САД: Одбор поддржа Бенон да се обвини за непочитување на Конгресот


Одбор на Претставничкиот дом на САД, што го истражува упадот во Капитол на 6 јануари, едногласно ги поддржа обвинувањата против поранешниот советник во Белата куќа, Стив Бенон, за непочитување на Конгресот. Бенон претходно беше повикан да сведочи, но тој одби, што Одборот го оцени во својата одлука како – шокантно. Одлуката на Одборот отвора пат …

САД: Одбор поддржа Бенон да се обвини за непочитување на Конгресот Read More »

Почнува скрининг на учениците за Ковид-19 во девет средни училишта во Скопје


Од денеска почнува скрининг на ученици за Ковид-19 во девет средни училишта во Скопје. Во текот на денешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, соопшти Министерството за здравство. Тестирањето на учениците, како што се …

Почнува скрининг на учениците за Ковид-19 во девет средни училишта во Скопје Read More »

Американски работници се соочени со откази ако не се вакцинираат против Ковид-19


На илјадници невакцинирани работници низ САД им се заканува отказ бидејќи се повеќе држави, градови и приватни компании почнуваат да воведуваат задолжителна вакцинација против Ковид-19. Државниот универзитет во Вашингтон го отпушти својот главен фудбалски тренер и четворица негови помошници затоа што не ги исполниле условите наметнати од универзитетот во врска со Ковид-19. Тренерот Ник Ролович …

Американски работници се соочени со откази ако не се вакцинираат против Ковид-19 Read More »

Фејсбук ќе плати 14 милиони долари за дискриминација на Американци


Фејсбук се согласи да плати 14,24 милиони долари за да го запре гонењето на американските власти кои го обвинуваат за доделување на некои добро платени работни места на странски државјани, на штета на американските граѓани и жителите со дозвола за постојан престој (зелена карта). Американското Министерство за правда поднесе тужба кон крајот на 2020 година, тврдејќи дека социјалната …

Фејсбук ќе плати 14 милиони долари за дискриминација на Американци Read More »

Најмала излезност на локалните избори од независноста на државата, Заев и Мицкоски повикуваат на мобилизација пред вториот круг


Пред вториот круг на локалните избори што треба да се одржат на 31 октомври, претседателот на СДСМ Зоран Заев со писмо до членството апелира за мобилизација и обединување, а лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на здружена опозиција. СДСМ во вториот круг има вкупно 32 кандидати во општините и Град Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ има …

Најмала излезност на локалните избори од независноста на државата, Заев и Мицкоски повикуваат на мобилизација пред вториот круг Read More »

Почнува јубилејното 40. издание на Скопје џез фестивал


Од денеска до 24 октомври во Националната опера и балет и Кино Фросина ќе се одржи 40-тото издание на Скопје џез фестивал. На фестивалот ќе настапат 11 изведувачи од Северна Македонија, Европа, Куба и САД. -Фестивалот вечер ќе го отвори супер-херојот на скандинавската џез сцена Матс Густафсон со свој специјален соло рецитал на саксофони. Од …

Почнува јубилејното 40. издание на Скопје џез фестивал Read More »

„Младински климатски самит“ во Скопје


„Младински климатски самит“ ќе се одржи денеска во Кино Фросина во Младински културен центар. Целта на самитот е отворање дијалог меѓу младите и претставниците од националните институции на теми поврзани со климатската акција. По глобалните конференции „Youth4Climate – Driving ambition” во Милано и пред 26-та Конференција на ОН за климатски промени во Глазгов, УНИЦЕФ, заедно …

„Младински климатски самит“ во Скопје Read More »

Изложба на дела од Пабло Пикасо во Домот на култура во Ѓорче Петров


Изложба на Пабло Пикасо, керамики, цртежи, и графики од колекцијата на ОСТЕН, ќе биде поставена во Домот на култура во Ѓорче Петров. Во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж се наоѓаат 83 оригинални дела на Пабло Пикасо од кои осум цртежи, 26 керамики, а другите рачно потпишани графики. Дел од нив ќе бидат изложени на …

Изложба на дела од Пабло Пикасо во Домот на култура во Ѓорче Петров Read More »

Филмот „Четири кралеви“ во Кинотека на Северна Македонија


Во Кинотека на Северна Македонија, денеска ќе биде прикажан  првиот од серијата германски филмови на тема „​солидарност“ – четири кралеви на режисерката Тереза фон Елц. Главни ликови во филмот се четворица млади, Алекс, Лара, Федја и Тимо. Една млада девојка влече Новогодишна елка сама низ зимските улици. АЛЕКС (16) сака да ѝ го направи Божиќ на својата мајка …

Филмот „Четири кралеви“ во Кинотека на Северна Македонија Read More »

