Се укинуваат ковид – сертификатите за влез во трговските центри и за излез од државата


Укинување на мерката за задолжително поседување КОВИД-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, сертификатот за прележан КОВИД-19 наместо 45 да трае 180 дена и укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, се предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците …

Се укинуваат ковид – сертификатите за влез во трговските центри и за излез од државата Read More »

Санкциите на САД не опфаќаат увозо на ураниум од Русија


Забраната што ја воведе американскиот претседател Џозеф Бајден за американскиот увоз на руска нафта и други енергенси не вклучува забрана за увоз на ураниум за нуклеарните централи, тврди добро информиран извор запознаен со ова прашање, јавија американски медиуми. Енергетската индустрија на САД се потпира на Русија и нејзините сојузници Казахстан и Узбекистан за околу половина …

Санкциите на САД не опфаќаат увозо на ураниум од Русија Read More »

Украина нуди милион долари за секој заробен руски авион


Украинската државна корпорација за производство на оружје „Укроборонпром“ нуди награда од милион долари на секој што ќе зароби борбено подготвен руски воен авион. Според нив, „понудата е отворена за руските пилоти кои сакаат да ја сменат страната“. Корпорацијата „Укроборонпром“ понуди награда од 500.000 долари на социјалните мрежи за секој што ќе зароби руски воен хеликоптер …

Украина нуди милион долари за секој заробен руски авион Read More »

Влада: МВР да даде предлог како украинските патнички возила без зелен картон да можат да влезат во земјава


Владата на вчерашната редовна седница го задолжила Министерството за внатрешни работи за два дена да достави предлог со кој ќе се најде начин украинските патнички возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во земјава и да бидат вклучени во сообраќајот, без притоа да им се бара возачите кои управуваат со нив сами …

Влада: МВР да даде предлог како украинските патнички возила без зелен картон да можат да влезат во земјава Read More »

Годинава за рурален развој се предвидени 1,3 милијарди денари


Владата на вчерашната седница ја изгласа Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.  Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за оваа година е во вредност од 1,3 милијарди денари. -Оваа програма има за цел да бидат остварени политиките на рурален развој, кои се насочени кон поддршка на инвестиции во земјоделскиот сектор, …

Годинава за рурален развој се предвидени 1,3 милијарди денари Read More »

СЕХА ги одложи сите натпревари на неодредено време


Извршниот комитет на регионалната ракометна СЕХА Газпром лига донесе одлука за прекин на натпреварувањето на неодредено време. – На состанокот на Извршниот комитет на СЕХА, одржан во вторник, 8 март 2022 година, донесена е одлука сите натпревари од СЕХА – Газпром лигата во сезоната 2021/22 да се одложат до дополнително известување, со цел да се …

СЕХА ги одложи сите натпревари на неодредено време Read More »

Хрватскиот Врховен суд ја укина осудителната пресуда за Санадер за случајот Хипо


Хрватскиот Врховен суд му ја укина пресудата на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска судот, пренесуваат хрватските медиуми. Иако во соопштението не се наведува името на осудениот, се наведува дека тој се товари дека како преговарач од хрватската Влада зел провизија од 3,6 милиони куни (околу 475.000 …

Хрватскиот Врховен суд ја укина осудителната пресуда за Санадер за случајот Хипо Read More »

Времето утре променливо облачно и студено со засилен ветер


Времето во земјава утре ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен …

Времето утре променливо облачно и студено со засилен ветер Read More »

ЕУ сака да се осамостои целосно од рускиот гас


Европската комисија попладнево ја презентираше својата стратегија RePowerEU, со цел ЕУ да може целосно да се откаже од рускиот гас што побргу, јави дописничката на МИА од Брисел. Стратегијата нуди низа мерки за справување со растот на цените на енергенсите и обезбедување залихи за следната зима, но Европската комисија самата предупредува дека ќе биде тешко. -Тешко, …

ЕУ сака да се осамостои целосно од рускиот гас Read More »

„Вијести“: Владата на Црна Гора за месец и половина доделила 43 почесни државјанства, најмногу на Руси


Црногорската  Влада од 1 јануари до 15 февруари додели уште 43 таканаречени почесни државјанстви, соопшти денеска Црногорскиот центар за граѓанско образование (ЦГО). Како што информира ЦГО, и во овој турнус на доделување најголем број од државјанствата, односно речиси две третини, ги добиле лица со руско потекло, пренесе подгоричкиот весник  „Вијести“. „Освен во случајот со три …

„Вијести“: Владата на Црна Гора за месец и половина доделила 43 почесни државјанства, најмногу на Руси Read More »

Владата ја усвои Информацијата за креирање на Националната развојна стратегија 2022-2042


Владата на Република Северна Македонија на денешната 22 седница ја разгледа и усвои „Информацијата за креирање на Националната развојна стратегија 2022-2042“ и ја усвои и „Методолошката рамка на Националната развојна стратегија 2022-2042” предложена во првата фаза на проектот. Националната развојна стратегија 2022-2042, велат од Владата, има за цел да обезбеди долгорочна визија и патоказ за …

