Претседателите на САД и Кина ќе имаат виртуелна средба пред крајот на годината


САД и Кина постигнаа начелен договор за виртуелна средба меѓу нивните претседатели пред крајот на годината. Ова го соопшти висок претставник на американската влада по вчерашните билатерални разговори на високо ниво, јавија американски медиуми. Разговорите меѓу советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан и кинескиот дипломат Јанг Џиечи, се одржаа зад затворени врати …

Претседателите на САД и Кина ќе имаат виртуелна средба пред крајот на годината Read More »

НАТО протера осум членови на руската мисија


НАТО протера осум членови на руската мисија од алијансата, тврдејќи дека работеле тајно како разузнавачи, изјави неименуван претставник на НАТО. „Можеме да потврдиме дека ги повлековме акредитациите за осум членови на руската мисија во НАТО, кои беа непријавени руски разузнавачи“, изјави претставник на НАТО. Тој додаде дека НАТО, исто така, го намали бројот на позиции …

НАТО протера осум членови на руската мисија Read More »

Земјотрес од 5,7 степени по Рихтер во Пакистан – најмалку 20 загинати и повеќе од 200 повредени


Најмалку 20 луѓе загинаа, а повеќе од 200 се повредени во земјотресот што го погоди јужен Пакистан, изјави во четвртокот директорот на Дирекцијата за управување со катастрофи Насир Насир. Земјотресот со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала беше релативно плиток на 20 километри со епицентар на 102 километри источно од Квејт, соопшти Американскиот геолошки …

Земјотрес од 5,7 степени по Рихтер во Пакистан – најмалку 20 загинати и повеќе од 200 повредени Read More »

Само вакцинираните во Лос Анџелес ќе можат да одат во ресторани, фризери и спортски натпревари


Градскиот совет на Лос Анџелес гласаше со 11 наспроти два за да се воведат најстрогите анти-епидемиски мерки во САД, јавија американските медиуми. Од 4 ноември, секој кој оди во ресторан, салон за маникир, фитнес или на натпревар на кошаркарскиот тим Лос Анџелес Лејкерс ќе треба да приложи потврда за вакцинација. Негативен ПЦР тест, не постар …

Само вакцинираните во Лос Анџелес ќе можат да одат во ресторани, фризери и спортски натпревари Read More »

СЗО: Во Авганистан ќе пропаднат околу 1,6 милиони вакцини


Околу 1,6 милиони дози на вакцини против коронавирус во Авганистан мора да се искористат што е можно побрзо, затоа што наскоро им истекува рокот, соопшти Светската здравствена организација. Меѓународната организација истакна дека од почетокот на август, тестирањето и вакцинацијата против Ковид-19 во земјата се значително намалени. И покрај сите тешкотии на теренот, СЗО соопшти дека продолжува да …

СЗО: Во Авганистан ќе пропаднат околу 1,6 милиони вакцини Read More »

Канада воведува задолжителни вакцини за федералните службеници и за превоз


Канада ќе ги испрати невакцинираните федерални службеници на неплатено отсуство и ќе бара вакцини против Ковид-19 за секој што патува со авион, воз или брод, изјави премиерот Џастин Трудо, презентирајќи едни од најстрогите досегашни политики за вакцинација во светот. До 29 октомври, сите федерални службеници ќе треба да се изјаснат на онлајн портал дека завршиле циклус на имунизација. Луѓето …

Канада воведува задолжителни вакцини за федералните службеници и за превоз Read More »

Уште девет дена кампања за Локалните избори


На политичките партии и кандидатите за градоначалници и советници им преостануваат уште девет дена да ја претстават својата програма пред граѓаните. Кампањата за претстојните локални избори завршува на 15 октомври на полноќ. Европската унија, пожарот во тетовската модуларна болница, како и нови инвестициски проекти, покачување на минималната и просечната плата, доминираа во вчерашните излагања на …

Уште девет дена кампања за Локалните избори Read More »

До сега од Ковид заболеле над 193 илјади граѓани, во моменов активни 10.819 случаи


Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 193.458, од кои во моментов активни се 10.819, откако вчера беа регистирани 406 нови случаи од вкупно направени 3.149 тестирања. Најголем број активни случаи има во Скопје и тоа 5.217, а потоа следуваат Куманово со 961 и Тетово со 836. По четири активни …

До сега од Ковид заболеле над 193 илјади граѓани, во моменов активни 10.819 случаи Read More »

ЕК го притиска Ѓукановиќ за „Пандорините документи“, за него тоа е уште една исконструирана афера


По непријатностите што во изминатите два-три дена ги имаа поранешниот британски премиер Тони Блер, украинскиот претседател Володомир Зеленски, чешкиот премиер Андреј Бабиш и редица други светски лидери, монарси, шеици, светски ѕвезди, кои мораа да даваат јавни одбрани од сериозните обвинувања изнесени во документот „Pandora paper’s“ на Меѓународниот истражувачки конзорциум од преку 150 светски медиуми и …

ЕК го притиска Ѓукановиќ за „Пандорините документи“, за него тоа е уште една исконструирана афера Read More »