Претежно сончево, со температура до 22 степени


Времето денеска ќе биде претежно сончево, претпладне во јужните делови со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 17 до 22 степени, информираат од УХМР. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и тивко. Минималната …

Претежно сончево, со температура до 22 степени Read More »

„Џонсон и Џонсон“ очекува 2,5 милијарди долари приход од продажба на вакцини во 2021 година


Американскиот фармацевтски гигант „Џонсон и Џонсон“ денеска ја зголеми годишната прогноза за профитот и потврди дека очекува 2,5 милијарди американски долари приход од продажбата на вакцината против Ковид-19. На почетокот од годинава, „Џонсон и Џонсон“ се соочи со проблеми во производството на вакцини во фабриката во Балтимор и беше принуден да уништи милиони дози, да …

„Џонсон и Џонсон“ очекува 2,5 милијарди долари приход од продажба на вакцини во 2021 година Read More »

Вучиќ со Џони Деп, кој ќе биде одликуван со орден за заслуги


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се сретна со холивудската ѕвезда Џони Деп, кој денеска пристигна во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Деп доаѓа во Белград по повод промоцијата на неговата анимирана серија произведена во Србија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студио“ (ИЕС). – Продукцијата …

Вучиќ со Џони Деп, кој ќе биде одликуван со орден за заслуги Read More »

Бугарија од четврток воведува ковид сертификати за влез на јавни места


Бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров, најави дека од четврток, 21 октомври, во земјата ќе се воведат нови антиепидемиолошки правила во борбата против епидемијата на коронавирусот. За сите собири со луѓе во затворен простор ќе биде потребен сертификат за вакцинација, доказ за прележана болест или негативен ПЦР тест. Како што јави дописникот на МИА од …

Бугарија од четврток воведува ковид сертификати за влез на јавни места Read More »

ОЕЦД: Пандемиските долгови ќе ги надминат долгорочните трошоци за здравство и пензии


Трошоците за отплата на долговите акумулирани во пандемиската криза ќе бидат занемарливи во споредба со оние што ги носат долгорочните трендови како што се финансирање пензии и здравствени услуги во услови на стареење на населението, предупреди ОЕЦД. Во пандемијата на Ковид-19, државите натрупаа огромни долгови за да им помогнат на граѓаните и компаниите да ја …

ОЕЦД: Пандемиските долгови ќе ги надминат долгорочните трошоци за здравство и пензии Read More »

Изградбата на пругата кон Бугарија ќе продолжи во првиот квартал следната година


Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски очекува постапката за избор на изведувач на првите две фази од пругата со Бугарија да заврши до крај на годинава, а градбата да стартува во првиот кравтал следната година. -Северна Македонија е силно посветена на евроинтеграцискиот процес и на интегрирање на транспортните системи со земјите од регионот и …

Изградбата на пругата кон Бугарија ќе продолжи во првиот квартал следната година Read More »

Октомвриските пензии ќе бидат достапни од 26 овој месец


Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец октомври 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.10.2021 година. Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со октомвриските …

Октомвриските пензии ќе бидат достапни од 26 овој месец Read More »

Укинато е ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти


Владата на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана). Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на …

Укинато е ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти Read More »

Расходите од Буџетот сметководствено ќе се евидентираат кога настануваат, а не кога се плаќаат


До крајот на 2022 година ќе се спроведе реформа во буџетското сметководство и од готовинско ќе се премине на пресметковно начело, најави заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на ИПСАС обуката за сметковители во јавниот сектор организирана од страна на Центарот за извонредност на финансиите што денеска се одржа во Охрид. – Согласно „модифицирано пресметковно начело“ …

Расходите од Буџетот сметководствено ќе се евидентираат кога настануваат, а не кога се плаќаат Read More »

НАСА: „Луси“ има проблеми


Американската вселенска агенција НАСА лансираше ново летало викендов. Роботското вселенско летало наречено „Луси“ беше испратено во вселената за да ги истражи астероидите околу Јупитер, но беа откриени проблеми со еден од двата главни сончеви панели, кои се клучни за собирање сончева светлина и генерирање енергија за 12-годишното патување низ Сончевиот Систем. „Луси“ полета во саботата, …

НАСА: „Луси“ има проблеми Read More »

Скопје, Софија и Тирана се договорија Коридорот 8 да биде готов до 2030 година


Министрите за транспорт на Македонија, Бугарија и на Албанија, Благој Бочварски, Христо Алексиев и Белинда Балаку, денеска во Софија потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на Коридорот 8. Документот одредува јасни датуми за развој на трите земји и нивните активности на Коридорот 8. По потпишувањето на Меморандумот, министерот Бочварски изјави дека Скопје е силно посветено …

Скопје, Софија и Тирана се договорија Коридорот 8 да биде готов до 2030 година Read More »