Владата ја усвои Информацијата за креирање на Националната развојна стратегија 2022-2042 Read More »

Во Србија нема да поскапат струјата, греењето и гасот, остануваат ограничувањата на цената на горивата


Српската вицепремиерка и министерка за енергетика, Зорана Михајловиќ, изјави дека во Србија има доволно енергенти и дека нема да се зголемат цените на струјата, топлинската енергија и гасот, дека ќе останат одредени ограничувања на цената на нафтените деривати и дека ќе се направи подобра рамнотежа меѓу цените на големо и мало, јави дописникот на МИА …

Во Србија нема да поскапат струјата, греењето и гасот, остануваат ограничувањата на цената на горивата Read More »

Рама за ценовната криза во Албанија: Мора да се подготвиме за секое сценарио


Албанскиот премиер, Еди Рама денеска на прес-конференција зборуваше за растот на цените и за ситуацијата во Албанија, погодена од конфликтот во Украина. Рама рече дека зголемувањето на цената на нафтата не зависи од владата, зашто цените растат насекаде во Европа. Тој додаде дека Европа е во војна, нагласувајќи дека иако во Албанија не се војува, …

Рама за ценовната криза во Албанија: Мора да се подготвиме за секое сценарио Read More »

Извозот во јануари пораснал 3,6 отсто, увозот 29,3


Во јануари од земјава се извезени стоки во вкупна вредност од 546.045.000 евра што претставува пораст од 3,6 проценти во однос на истиот период лани, а увезена е стока во вредност од 806.610.000 евра што е пораст од 29,3 проценти. Според податоците објавени денеска од Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит во јануари изнесува 260.565.000 …

Извозот во јануари пораснал 3,6 отсто, увозот 29,3 Read More »

Војната во Украина влијаеше и на Берзата кај нас


Војната во Украина ги затекна инвеститорите на меѓународните берзи, а психолошката корелација се преслика и на нашата берза, порача денеска Иван Штериев, извршниот директор на Македонска берза АД Скопје. -Историски гледано инвеститорите во минатото многу ретко предвидувале дека ќе дојде до некакви воени конфликти. Веројатно причина за тоа е што инвеститорите генерално се рационални луѓе …

Војната во Украина влијаеше и на Берзата кај нас Read More »

Бесими – Павлова: Продолжува поддршката од ЕИБ за проекти за одржлива инфраструктура и зелена транзиција


Министерството за финансии има успешна соработка со Европската инвестициска банка која е подготовена да ја продолжи поддршката на Република Северна Македонија во финансирањето на клучните проекти за развојот на државата во областа на енергетиката, инфраструктурното поврзување, зелената транзиција, како и зголемување на конкуреноста на домашните компании. Како што соопшти Министерството за финансии, ова беше констатирано …

Бесими – Павлова: Продолжува поддршката од ЕИБ за проекти за одржлива инфраструктура и зелена транзиција Read More »

Бектеши: Дел од маркетите ја задржаа цената на лебот од 25 до 27 денари


Jа поддржуваме одлуката на дел од ланците маркети во земјава да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Бектеши ги повика останатите трговци да ја следат ваквата одлука и да бидат, како што наведува, солидарни во време на глобална криза. -Во оваа …

Бектеши: Дел од маркетите ја задржаа цената на лебот од 25 до 27 денари Read More »

Сѐ повеќе американски мултинационални бизниси ги прекинуваат бизнисите во Русија


Се зголемува листата на американски мултинационални бизниси – од Епл до Левис – кои ги прекинуваат активностите во Русија, но некои компании избираат да останат во земјата и покрај ризиците за нивната репутација. Тие се соочуваат со зголемен притисок: повиците за последици се појавуваат на социјалните мрежи под хаштагови како што се #BoycottMcDonalds и #BoycottPepsi …

Сѐ повеќе американски мултинационални бизниси ги прекинуваат бизнисите во Русија Read More »

И во Хрватска драстично поскапеа горивата – дизелот е поскап од бензинот


  И во Хрватска од денеска горивата се значително поскапи, па така, Еуросупер 95 сега чини 12,18 куни за литар (1,61 евро) , а за литар Еуросупер 100 ќе треба да се платат 13,11 куни (1,73 евра). И дизелот има нова цена и сега чини 12,51 куни (1,65 евра) за литар за обичен и 13,56 …

И во Хрватска драстично поскапеа горивата – дизелот е поскап од бензинот Read More »

Во Германија литар бензин наскоро може да чини 2,5 евра


Поради украинската криза, цените на горивата ширум светот постојано растат, како што е случајот во Германија, каде што возачите треба да платат повеќе од две евра за литар бензин и дизел. На голем број бензински пумпи цената на бензините веќе е над две евра. Така, на пример, во Минхен, на бензинската пумпа, типот на супер …

Во Германија литар бензин наскоро може да чини 2,5 евра Read More »