Облачно со северен ветар и температура до 14 степени


Времето претпладне ќе биде променливо облачно со поголема облачност во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал 1 до 7, а максималната од 8 до 14 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со …

Облачно со северен ветар и температура до 14 степени Read More »

Бектеши: Преговорите за влез на Алтернатива во Владата се при крај, наредната недела и договор за ресори


Преговорите за влез на Алтернатива во Владата се при крај. Најверојатно наредната недела лидерите на политичките партии ќе го објават и договорот што се однесува до распределба на ресори, изјави вечерва министерот за економија и кадар од ДУИ Крешник Бектеши. -Нашиот став како ДУИ е дека се добредојдени во Владата сите политички партии кои ги …

Бектеши: Преговорите за влез на Алтернатива во Владата се при крај, наредната недела и договор за ресори Read More »

Дури 70 отсто од медиумските работници известуваат од кризи без осигурување во случај на повреда


Воени конфликти, поплави, пожари, протести, а изминатата година и во време на пандемија – во сите овие кризни состојби новинарите, фоторепортерите, како и снимателите се на првата линија на фронтот за да ја информираат јавноста. Анкетата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), покажува дека новинарите и останатите медиумски работници најмногу работеле во …

Дури 70 отсто од медиумските работници известуваат од кризи без осигурување во случај на повреда Read More »

Во САД во ноември се вработиле 210.000 лица, помалку од предвиденото, но стапката на невработеност паѓа


Вработеноста во САД значително се намали во ноември со отпуштања во малопродажбата и во образованието, но стапката на невработеност покажа добри резултати од 4.2 отсто, најмалку во изминатите 21 месец, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Намалената невработеност во ноември до четири отсто е во споредба со октомври, а тоа ја одразува бројката од речиси …

Во САД во ноември се вработиле 210.000 лица, помалку од предвиденото, но стапката на невработеност паѓа Read More »

Пензиските друштва засадија желби за поубава иднина во Охрид


Денес во средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид пензиските друштва го отворија вториот „Пензиски парк“ во рамки на кампањата „Засади желба, за поубава иднина“, која освен едукација и информирање на населението за придобивките од членувањето во задолжителниот и доброволниот пензиски фонд вклучува и општествено одговорни активности. Претставниците на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, …

Пензиските друштва засадија желби за поубава иднина во Охрид Read More »

Шахпаска: Малиот групен дом во скопски Капиштец е пример за вистинска грижа за децата со попреченост​


Инклузивноста во сите општествени текови е врвен приоритет за лицата со попреченост, порача министерката за труд и социјална политика  Трети декември го одбележуваме како Меѓународен ден на лицата со попреченост, но инклузијата на овие лица во општеството е процес кој трае 365 дена во годината.  Тие се дел од нашето секојдневно живеење, наши пријатели и …

Шахпаска: Малиот групен дом во скопски Капиштец е пример за вистинска грижа за децата со попреченост​ Read More »

Судијата Трпков реизбран за претседател на подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје


Подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје на денешната седница повторно го избра за претседател на подружницата, судијата Илија Трпков. Реизборот на судијата Трпков, како што информираат, е поради претходните успешни активности и потврдена анимација на работата на Кривичниот суд Скопје. -Сето ова е во интерес на самите судии и сите принципи на обезбедување на …

Судијата Трпков реизбран за претседател на подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје Read More »

Избрани најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2021 година


Град Скопје и Агенцијата SWOT Research, агенција за анализа квалитетот на услугата, 14-ти пат го реализираа проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“, во главниот град. Најдобри угостителски објекти во Скопје за 2021 година, во четирите категории се: Категорија ресторани 1 место: Пелистер 2 место: FOUR 3 место: CARPE DIEM Категорија гостилници 1 место: Дебар маало …

Избрани најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2021 година Read More »

Од јануари поедноставни царински постапки меѓу Северна Македонија и Србија


На граничниот премин Прешево директорите на царинските управи на Република Северна Македонија и на Република Србија, Славица Кутиров и Бранко Радујко денеска потпишаа Протокол за заемно признавање на одобрениjата за Овластен економски оператор (ОЕО). Потпишувањето на Протоколот произлезе од заклучоците на министерскиот состанок што се одржа на 13-14 ноември во Ниш во рамки на иницијативата …

Од јануари поедноставни царински постапки меѓу Северна Македонија и Србија Read More »

Скопје, сепак, ќе биде украсено за Нова Година, наместо Градот тоа ќе го стори компанија


На 10 декември ќе почне новогодишното украсувањето на главниот град, најави денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Како што соопшти Град Скопје, на повикот на градоначалничката Арсовска до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат. -Ова е време кога треба да се менуваат …

Скопје, сепак, ќе биде украсено за Нова Година, наместо Градот тоа ќе го стори компанија Read More »

