Потрошувачката на гас во Европа достигна невиден рекорд


Повлекувањето на гас од подземните складишта во Европа во ноември достигна рекорд од 2011 година, покажуваат податоците на Гас Инфраструктура Европа (ГИЕ). Потрошувачката на гас од складиштата во Европа во ноември изнесувала околу 11,68 милијарди кубни метри. Ова е втор врв од 2011 година, а првиот беше во 2016 година, кога од европските складишта за гас беа повлечени …

Потрошувачката на гас во Европа достигна невиден рекорд Read More »

Гутереш повтори дека забрана за патување и неправедна и неефикасна мерка


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека забраната за патувања воведена поради Ковид-19, која изолира која било земја или регион, „не само што е длабоко неправедна и казнена, туку е и неефикасна“. Говорејќи пред новинари во Њујорк, Гутереш рече дека единствениот начин да се намали ризикот од пренесување на вирусот, а истовремено да се овозможат патувања и економски ангажман е да се тестираат патниците неколку пати, со примена …

Гутереш повтори дека забрана за патување и неправедна и неефикасна мерка Read More »

Маричиќ: Академијата е храм на образованието во правосудниот систем


Реформите во правосудството не се само критериум за ЕУ, туку се основата за владеење на правото, што е клучно во просперитетот, напредокот и благосостојбата на државата и нејзините граѓани, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ на одбележувањето на 15-годишнината од основањето на Академијата за судии и јавни обвинители. -Во срцето на овие реформи се независни, …

Маричиќ: Академијата е храм на образованието во правосудниот систем Read More »

Лајен: Вакцините за деца ќе бидат достапни од 13 декември


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека вакцините за деца против Ковид-19 произведени од Фајзер/Бионтек ќе бидат достапни во Европската унија на 13 декември. На прес-конференција посветена на текот на пандемијата и појавата на новата варијанта Омикрон, таа исто така рече дека се согласува во Европската унија да се одржи „дискусија“ за задолжителната вакцинација. Во време кога новиот сој …

Лајен: Вакцините за деца ќе бидат достапни од 13 декември Read More »

Пендаровски: Ако една генерација ја изгуби вербата во правдата, таа ја изгубила довербата во државата


За правдата не се доволни само законите, политичките одлуки и институции. За правда е потребна промена на свеста. Затоа, сите ние, политичари, судии, обвинители, правобранители мора да се согласиме околу една работа, а тоа е дека не смее да се тргува со правдата. Ако една генерација ја изгуби вербата во правдата, таа ја изгубила довербата …

Пендаровски: Ако една генерација ја изгуби вербата во правдата, таа ја изгубила довербата во државата Read More »

Повисоките цени „скршија“ над 20 компании за снабдување со енергенси во Велика Британија


Малиот британски енергетски снабдувач Зог енерџи ја прекинува трговијата, објави денеска енергетскиот регулатор Офгам. Зог енерџи е најновата жртва на растот на големопродажните цени на енергијата, пишува Ројтерс. Повеќе од 20 енергетски компании, кои ги снабдуваат домаќинствата и деловните субјекти со гас и со електрична енергија, пропаднаа од септември, борејќи се со рекордно високите цени …

Повисоките цени „скршија“ над 20 компании за снабдување со енергенси во Велика Британија Read More »

Од Ковид-19 починаа 11 лица, регистрирани 410 нови случаи од 2.674 тестирани


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на Ковид-19, 10 починати и 290 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 410 новозаболени, во Скопје се 185, Битола – 31, Прилеп – 22, Охрид и Струмица – по 15, Велес, Кавадарци и …

Од Ковид-19 починаа 11 лица, регистрирани 410 нови случаи од 2.674 тестирани Read More »

Без дозвола изградил три ката на станбена зграда, ОЈО Гостивар поднесе обвинение


Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 56-годишен гостиварец за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар. – Од втората половина на 2018 година до 27 февруари 2019 година, на сопствено земјиште на улицата „Сретко Крстески“ во Гостивар, обвинетиот градел објект без одобрение за …

Без дозвола изградил три ката на станбена зграда, ОЈО Гостивар поднесе обвинение Read More »

Се следат состојбите, да не се создава паника со најави за високи поскапувања, велат од Владата


Не треба да се создава паника со најави за високи поскапувања, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали државата ќе го запре поскапувањето по примерот на српската влада која ги замрзна цените на основните прехранбени производи на 60 дена. -Постојат механизми, Владата ги уверува граѓаните, како и стопанствениците, дека и натаму …

Се следат состојбите, да не се создава паника со најави за високи поскапувања, велат од Владата Read More »

Арсовски: За цената на струјата и понудата на ЕСМ не е разговарано на владина седница


На владина седница не е разговарано за понудата на ЕСМ за цена на струјата кај универзалниот снабдувач и информациите во јавноста за колку проценти таа ќе поскапи се непотврдени. Не е разговарано ни за тоа дали ќе остане или не евтината тарифа од 1 јануари, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски на прес-конференција на која …

