МЗ: Ревакцинирани 45 отсто од полнолетните граѓани


Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 3.250 дози вакцини, од кои 884 се аплицирани како прва доза, 2.257 се ревакцинирани, а 109 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 16 октомври вкупно се вакцинирани 799.012 граѓани, ревакцинирани се 760.317, а трета доза примиле 1.148 граѓани. Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 …

МЗ: Ревакцинирани 45 отсто од полнолетните граѓани Read More »

„Северен тек 2“ исполнет со технички гас


Првата линија на гасоводот Северен тек 2 е исполнета со технички гас и подготвена за транспорт, објави во понеделникот компанијата што ќе управува со испораките на руски гас во Европа која се соочува со енергетската криза. Околу 177 милиони кубни метри технички гас се впумпани во цевките потребни за одржување на притисок кој сега изнесува …

„Северен тек 2“ исполнет со технички гас Read More »

Во Конгресот на САД на 26 октомври расправа за Западен Балкан


Во американскиот Конгрес на 26 октомври ќе се одржи расправа со наслов „Ангажман на САД на Балканот“, на која треба да се дискутираат насоките на американската политика. Сослушувањето треба да се одржи во 14 часот по локално време, или 20 часот по средноевропско време, според веб – страницата на Одборот за надворешни работи. Пред неколку …

Во Конгресот на САД на 26 октомври расправа за Западен Балкан Read More »

Првични резултати во Косово: Во 19 општини избран градоначалник во прв круг


По преброени повеќе од половина од гласачките ливчиња, резултатите укажуваат дека во Косово се избрани градоначалници на 19 општини уште во првиот круг, пишува Коссев. Од досега објавените резултати на веб -страницата на Централната изборна комисија, Дечани, Качаник, Јужна Митровица, Лепосавиќ, Липљан, Ново Брдо, Обилиќ, Пеќ, Србица, Штрпце, Сува Река, Урошевац, Зубин Поток, Звечан, Генерал …

Првични резултати во Косово: Во 19 општини избран градоначалник во прв круг Read More »

Забавува растот на кинеската економија


Во третиот квартал од 2021 година, кинеската економија забележа најбавен раст во последната година од 4,9 проценти, поради проблеми со дефицитот на електрична енергија, проблеми во синџирот на снабдување и големиот потрес на домашниот пазар на недвижности, соопшти Националната завод за статистика (NBS). – Заздравувањето на домашната економија сè уште е нестабилно и нерамномерно, рече портпаролот на НБС, Фу Лингви, на брифинг …

Забавува растот на кинеската економија Read More »

Истражување на ЦЕПЕР: Потрошувачите во Централна Европа сè почесто користат безготовинско плаќање


Потрошувачите во пет земји од Централна Европа, вклучително и Словенија, од почетокот на пандемијата на Ковид-19 почесто користат безготовинско плаќање, покажува истражувањето на Центарот ЦЕПЕР. Електронското плаќање е најпопуларно во Словенија, каде што мнозинството испитаници потврдија дека бараат од трговците да понудат барем еден облик на безготовинско плаќање, јави СТА. Во Словенија, Словачка, Чешка, Унгарија …

Истражување на ЦЕПЕР: Потрошувачите во Централна Европа сè почесто користат безготовинско плаќање Read More »

Форд со голема инвестиција во Велика Британија


Автомобилскиот гигант Форд ќе инвестира 230 милиони фунти (315 милиони долари) во една од своите фабрики во Велика Британија за производство на компоненти на електрични возила, што ќе даде огромен поттик за автомобилската индустрија, јави ДПА. Компанијата соопшти дека фабриката во Хејлвуд на Мерсисајд, во близина на Ливерпул, ќе се „трансформира“ за да изработува електрични …

Форд со голема инвестиција во Велика Британија Read More »

Гафови на светски лидери при „исклучен” микрофон


Не се случува тоа често, но јавноста понекогаш добива можност да дознае што навистина мислат светските големци еден за друг. „Политико“ ги разгледува случаите што се појавија на насловните страници, сведочејќи дека светската елита не е имуна на озборувањето „зад грб“, но пред несреќно вклучен микофон… Елизабета Втора: Овие луѓе „не прават ништо“ за климата …

Гафови на светски лидери при „исклучен” микрофон Read More »

Строгите рестриктивни мерки во Оукленд остануваат во сила уште две недели


Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн соопшти дека заклучувањето во најголемиот град во земјата, Оукленд, ќе остане во сила уште две недели. – Нема да има промени во рестриктивните мерки воведени во Оукленд пред повеќе од два месеци, рече Ардерн на прес-конференција и нагласи дека рестриктивните мерки во Оукленд се најстрогите меѓу земјите на Организацијата …

Строгите рестриктивни мерки во Оукленд остануваат во сила уште две недели Read More »

