Азиските инвеститори претпазливи пред американскиот извештај за инфлацијата


На азиските берзи денеска се тргува претпазливо бидејќи инвеститорите не сакаат значително да ги променат позициите пред извештајот за инфлацијата во САД, па затоа не беа импресионирани ниту од вчерашниот силен раст на Волстрит. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, порасна за 0,2 отсто. На токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,3 отсто, додека цените …

Азиските инвеститори претпазливи пред американскиот извештај за инфлацијата Read More »

Во Мексико, државните службеници веќе не смеат да се гушкаат и бакнуваат


Вработените во државните служби во Мексико отсега ќе треба да избегнуваат бакнување, гушкање и комплименти за физичкиот изглед како дел од новиот етички кодекс насочен кон борба против сексуалното вознемирување. Новите прописи, објавени и во Службениот весник, ги повикува државните службеници да „избегнуваат однесување со физички контакт, сугестивна или сексуална по природа, како што се …

Во Мексико, државните службеници веќе не смеат да се гушкаат и бакнуваат Read More »

Најстудено во Берово, минус 7 степени, во Маврови Анови снежна покривка од 37 сантиметри,


Најстудено утрово е во Берово каде што температурата е 7 степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури во 7.30 часот  се измерени и во Маврово (-6), Битола (-5), Крива Паланка, Тетово и Струмица (-4),  Скопје-Петровец, Прилеп, Штип и  Демир Капија (-3),  Охрид, Куманово и Претор (-2) и Скопје-Зајчев Рид и Крушево (-1). Нула …

Најстудено во Берово, минус 7 степени, во Маврови Анови снежна покривка од 37 сантиметри, Read More »

Пентагон: Русија продолжува да испраќа војници кон Украина


Во изминатите 24 часа Русија продолжи да испраќа дополнителни војници на украинско-белоруската граница, соопшти Пентагон. – Русија ги зголемува своите опции и потенцијал за акција со секој изминат ден, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на прес-конференција. Големите руски воени вежби во Белорусија придонесуваат за ескалација на тензиите околу Украина, соопшти вчера Белата куќа. – …

Пентагон: Русија продолжува да испраќа војници кон Украина Read More »

По 24 години нов закон за пасишта


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува нов закон за пасишта. Веќе се изработени два драфт предлога од кои треба да произлезе конечното решение. Драфт верзиите ќе се разгледуваат следната недела, за што е веќе формирана работна група. Како што вели министерот Љупчо Николовски во интервју за МИА, земјава располага со околу 500.000 хектари пасишта, …

По 24 години нов закон за пасишта Read More »

Матео Ренци обвинет за незаконско финансирање партија


  Обвинителите во Италија официјално го обвинија поранешниот премиер Матео Ренци за незаконско финансирање политичка партија. Обвинителите во Фиренца велат дека на Ренци треба да му се суди по истрагата за наводните нерегуларности во финансирањето на Опен, фондација која помогна да се издигне од градоначалник на Фиренца до премиер на земјата и лидер на левичарската …

Матео Ренци обвинет за незаконско финансирање партија Read More »

Русија почна заеднички воени вежби со Белорусија


Русија и Белорусија денеска почнаа заеднички воени вежби предизвикаувајќи загриженост во западните земји дека Москва подготвува голема ескалација на конфликт во Украина. Руското Министерство за одбрана во соопштението нагласи дека вежбите се планирани да продолжат до 20 февруари во Белорусија. Според нив, вежбите ќе се фокусираат на „потиснување и одбивање  надворешна агресија“. 

„Ал Арабија“: Обид за атентат врз либискиот премиер


Либискиот премиер Абдул Хамид Дбеиба остана неповреден по обид за атентат денеска во раните утрински часови кога непознати лица отворија оган врз неговиот автомобил во Триполи, објави телевизијата Ал Арабија. Неколку куршуми го погодиле автомобилот на Дбеиба, а напаѓачите успеале да побегнат.

Се интензивира дијалогот на работните групи, во Софија в петок состанок на експертско ниво за политичките прашања


Се интензивира дијалогот меѓу работните групи што беа договорени на крајот на јануари меѓу Северна Македонија и Бугарија, со цел враќање на довербата и надминување на разликите меѓу двете земји. Во Софија утре ќе се одржи состанок на работната група за инфраструктура, додека в петок е редовниот состанок на експертско ниво, согласно договорената динамика на …

Се интензивира дијалогот на работните групи, во Софија в петок состанок на експертско ниво за политичките прашања Read More »

Поголем процент имунизирани е единствен начин за укинување на превентивните мерки


Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19, но се уште единствен начин за излез од пандемијата и укинување на превентивните мерки како носење маски, дезинфекција и дистанца, е зголемување на процентот на имунизација на населението. Според министерот за здравство Беким Сали со ова темпо на имунизација, …

