Со „Народен непријател“ на МНТ почнува 56. издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“
Со претставата во конкуренција за награди „Народен непријател“ на МНТ и со доделувањето на наградите за животно дело, вечер во Прилеп свечено ќе биде отворен 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. По корона кризата, Фестивалот го прескокна јубилејното 55-то издание во 2020 година, а лани се одржа во октомври. Најреномираната манифестација за продукцијата на македонските …