во прославувањето на оваа автохтона сорта. Оваа година во организацијата заеднички учествуваа здружението „Вина од Македонија“, „Винска Академија“ од Црна Гора и здружението на винарии „Енологија“ од Косово. Традиционално, главниот настан се одржа на 5 октомври, овој пат во хибриден формат. …

Одбележан Светскиот ден на Вранецот – балканскиот амбасадор во винскиот свет Read More »

Фонд за осигурување на депозити: Обештетени се 12.228 депоненти на „Еуростандард банка” АД Скопје


Фондот за осигурување на депозити информира дека на 15 септември 2021 година измина една година од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица со право на обесштетување од „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај. Во текот на оваа година исплатени се точно 89,56 проценти од вкупниот пресметан износ на обесштетување или вкупно …

Фонд за осигурување на депозити: Обештетени се 12.228 депоненти на „Еуростандард банка” АД Скопје Read More »

Светска банка ја зголеми прогноза за растот на македонскиот БДП на 4,6 отсто


До крајот на годинава се очекува земјава да го достигне нивото на економијата што го имаше пред почетокот на пандемијата  Светската банка (СБ) ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Северна Македонија во 2021 година од 3,6 отсто на 4,6 отсто, благодарејќи на растот од 5,2 отсто во првото полугодие а по зголемената приватна …

Светска банка ја зголеми прогноза за растот на македонскиот БДП на 4,6 отсто Read More »

Растот во е-трговијата продолжува, 61 отсто пораст на вредноста на онлајн трансакциите и 202 нови е-продавници во првите шест месеци од 2021


Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 6 месеци заклучно до 30.06.2021 година од страна на Народната банка на Република Северна Македонија трендот на пораст како на вредноста така и на бројот на трансакциите и понатаму е значителен. Како што посочуваат од Асоцијацијата за Е-трговија на …

Растот во е-трговијата продолжува, 61 отсто пораст на вредноста на онлајн трансакциите и 202 нови е-продавници во првите шест месеци од 2021 Read More »

ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за разрешување на Филипче и Хасани


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за свикување на итна седница на Собранието согласно член 67 и член 68 од Деловникот, со две точки на дневен ред Одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и Одлука за разрешување на заменикот министер за здравство Илир Хасани, соопшти денеска пратеникот Антонио Милошоски. -Нашето прашање до …

ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за разрешување на Филипче и Хасани Read More »

Ангеловска-Бежоска – Петров: Прва национална стратегија за финтек-секторот до крајот на годината


Подготовката на Националната стратегија за развој на финтек-секторот кај нас би завршила до крајот на годинава. За успешно да се изработи и да се спроведе Стратегијата, како една од стратегиските цели на Народната банка, е потребно активно вклучување на голем број институции. Оттука, во Народната банка беше остварена средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита …

Ангеловска-Бежоска – Петров: Прва национална стратегија за финтек-секторот до крајот на годината Read More »

Помалку познати факти од светската историја: Чумата како биолошко оружје на македонските револуционери


Светската историја е полна со помалку познати, „споредни“ случки и настани коишто можеби не нашле свое место во општото познавање и знаење на луѓето, но вреди да се проследат… Следат неколку такви занимливости. 1. Синот на Абрахам Линколн – Роберт Тод Линколн „ја имал среќата“ да биде сведок на три атентати врз државни претседатели на …

Помалку познати факти од светската историја: Чумата како биолошко оружје на македонските револуционери Read More »

„Мерцедес-Бенц“ ја намалува опремата за автомобили поради недостиг на чипови


Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ потврди дека поради кризата со чипови, не може да ги испорача сите возила со комплетна техничка опрема. – Во такви случаи, клиентите можат да ги добијат нарачаните автомобили со намалена опрема по пониска цена, изјави портпаролка на „Мерцедес-Бенц“. Доколку купувачот не се согласи со изменетата понуда, може да се повлече …

„Мерцедес-Бенц“ ја намалува опремата за автомобили поради недостиг на чипови Read More »

Ивица Талевски нов претседател на Македонската асоцијација за рударство


Развој на рударскиот сектор согласно највисоките принципи за заштита на животната средина, поддршка на заедницата и интензивирање на соработката со сите релевантни партнери, најави Ивица Талевски, директор за одржливост на рудникот САСА, кој беше едногласно избран за нов претседател на Македонската асоцијација за рударство (МАР) при Стопанската комора на Северна Македонија. Во својот настап пред …

Ивица Талевски нов претседател на Македонската асоцијација за рударство Read More »

Претседателот на РКЕ Бислимоски е добар, нападот пријавен во МВР


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентит кој се случи синоќа каде тој беше нападнат во центарот на градот. Нападот е пријавен во МВР, информира портпаролот на РКЕ Марина Узунов. -Сакам да ја информирам јавноста дека како и до …

Претседателот на РКЕ Бислимоски е добар, нападот пријавен во МВР Read More »

Свиркачот кој ги откри мрачните тајни на Фејсбук сведочеше пред Сенатот


Фејсбук, освен најдолгиот пад во историјата на таа мрежа, има многу поголеми проблеми. Црна дамка на компанијата фрли поранешна вработена, дојавувач кој ги откри мрачните тајни на Фејсбук. Таа ги обвинува за измама на јавноста, загрозување на безбедноста на децата, поттикнување насилство и многу повеќе. Личноста која го потресе Фејсбук и пред неговиот пад вчера, …

Свиркачот кој ги откри мрачните тајни на Фејсбук сведочеше пред Сенатот Read More »

Погледнете го соочувањето помеѓу Хабиб и Роналдо – кој прв „трепна“


Хабиб Нурмагомедов веќе неколку дена е во Англија, каде што се дружеше и со ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо Пред неколку дена, легендарниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов пристигна во Англија на покана од неговиот голем пријател Кристијано Роналдо. Тој присуствуваше на првенствениот натпревар помеѓу Манчестер и Евертон на „Олд Трафорд“, го запозна Сер …

Погледнете го соочувањето помеѓу Хабиб и Роналдо – кој прв „трепна“ Read More »

Чешката Влада сака да ги „замрзне“ платите на политичарите пред изборите


Чешката владина коалиција сака да ги замрзне платите на политичарите во следните пет години, потег што доаѓа непосредно пред парламентарните избори што ќе се оддржат во петок и сабота, јави ДПА. За предлогот на популистичката партија АНО (ДА) на премиерот Андреј Бабиш и социјалдемократската ЦССРД денеска гласаа 133 пратеници, а само еден пратеник беше воздржан …

Чешката Влада сака да ги „замрзне“ платите на политичарите пред изборите Read More »