Арсовски: За цената на струјата и понудата на ЕСМ не е разговарано на владина седница Read More »

Хрватски „Инфинум“ ја презема македонската компанија за развој на софтвер „3П Девелопмент“


„Инфинум“ една од најголемите хрватски компании, со интернационално искуство за развој на дигитални производи, која работи на глобалниот пазар ја презема македонската компанија „3П Девелопмент“, за развој на софтвер. Компанијата е присутна на повеќе од 15 пазари во светот, а свои канцеларии има и во Хрватска, Словенија, САД, а отсега и во Велика Британија, Црна …

Хрватски „Инфинум“ ја презема македонската компанија за развој на софтвер „3П Девелопмент“ Read More »

Поскоро затворање на термоелектраните на јаглен во фокусот на новата кампања „Обединет Балкан за чист воздух“


Што поскоро да се затворат термоелектраните на јаглен во регионот, а граѓаните да учествуваат во одлучувањето е фокусот на регионалната кампања „Обединет Балкан за чист воздух“ која ќе се одржи втора година по ред. Целта на кампањата која почнува од 20 декември, е да се подигне свеста на граѓаните во регионот за причините и последиците …

Поскоро затворање на термоелектраните на јаглен во фокусот на новата кампања „Обединет Балкан за чист воздух“ Read More »

ЕИБ: Кредитирањето во Северна Македонија скромно се подобри, условите дополнително се влошија


Идните изгледи се помалку ветувачки отколку во регионот во целина, вклучително и за нефункционалните кредити, оценува Европската инвестициска банка   Побарувачката за кредити во Северна Македонија само скромно се подобри во изминатите шест месеци, додека условите на страната на понудата дополнително се влошија, оценува Европската инвестициска банка во најновото есенско издание за 2021 година на …

ЕИБ: Кредитирањето во Северна Македонија скромно се подобри, условите дополнително се влошија Read More »

Владата бара кризната енергетска состојба да трае до 9 јуни 2022 година


Владата на денешната 123-та седница, којашто се одржа преку интернет комуникациска врска, го утврди текстот на Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија. Со оваа Предлог-одлука …

Владата бара кризната енергетска состојба да трае до 9 јуни 2022 година Read More »

Нов домашен производ на македонскиот пазар – „функционални“ колачи „фор ју“


Седум видови колачи со активен јаглен, колаген и пробиотик, се новите производи на компанијата „Жито Пром“ – Гевгелија кои веќе може да се најдат во малопродажбата. Станува збор за т.н. функционална храна, збогатена со витамини, минерали, пробиотици и растителни влакна – нов тренд во прехранбената индустрија, чиј цел е грижа за здравјето на потрошувачите. Како …

Нов домашен производ на македонскиот пазар – „функционални“ колачи „фор ју“ Read More »

Цената на кафето е на 10-годишен врв


Кафето поскапе на највисокото ниво во изминатите 10 години, а аналитичарите очекуваат тензиите на пазарот да продолжат до 2023 година, јави Си-Ен-Би-Си. Договорите за декемвриска испорака на кафе ја завршија трговската сесија по цена од 2,34 долари за фунта. Во четвртокот, фјучерсите за кафе на Њујоршката интерконтинентална берза достигнаа 2,46 долари, со што беше највисока …

Цената на кафето е на 10-годишен врв Read More »

Турската централна банка интервенираше, лирата закрепна


Централната банка на Турција денеска интервенираше на „нездравите“ пазарни цени по што турската лира силно закрепна од рекордно ниско ниво. Турската валута драстично падна во ноември, по одлуката на централната банка за дополнително ублажување на монетарната политика и покрај зголемената инфлација, што ја поддржа претседателот Реџеп Таип Ердоган, наспроти експертската јавност, која наиде на бројни …

Турската централна банка интервенираше, лирата закрепна Read More »

Започнаа Деновите на финансиската писменост: НБ со презентации за сите заинтересирани граѓани


Денес започна петтото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска. Денеска со почеток во 14 часот ќе се …

Започнаа Деновите на финансиската писменост: НБ со презентации за сите заинтересирани граѓани Read More »

Цената на струјата во Финска надмина 400 евра за мегават час


Цената на струјата во Финска надмина 400 евра за мегават час (MWh) оваа недела, во која е забележан пикот на потрошувачката, покажуваат податоците на берзата за електрична енергија Норд Пул. Највисока цена е регистрирана на 29 ноември, дури 422 евра за мегават час, со вклучени даноци, што е за петпати повеќе од пред една година. …

Цената на струјата во Финска надмина 400 евра за мегават час Read More »

Во Хрватски Конзум од денеска може да се плаќа со криптовалути


Од денеска хрватски Конзум им овозможува на клиентите да плаќаат со криптовалути во својата онлајн продавница, што го прави првиот малопродажен синџир во Хрватска што овозможува ваков вид на плаќање. Така, физичките и правните лица, сопственици на криптовалути, можат да купуваат и да платат намирници, средства за хигиена и домаќинство и други производи од богатата …

Во Хрватски Конзум од денеска може да се плаќа со криптовалути Read More »