Кина тестирала нова хиперсонична ракета


Кина во август тестирала нова хиперсонична ракета, јави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неколку извори. Ракетата со нуклеарен капацитет кружела над Земјата во ниска орбита пред да забрза кон својата цел, „демонстрирајќи напредни вселенски способности што ги изненадија САД“, велат изворите. Три извори запознаени со разузнавачки извештаи за Фајненшл Тајмс изјавиле дека ракетата ја промашила …

Кина тестирала нова хиперсонична ракета Read More »

Фејсбук ќе создаде 10.000 работни места во ЕУ заради создавање на т.н. мета-вселена


Фејсбук најави дека во наредните години ќе отвори 10.000 нови работни места во ЕУ за висококвалификувани професионалци кои ќе помогнат во изградбата на „мета-вселена“, јави ДПА. Создавањето паралелен дигитален свет е сон на основачот на Фејсбук Марк Закерберг. Компанијата работи со други партнери за да развијат „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства користејќи технологии …

Фејсбук ќе создаде 10.000 работни места во ЕУ заради создавање на т.н. мета-вселена Read More »

Локални избори: Партиите не ги чекаат официјалните резултати – сите се чувствуваат победници


Во очекување на официјалните резултати на Државната изборна комисија, најголемите политички партии ввеќе прогласија победа по првиот круг на Локалните избори што се одржаа вчера. Најмногу слави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ велат дека по завршување на вториот круг ќе имаат повеќе градоначалници од главниот политички конкурент, прославуваат и ДУИ и Алијанса на Албанците кои велат …

Локални избори: Партиите не ги чекаат официјалните резултати – сите се чувствуваат победници Read More »

Средба на шефовите на дипломатиите од ЕУ – тема и Западен Балкан


Министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за односите со Западен Балкан, во контекст на средбата помеѓу високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и лидерите од регионот во ОН. Според српската агенција Бета тие „ќе разговараат и за ситуацијата во северно Косово“, се наведува во подготвителната …

Средба на шефовите на дипломатиите од ЕУ – тема и Западен Балкан Read More »

Сообраќајот на патот Дебар-Маврово Ростуше по една лента поради свлечиште


Сообраќајот на регионалниот пат Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти хотел „Дебарски Бањи“, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента поради свлечиште. Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор …

Сообраќајот на патот Дебар-Маврово Ростуше по една лента поради свлечиште Read More »

Фумио Кишида: Отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима не може да се одложи


Новиот јапонски премиер Фумио Кишида рече дека отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима, оштетена во 2011 година за време на земјотрес и цунами, не може да се одложи и покрај загриженоста на локалното население. Во говорот за време на неговата прва посета на објектот откако ја презеде функцијата, премиерот Кишида рече дека неговата …

Фумио Кишида: Отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима не може да се одложи Read More »

Изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал и премиера на документарецот „Aretha Franklin: Amazing Grace“


Пред почетокот на овогодишниот 40. Скопски џез фестивал, што ќе се одржи од 20 до 24 октомври, вечерва во 19 часот, како програма плус во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде отворена изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал насловена „Complicate Simply“. По отворањето на изложбата во Киното Фросина во МКЦ …

Изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал и премиера на документарецот „Aretha Franklin: Amazing Grace“ Read More »

Отворање изложба ,,Raffaelo Opera Omnia“ во Археолошкиот музеј


Изложбата „Raffaelo: Opera Omnia“ од утре ќе биде отворена за посетители во Археолошкиот музеј. Македонската јавност од вторник до недела, од 10 до 18 часот, ќе има можност да погледне 14 дела од најпознатите портрети на Рафаело Санти. Оваа изложба е во соработка со Италијанската амбасада и на неа ќе бидат изложени 14 дела, портрети …

Отворање изложба ,,Raffaelo Opera Omnia“ во Археолошкиот музеј Read More »

Денови на руската наука во МАНУ


Од денеска до 21 октомври ќе се одржат Денови на руската наука, во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Свеченото отворање ќе се одржи во МАНУ, а како што најавија организаторите, во рамки на настанот ќе се …

Денови на руската наука во МАНУ Read More »

Шанса за Центар: Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме


Групата избирачи „Шанса за Центар”, кои учествуваа со своја листа на кандидати за советници во Општина Центар, објавија дека според досега објавените резултати, ќе имаат тројца советници. „Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме. Во советот е моќта и ние ќе бидеме вашиот глас и вашата сила таму.“, објавија тие на …

Шанса за Центар: Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме Read More »

Почнуваат отворените денови на Институтот за македонски јазик


Манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик јазик „Крсте Мисирков“ почнува денеска. Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на Институтот. Денеска е свеченото отворање, а настанот ќе трае шест дена до 22 октомври. На денешното свечено отворање поздравни обраќања ќе имаат Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје и …

Почнуваат отворените денови на Институтот за македонски јазик Read More »