Велика Британија воведе санкции за пет руски банки и тројца олигарси


Велика Британија денеска експресно воведе санкции за пет руски банки и три лица, соопшти премиерот Борис Џонсон. Тој во говорот пред пратениците во Долниот дом на парламентот додаде дека ова е само првиот пакет санкции и оти тие ќе бидат проширени доколку ситуацијата ескалира. Станува збор за банките „Росија“, „ИС Банка“, „Генерал банка“, „Промсвјазбанк“ и …

Велика Британија воведе санкции за пет руски банки и тројца олигарси Read More »

Бесими – Хан: Поддршката од ЕУ значајна за одржлив економски раст


Зелената транзиција, енергетската ефикасност, зајакнувањето на човечкиот капитал како главни приоритети во следната тригодишна Програма на економски реформи, како и инвестициите поддржани со Интервентниот инвестициски план и можноста за нивно финансирање со поддршка од ЕУ, беа темите за коишто во Брисел разговараа министерот за финансии Фатмир Бесими и еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан. …

Бесими – Хан: Поддршката од ЕУ значајна за одржлив економски раст Read More »

Владата ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи


Владата на предлог на Министерството за економија на денешната седница донесе Одлука за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена …

Владата ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи Read More »

Славески вели дека инфлацијата може да го загрози девизниот курс на денарот


  По апокалиптичните сценарија за зголемување на цената на струјата од најмалку 40 отсто, дека граѓаните на Скопје ќе останат без парно греење и за енормен пораст на инфлацијата, од ВМРО-ДПМНЕ сега се насочија кон девизниот курс на денарот. Трајко Славески, универзитетски професор и актуелен претседател на Советот на Град Скопје и член на ИК …

Славески вели дека инфлацијата може да го загрози девизниот курс на денарот Read More »

Нема сертификат за гасоводот Северен поток 2


Германскиот канцелар Олаф Шолц посочи дека ЕУ денеска на одлуката на Русија да ги признае Доњецк и Луганск ќе одговори со санкции и дека наредил повлекување на документите, со што се оневозможува доделување сертификати за отворање на гасоводот „Северен поток 2“. На прес-конференција Шолц рече дека ЕУ ќе се договори за пакетот санкции што ќе …

Нема сертификат за гасоводот Северен поток 2 Read More »

Превезени 11,7 милиони патници во патничкиот патен превоз во четвртиот квартал лани


Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз  во четвртото тримесечје од 2021 година изнесува 11 700 000 и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 16,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 12,5  проценти, во приградскиот …

Превезени 11,7 милиони патници во патничкиот патен превоз во четвртиот квартал лани Read More »

Битиќи и Нуредини на средба со Стопанската комора на Дубаи


Северна Македонија нуди широка лепеза на можности за инвестиции во производството, енергетиката, градежништвото, туризмот и земјоделството, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во седиштето на Стопанската комора на Дубаи каде заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини остварија средба со претседателот и извршниот директор Хамад Буамим и потесниот менаџмент на …

Битиќи и Нуредини на средба со Стопанската комора на Дубаи Read More »

Дип Парпл со концерт на 28 мај во Скопје


Еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, Дип Парпл, член на големата петорка (The Beatles, The Rolling Stones, Pink Floyd, Led Zeppelin, Deep Purple), ќе одржи голем концерт на 28 мај 2022 година на стадионот на АРМ во Скопје, соопшти Авалон продукција, која го организира овој настан.  Актуелната долгогодишна петорка: Ian Gillan, Ian Paice, …

Дип Парпл со концерт на 28 мај во Скопје Read More »

Кацарска: Со истекот на мандатот на уште еден судија во декември ќе дојде до блокада на Уставниот суд


Со истекот на мандатот на почетокот на декември годинава на судијата Вангелина Маркудова ќе настане блокада на Уставниот суд и со тоа дефинитивно угледот на Република Северна Македонија би бил максимално нарушен и пред меѓународната јавност, изјави претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска пред почетокот на дебатата на тема „Улогата на Уставниот суд во заштитата …

Кацарска: Со истекот на мандатот на уште еден судија во декември ќе дојде до блокада на Уставниот суд Read More »

МФ: Пониски увозни давачки за домашните компании, намалени царинските стапки на 258 суровини


Трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали што ќе значи намалени увозни давачки за домашните компании. Ова се овозможува со измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа кои беа усвоени од Собранието, а на кој Министерството за финансии работеше минатата година во консултации со бизнис-заедницата. Со укинувањето на тарифите, …

МФ: Пониски увозни давачки за домашните компании, намалени царинските стапки на 258 суровини Read More »