Кинеската компанија Диди се повлекува од Њујоршката берза


Кинеската компанија Диди за превоз на патници на повик преку мобилна апликација најави дека ќе започне со делистирање на берзата во Њујорк и дека планира да котира на пазарот на капитал во Хонг Конг. Одлуката доаѓа неполни шест месеци по иницијалната јавна понуда (IPO), односно дебито на кинескиот технолошки гигант на Волстрит, а компанијата наведува …

Кинеската компанија Диди се повлекува од Њујоршката берза Read More »

Донација од САСА на меѓународниот ден на лицатa со попреченост


И оваа година, по повод 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, САСА продолжи со својата континуирана поддршка наменета за овој важен сегмент од локалната заедница. Оваа година, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, САСА донираше опрема и материјали за Дневниот центар за лицата со попреченост, чии услуги ги користат 15 …

Донација од САСА на меѓународниот ден на лицатa со попреченост Read More »

(Видео) Каде е топката – Иранец постигна неверојатен гол во футсал натпревар


Лигата на шампионите во фудбал е едно од најгледаните телевизиски натпреварувања во светот, но би можело да добие сериозна конкуренција во сличните натпревари во футсал, доколку играчите продолжат да постигнуваат атрактивни голови во ова натпреварување. Еден од најубавите голови во историјата беше постигнат на натпреварот од Лигата на шампиони во футсал помеѓу унгарски Хонвед и …

(Видео) Каде е топката – Иранец постигна неверојатен гол во футсал натпревар Read More »

Талибанците издадоа декрет за правата на жените во Авганистан


Талибанската Влада во Авганистан денеска издаде декрет за правата на жените, во кој се наведува дека жените не треба да се сметаат за „сопственост“ и да не се принудуваат на брак. – Жената не е сопственост, туку благородно и слободно човечко суштество. Никој не може никому да му ја даде во замена за мир или …

Талибанците издадоа декрет за правата на жените во Авганистан Read More »

Основан Центар за бизнис поддршка на Бизнис конфедерацијата на Македонија


Бизнис конфедерација на Македонија (БКМ), започна со дигитализација на своето работење преку основање на Центарот за бизнис поддршка на компаниите, што придонесува кон зголемување на достапноста на услугите на конфедерацијата. Платформата Центар за бизнис поддршка, достапна преку веб страницата на БКМ, нуди советување и едукација од областа на трудовата легислатива, менаџмент со човечките ресурси и …

Основан Центар за бизнис поддршка на Бизнис конфедерацијата на Македонија Read More »

Дали „Фајзер“ сега има премногу моќ?


Американската компанија сега доминира на пазарот за вакцини против КОВИД-19. Но, дали тоа ѝ дава премногу моќ? Приказна „одвнатре“ на Фајненшел тајмс за нешто „што се случува еднаш во епохата“   Додека светските и домашните медиуми ја пренесуваат изјавата на првиот човек на фармацевтскиот гигант „Фајзер“, Алберт Бурла, кој рече дека луѓето во наредните години …

Дали „Фајзер“ сега има премногу моќ? Read More »

Ангеловска-Бежоска на конференција на ОН: Банките со сѐ поголема посветеност на зелените кредити ‒ лани раст од 23 отсто


Климатските промени можат да влијаат врз ценовната и финансиската стабилност, односно врз целите на централните банки. Оттаму, централните банки, особено на најразвиените економии, во изминатиот период им посветуваат сѐ поголемо внимание на зелените финансии. Народната банка досега презеде повеќе активности за таа цел, вклучително и определување на зелените финансии како стратегиска цел и пристапување кон …

Ангеловска-Бежоска на конференција на ОН: Банките со сѐ поголема посветеност на зелените кредити ‒ лани раст од 23 отсто Read More »

Mеѓународен саем во Тирана, прв пат заеднички настап на фирмите од регионот


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и копретседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) Бранко Азески, заедно со потпретседателката на Комората Елена Милевска Штрбевска учествуваа на отворањето на меѓународниот саем во Тирана на кој на заеднички штанд во организација на КИФ учествуваше 31 компанија од шестте земји од Западен Балкан. Како што информираат од Комората, …

Mеѓународен саем во Тирана, прв пат заеднички настап на фирмите од регионот Read More »

Бајден: Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19


Американскиот претседател Џо Бајден апелираше до Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19 и да го поддржат неговиот план за контрола на новиот сој Омикрон, преку поголема достапност на вакцини, но без драстични ограничувања во секојдневниот живот. Бајден бара приватните осигурителни компании да ги покријат сите трошоци за домашни тестови на коронавирус и …

Бајден: Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19 Read More »

Μонашкиот хор при Бигорскиот манастир ќе учествува на Меѓународен фестивал во Атина


Монашкиот хор при Бигорскиот манастир ќе учествува на првиот Меѓународен фестивал на православна црковна музика што се одржува во Атина, а централниот концерт ќе се одржи денеска во митрополитскиот храм посветен на Благовештение на Богородица, јави дописничката на МИА од Атина. На настанот ќе присуствуваат викарниот епископ на Атинскиот Архиепископ и на цела Грција, градоначалникот …

Μонашкиот хор при Бигорскиот манастир ќе учествува на Меѓународен фестивал во Атина Read More »