ФАО: Цените на храната во светот се искачија на нов десетгодишен максимум


Цените на храната во светот во октомври трет месец по ред бележат раст и се искачија на нов десетгодишен максимум, повторно предводени од растот на цените на житарките и растителните масла, објави денеска Агенцијата за храна на Обединети нации. Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), кој ги следи најтргуваните …

ФАО: Цените на храната во светот се искачија на нов десетгодишен максимум Read More »

ЕБОР предвидува раст на македонската економија од 4 отсто во 2021 и 2022 година


Раст на македонската економијата од четити отсто за годинава и за 2022, предвидува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за економските перспективи на земјите од Западен Балкан. -Закрепнувањето е во тек во Северна Македонија, со раст поттикнат и од домашната и од надворешната побарувачка. Потрошувачката на домаќинствата силно порасна, поддржана од …

ЕБОР предвидува раст на македонската економија од 4 отсто во 2021 и 2022 година Read More »

Прилеп со награда за животно дело му се оддолжи на Тачко Локвенец: Со врвното перо остави печат во времето


Тачко Локвенец, новинарот кој успеа Прилеп да го наметне како еден од центрите на општествениот живот на Македонија, постхумно е добитник на наградата за животно дело што Прилеп ја доделува по повод 3 Ноември-Денот на ослободувањето на градот. Локвенец кој беше еден од врвните мајстори на македонскиот журнализам, често недофатлив во својот стил, почина во …

Прилеп со награда за животно дело му се оддолжи на Тачко Локвенец: Со врвното перо остави печат во времето Read More »

Чадеж: Од наредната година Србија, Северна Македонија и Албанија со единствена работна дозвола


Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од идната година може да се сметаат на единствена работна дозвола и единствен информативен систем, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж. Според Чадеж, како што јави дописникот на МИА од Белград, во сите три земји се гледа политичка волја, а направени се и многу …

Чадеж: Од наредната година Србија, Северна Македонија и Албанија со единствена работна дозвола Read More »

На Вселенскиот патријарх Вартоломеј во болница во Њујорк му е вграден стент


На вселенскиот патријарх Вартоломеј му е ставен стент во болницата „Маунт Синај“ во Њујорк, откако се почувствувал лошо за време на неговата посета на САД, пренесоа француските медиуми. Вселенскиот патријарх денеска ќе биде отпуштен, откако ноќта ја мина во болница на Менхетен, се наведува во соопштението на Грчката православна црква во кое се нагласува дека …

На Вселенскиот патријарх Вартоломеј во болница во Њујорк му е вграден стент Read More »

Промоција на книгата „Ловро Матачиќ” од Ана Видиќ


Во фоајето на Националната опера и балет денеска ќе се одржи промоција на книгата „Ловро Матачиќ” од авторката и музикологот Ана Видиќ. Издавач на книгата е Фондацијата „Ловро и Лили Матачиќ“ од Загреб. Како што соопштија од Националната опера и балет, промотори на книгата ќе бидат музикологот Јулијана Папазова и генералниот секретар на Фондацијата „Ловро …

Промоција на книгата „Ловро Матачиќ” од Ана Видиќ Read More »

Варгас: Мафијата од Балканот е главен сојузник на кланот Голфо


Шефот на колумбиската полиција Хорхе Луис Варгас изјави дека еден од петте главни сојузници на наркокартелот Клан дел Голфо е балканската мафија. Тој наведе дека дрогата од Колумбија и од Централна Америка со бродски контејнери е транспортирана до Холандија и до Шпанија, а потоа по копно до Балканот. – Ова злосторничка организација има пет главни …

Варгас: Мафијата од Балканот е главен сојузник на кланот Голфо Read More »

Израелскиот Кнесет изгласа буџет за првпат од март 2018, избегнaти нови избори


Израелскиот Парламент (Кнесетот) доцна синоќа го одобри предложениот буџет на владата, избегнувајќи ја потребата од нови избори, јави ДПА. Израелскиот Кнесет го усвои државниот буџет за 2021 година со 61 глас „за“ од вкупно 120 пратеници. Со оваа тесна одлука Израел доби нов буџет за првпат од март 2018 година, јави весникот „Џерусалем пост“. Буџетот …

Израелскиот Кнесет изгласа буџет за првпат од март 2018, избегнaти нови избори Read More »

Скопје домаќин на министерскиот состанок на регионалната иницијатива СЕДМ


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со колеги министри и високи претставници на министерствата за одбрана на земјите – членки на иницијативата SEDM (Southeast Defense Ministerial) денеска на состанок во Скопје ќе разговараат за клучните безбедносни предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот на Југоисточна Европа.  Министрите за одбрана и високите претставници на земјите – членки на крајот …

Скопје домаќин на министерскиот состанок на регионалната иницијатива СЕДМ Read More »

„Отворен Балкан“ – фокусот на дигиталната трансформација за регионална интеграција


Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок денеска во Белград, на којшто во име на Владата на Република Северна Македонија учествува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.   Димитров вчера при пристигнувањето во Белград рече дека регионалната соработка има исклучителна важност за остварување на заедничките стратешки определби на кои Владата …