Цените на нафтата надминаа 99 долари по руското признавање на Доњецк и Луганск


Цените на нафтата денеска, на почетокот на трговијата на лондонскиот пазар по признавањето од страна на Русија на двата проруски региони во источна Украина, надминаа 99 долари. На почетокот на тргувањето во Лондон, цената на барелот скокна за 3,71 долари во однос на претходното затворање, на 99,1 долари. На американскиот пазар со барел во е-трговија …

Цените на нафтата надминаа 99 долари по руското признавање на Доњецк и Луганск Read More »

Најголем пад на европските берзи во изминатите седум месеци


На европските берзи денеска наутро цените на акциите паднаа на најниско ниво во изминатите седум месеци, бидејќи инвеститорите стравуваат од натамошна ескалација на тензиите меѓу Западот и Русија околу Украина. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во плус 9, отсто во 9.30 часот и падна на најниско ниво во последните седум месеци. Лондонски …

Најголем пад на европските берзи во изминатите седум месеци Read More »

„Ван Хоол“ ќе стипендира и поддржува магистри на ФЕИТ


Компанијата „Ван Хоол Македонија“ ќе стипендира и поддржува магистри на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, на потпишување на договорите за стипендирање, истакна дека Факултетот продолжува со своите активности за унапредување на својата трета мисија: соработката со индустријата. „Ова соработка …

„Ван Хоол“ ќе стипендира и поддржува магистри на ФЕИТ Read More »

Азиски пазари: Индексите под притисок од украинската криза, цената на нафтата нагло порасна


Индексите на азиските берзи остро паднаа во вторникот, додека цената на нафтата нагло порасна бидејќи инвеститорите стравуваа од војна во Украина, откако Русија испрати војници во два проруски региони во земјата. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, беше околу 6,45 часа помал за 2 отсто. На Токиската берза индексот Никеи се лизна за околу 2 отсто, …

Азиски пазари: Индексите под притисок од украинската криза, цената на нафтата нагло порасна Read More »

Австралија ја затвори амбасадата во Украина, на дипломатите им наложи да ја напуштат земјата


Австралија времено ги суспендира активностите на својата амбасада во западниот украински град Лавов „поради зголемениот ризик“, изјави денеска австралиската министерка за надворешни работи, Марис Пејн. Австралија на 13 февруари времено ги суспендираше своите активности на амбасадата во украинскиот главен град Киев, а потоа ги пресели своите операции во привремена канцеларија во Лавов. Во изјавата, Пејн …

Австралија ја затвори амбасадата во Украина, на дипломатите им наложи да ја напуштат земјата Read More »

Реакции на меѓународната заедница на одлуката на Русија да признае две независни територии во источна Украина


Меѓународната заедница ја осуди одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на проруските региони во источна Украина. Ова се дел од реакциите: Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерешсмета дека Русија го нарушила територијалниот интегритет и суверенитет на Украина со признавањето на двата отцепени региони на источна Украина како независни држави, изјави портпаролот на …

Реакции на меѓународната заедница на одлуката на Русија да признае две независни територии во источна Украина Read More »

Ескалацијата меѓу Русија и Украина може да има последици врз цените на енергијата


Министерот за финансии Фатмир Бесими во текот на вчерашната посета на Европската комисија разговараше за економската состојба во Северна Македонија и глобалната економска криза, за која придонесува руско-украинскиот конфликт, јави дописничката на МИА од Брисел. Енергетската криза, која силно ја погоди Европа и последните месеци не ја одмина ни Северна Македонија, беше една од клучните …

Ескалацијата меѓу Русија и Украина може да има последици врз цените на енергијата Read More »

Продолжува собраниската расправа за Законот за минимална плата


Пратениците во Собранието денеска на пладне треба да ја продолжат расправата за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој минималната плата ќе изнесува 18.000 денари. Вчера на почетокот на расправата, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, образложувајќи го Предлогот на закон рече дека тој е подготвен …

Продолжува собраниската расправа за Законот за минимална плата Read More »

Анксиозноста кај младите во време на пандемија, прва тема на Отворените разговори за менталното здравје


Под наслов „Пандемија во пандемија. Криза на менталното здравје. Знаеме ли што ни се случува?“ од денеска, започнуваат Отворените разговори за менталното здравје во организација на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“. Како што најавуваат организаторите, Разговорите ќе се одржуваат онлајн на платформата Зум, а првата тема им е посветена на младите во време на пандемијата и …

Анксиозноста кај младите во време на пандемија, прва тема на Отворените разговори за менталното здравје Read More »