Форум „Кражби на музејски предмети и недозволена трговија со културните добра“


Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“ во соработка со Македонскиот национален комитет на ИКОМ, денеска организира форум на тема „Кражби на музејски предмети и недозволена трговија со културните добра“. Целта на форумот е преку отворена дискусија да се нотираат недостатоците, слабостите и механизмите на превенција и заштита на културното …

Форум „Кражби на музејски предмети и недозволена трговија со културните добра“ Read More »

Од денеска парно греење за скопјани


Од денеска започнува испораката на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, што се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). – Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија …

Од денеска парно греење за скопјани Read More »

Иницијатива на Светската федерација на берзи „Да заѕвониме за финансиска писменост“


Рекордни 78 берзи меѓу кои и Македонска берза АД Скопје ќе учествуваат годинава во иницијативата на Светската федерација на берзи „Да заѕвониме за финансиска писменост“, како поддршка на кампањата „Светската недела на инвеститорот“, во организација на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност. Иницијативата трае од 4 октомври до 10 октомври, при што берзите …

Иницијатива на Светската федерација на берзи „Да заѕвониме за финансиска писменост“ Read More »

Облачно и студено со дожд и ветер


Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и проследени со засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 литри дожд на квадратен метар. Максималните температури ќе бидат во интервал од 10 до 16 степени. Во …

Облачно и студено со дожд и ветер Read More »

Далмација ја стресе силен земјотрес од 4,6 степени по Рихтер, граѓаните во паника


Неколку минути пред 22 часот, Далмација ја потресе земјотрес. Сеизмолошката служба објави дека земјотресот бил со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала. Првата информација од веб -страницата на ЕМСЦ беше дека јачината на земјотресот е 5,1 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил во Бушко Езеро во БиХ. По првиот силен, следуваа неколку послаби потреси, …

Далмација ја стресе силен земјотрес од 4,6 степени по Рихтер, граѓаните во паника Read More »

Концептот на ВМРО-ДПМНЕ е „Три Пи“, вели Мицкоски


Од вашата одлука зависи дали ќе им подарите нови четири години на оние кои ги изневерија сите ваши очекувања, кои не исполниjа буквално ништо од тоа во што се колнеа и оние кои мандатите ги завршуваат во буквална одлепеност од реалноста и велат дека се најдобри кога вие најдобро знаете дека се најлошите досега, порача …

Концептот на ВМРО-ДПМНЕ е „Три Пи“, вели Мицкоски Read More »

ДУИ гледа голем потенцијал во планинскиот туризам


Кандидатот за градоначалник на Општина Боговиње Бесник Емшиу и носителот на листата со советници Илир Елези од ДУИ вечерва на централен митинг ја претставија програмата која се нуди пред гласачите. На митингот присуствуваше и дел од партиското раководство предводени од претседалот на ДУИ, Али Ахмети. -Вашата агенда ќе биде полна со задачи, ние сме подготвени …

ДУИ гледа голем потенцијал во планинскиот туризам Read More »

Заев: Од 1 јануари идната година просечната плата ќе биде 500, а минималната 300 евра


Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра, најави денеска од Свети Николе претседателот на СДСМ Зоран Заев. – Земјоделците ни се важни, ги алоциравме субвенциите и секој пат кога е потребно дополнително интервенираме од буџетот, работниците ни се важни, ги покачивме платите и ги мотивиравме компаниите …

Заев: Од 1 јануари идната година просечната плата ќе биде 500, а минималната 300 евра Read More »

„Епл“ десет години по ерата на Стив Џобс: Станаа „фабрика“ за пари, но ја загубија „аурата“ на иновации


Десет години по смртта на Стив Џобс, „Епл“ се трансформираше во екосистем на уреди и услуги, поскап од сите други компании во светот, но ја загуби „аурата“ на иновации својствени за неговиот митски статус. „Тим Кук не е Стив Џобс“, „Епл повеќе не е иноватор“, „Стив Џобс се врти во гробот“ и слични коментари е …

„Епл“ десет години по ерата на Стив Џобс: Станаа „фабрика“ за пари, но ја загубија „аурата“ на иновации Read More »

Неколку ранети во пукање во средно училиште во Тексас


Неколку лица се повредени за време на пукање денеска наутро во гимназијата „Тимбервју“, во градот Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас, соопшти полицијата, пренесоа американските медиуми. Училишниот округ „Менсфилд ИСД“ во писмо до родителите потврди дека полицијата истражува активен напад во средното училиште. Во писмото се додава дека учениците и вработените се затворени во своите …

Неколку ранети во пукање во средно училиште во Тексас Read More »

Шведска ја прекина вакцинацијата со „Модерна“ на помлади од 30 години


Шведска нема да ја користи вакцината на „Модерна“ против Ковид-19 за луѓе родени во 1991 година и порано, по извештаите за можни ретки несакани ефекти како што е миокардитис, објави денеска Институтот за јавно здравје.   Шведскиот институт соопшти дека податоците укажуваат на поголема инциденца на миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на …

Шведска ја прекина вакцинацијата со „Модерна“ на помлади од 30 години Read More »