„Отворен Балкан“ – фокусот на дигиталната трансформација за регионална интеграција Read More »

Парламентарното мнозинство нема да гласа за предвремени избори, опозицијата бара нивно одржување


Парламентарното мнозинство нема да гласа за предвремени избори, објави вчера СДСМ, оценувајќи дека се потврдило оти најавите за ново парламентарно мнозинство од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се несотварливи и паднале во вода. Мицкоски, пак, вчера на прес-конференција побара брзи предвремени парламентарни избори кои, според него, ќе овозможат формирање стабилна влада, способна да се соочи …

Парламентарното мнозинство нема да гласа за предвремени избори, опозицијата бара нивно одржување Read More »

Сончево со мала локална облачност, температури до 23 степени


Времето денеска претпладне долж Повардарието ќе биде магливо и со значително ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени. Во Скопје …

Сончево со мала локална облачност, температури до 23 степени Read More »

ЕРТ:Во Бугарија лажни ковид сертификати за 300 евра


Грчката државна телевизија ЕРТ јави дека Грците кои не сакаат да се вакцинираат, но сакаат да имаат сертификат за вакцинација, нелегално, по цена од 300 евра вадат европски сертификати во Бугарија, без воопшто да се вакцинираат. Според телевизијата, бугарската мрежа е веќе активна во северниот дел на земјата, а лицето кое говори за ЕРТ објаснува …

ЕРТ:Во Бугарија лажни ковид сертификати за 300 евра Read More »

Бучковски: По заминувањето на Заев, групацијата на Црвенковски има амбиции да ја преземе СДСМ


Поранешниот премиер Владо Бучковски синоќа оцени дека по заминувањето на Зоран Заев, кој даде оставка на функциите премиер и лидер на СДСМ, неколку групации покажуваат амбиции да ја преземат партијата, а меѓу нив е и Бранко Црвенковски. – Има неколку групации кои беа незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката. Едната групација е …

Бучковски: По заминувањето на Заев, групацијата на Црвенковски има амбиции да ја преземе СДСМ Read More »

Ливерпул и Ајакс изборија осминафинале во ЛШ


Екипите на Ливерпул и на Ајакс се третиот и четвртиот патник во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони по вечерните победи во 4. коло од елитното натпреварување. Претходно пласман помеѓу 16-те најдобри обезбедија Баерн Минхен и Јувентус. Резултати на средби од 4. коло во Лигата на шампионите одиграни вечерва во сегмент А-Д: Милан – Порто …

Ливерпул и Ајакс изборија осминафинале во ЛШ Read More »

Бислимоски: Маржата и профитот ќе се тргнат целосно или ќе се редуцираат при следната одлука за цената на струјата


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски уверува дека РКЕ како регулаторно тело ќе ги искористи сите механизми кои ги има на располагање со цел за да не дојде до поскапување на електричната енергија. Вели дека се размислува при носењето на следната одлука за цената на струјата да се тргнат целосно или да се …

Бислимоски: Маржата и профитот ќе се тргнат целосно или ќе се редуцираат при следната одлука за цената на струјата Read More »

Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе има


Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе има со цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании, истакна министерот за економија Крешник Бектеши, кој во вечерашното гостување на телевизија „Алсат“ порача дека Владата ја следи ситуацијата. – Моментално не се предвидени рестриктивни мерки, но ќе се прогласи кризна …

Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе има Read More »

Нов колапс на Инстаграм и Фејсбук ширум светот


Корисниците на Инстаграм и Фејсбук од голем број земји денеска повторно се пожалија на големи прекини, јави Интѕернет страницата Downdetector, која ги следи прекините и неправилностите во работата на популарните интернет мрежи. Проблеми најчесто пријавуваат корисници од САД, Франција, Германија, Велика Британија, Канада, Полска, Русија и други земји. Според Downdetector, проблемите со Инстаграм главно се …

Нов колапс на Инстаграм и Фејсбук ширум светот Read More »

Бесими: Со Предлог-буџетот се создава амбиент за развој и на општините


Постигнувањето на локален и регионален развој е една од клучните цели на Владата. Во насока на остварување на оваа цел во функција се Планот за забрзан економски раст, реформата за унапредување на фискалната децентрализација и Предлог-Буџетот за 2022 во којшто капиталните инвестиции изнесуваат 14 проценти од вкупните расходи, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на …

Бесими: Со Предлог-буџетот се создава амбиент за развој и на општините Read More »

Ако нема доволно струја прво ќе се исклучат светлечките реклами и уличното осветлување


Министерство за економија појаснува што содржи Уредбата за прогласување кризна состојба при недостиг на струја   Доколку се случи во земјава да нема доволно електрична енергија први на удар на ограничување на потрошувачката ќе се најдат светлечките реклами, осветлението на улиците, плоштадите и другите објекти ќе се намалува до минимален сигурносен обем на осветлување, потоа …

Ако нема доволно струја прво ќе се исклучат светлечките реклами и уличното осветлување Read More »