Поголем процент имунизирани е единствен начин за укинување на превентивните мерки Read More »

И во Франција организираа „Конвој на слободата“


Во Франција организираа Конвој на слободата по примерот на протестите на возачите на камиони во Канада. Возачи на камиони се собраа во неколку градови и се упатија кон Париз. Многумина од нив вееја канадски знамиња. Нивниот план е да протестираат во главниот град против потврдите за вакцинација и забраните за неимунизирани лица да посетуваат одредени …

И во Франција организираа „Конвој на слободата“ Read More »

Сончево и топло до петок, викендот облачно и постудено


Сончево и потопло време ќе преовладува денеска во земјава. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 16 степени. Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на слаба магла, во текот на …

Сончево и топло до петок, викендот облачно и постудено Read More »

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 10 јануари 2022 година, 10-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 355 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 20 минути. Денов трае 9 часа и 19 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее …

Астрономски календар Read More »

ММФ: Околу 100 земји размислуваат да воведат дигитална валута, но не постои единствен модел кој им одговара на сите


 Фактите од искуството со првите лансирани дигитални валути на централните банки (CBDC) ширум светот укажуваат дека не постои модел кој одговара на сите, вели директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева. Според проценките на ММФ, околу 100 земји во моментов размислуваат за проекти за CBDC, според студијата на Фондот објавена денеска, во која се …

ММФ: Околу 100 земји размислуваат да воведат дигитална валута, но не постои единствен модел кој им одговара на сите Read More »

Челзи против Палмеирас во финалето на Светското клупско првенство


Фудбалерите на Челзи успешно ја завршија полуфиналната задача на Светското клупско првенство, совладувајќи го вечерва во Абу Даби саудискиот тим Ал Хилал со минимални 1:0 (1:0). Актуелниот европски шампион обезбеди финале и дуел за трофејот против првакот на јужноамериканскиот Копа Либертадорес, Палмеирас, со голот на Ромелу Лукаку во 32 минута. За Челзи тоа ќе биде втор пат …

Челзи против Палмеирас во финалето на Светското клупско првенство Read More »

Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19


Министерството за здравство е во фаза на преговори со производителот „Фајзер“ за набавка на лекот против КОВИД-19, но според министерот за здравство Беким Сали, тоа е процес и не треба да се чека кога ќе стигне лекот, бидејќи веќе имаме вакцина за која научно е докажано дека засега е најсигурен и најбезбеден начин за заштита …

Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19 Read More »

Минимална плата


Работниците успеаја да издејствуваат зголемување на минималната плата на 18 илјади денари, и тоа без одложување, веќе од март оваа година и без парцијално зголемување „на рати“, туку во целост и веднаш. Гледано од овој аспект, ова е голема победа на синдикатите кои поддршка најдоа и кај Владата. Таа не само што застана зад нивните …

Минимална плата Read More »

Извештај: Единствена „придобивка“ од Брегзит се зголемени трошоци за компаниите и поголема бирократија


Излегувањето на Велика Британија од Европската унија (Брегзит) на земјата и донесе поголеми трошоци, поголема бирократија и доцнење на стоката на границите, а засега ги нема ветените придобивки, соопшти денеска Комитетот на британскиот Парламент за јавна потрошувачка.   Еден ден откако премиерот Борис Џонсон именуваше државен секретар за „потенцијалите на Брегзит“, Комитетот оцени дека „единственото …

Извештај: Единствена „придобивка“ од Брегзит се зголемени трошоци за компаниите и поголема бирократија Read More »

Извршната директорка на „Гринпис“, Американската Џенифер Морган, ќе стане нова германска специјална претставничка за климата


Извршната директорка на „Гринпис Интернешнл“, Џенифер Морган, треба да стане специјален претставник на новата германска влада за климата, јави ДПА. Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска во Берлин ја потврди најавата за именувањето. -За мене ова е назначување од соништата и важен сигнал за меѓународна заштита на климата, рече Бербок, која доаѓа од Партијата …

Извршната директорка на „Гринпис“, Американската Џенифер Морган, ќе стане нова германска специјална претставничка за климата Read More »

Пораст на бројот на умрени од Ковид-19 во Белгија


Иако сите други индикатори се охрабрувачки, бројот на умрени од Ковид-19 на почетокот на месецов пораснал за околу една третина, јави дописничката на МИА од Брисел. Според последните податоци од Институтот за јавно здравје се намалува бројот на новозаразени, хоспитализирани, стапката на позитивност и стапката на репродукција на вирусот. Сите овие показатели се охрабрувачки и …

Пораст на бројот на умрени од Ковид-19 во Белгија Read More »