„Капитал ассет менаџмент“ одбележа една година на македонскиот пазар


  Друштвото за инвестиционо советување „Капитал ассет менаџмент“, месецов, одбележува една година постоење на македонскиот пазар. Според Коста Костадиновски, основач и директор на „Капитал ассет менаџмент“, ова е единственото друштво за инвестиционо советување на пазарот кое врши услуги за управување со портфолио за индивидуален клиент и инвестициско советување.  „Предизвиците ги претворивме во можности за раст …

„Капитал ассет менаџмент“ одбележа една година на македонскиот пазар Read More »

Еутаназија на свиња чини 110 денари, а нес-кафе 130, реагираат ветеринарите


  За двонеделни активности (посетени преку 70 фарми, земени над 80 крвни проби и извршена дезинфекција) кои ме чинеа најмалку 30 000 денари, добив 160 денари поврат од државата. Толку изнесуваше фактурата која ми беше исплатена. Вака накусо ветеринарот Слободан Димитровски од Делчево објаснува со што се соочува неговата струка веќе подолго време. Во основа …

Еутаназија на свиња чини 110 денари, а нес-кафе 130, реагираат ветеринарите Read More »

Матичните лекари чекаат одговор од Министерството и Фондот на нивните барања


Во тек е вториот ден од протестот на Здружението на приватни лекари. Претседателката на Здружението, д-р Лилија Чолакова-Дервишова во изјава за МИА вели дека сè уште не се контактирани од страна на Министерството за здравство или Фонд за здравствено осигурување. – Ние три дена ќе го издржиме тоа што сме го донеле како одлука, во …

Матичните лекари чекаат одговор од Министерството и Фондот на нивните барања Read More »

Инфлацијата во Турција достигна рекордни 80,2 отсто


Во Турција годишната инфлација во август достигна 80,2 отсто, што е за 0,5 отсто повеќе отколку во јули кога изнесуваше 79,7 отсто, објави турскиот државен завод за статистика. Ова постави нов рекорд од 1998 година. На крајот на годината се очекува забавување на растот на цените. Потрошувачките цени во Турција растат од март 2021 година, …

Инфлацијата во Турција достигна рекордни 80,2 отсто Read More »

„Украина може да го замени целиот капацитет на гасоводот Северен тек 1“


  Украина може да го замени целиот капацитет на гасоводот Северен тек 1 преку Суџа, единствената транзитна точка со Русија. Ова го изјави директорот на украинската компанија за транспорт на гас Сергиј Макогон. „Не го користат целиот капацитет на Суџа. Иако дневно може да се испумпуваат 77 милиони кубни метри, тие испумпуваат само 41 милион“, изјави …

„Украина може да го замени целиот капацитет на гасоводот Северен тек 1“ Read More »

ЕЦБ подготвува големо зголемување на каматните стапки за борба против инфлацијата


  Откако ги зголемија каматните стапки за прв пат во повеќе од 10 години на нивниот последен состанок, креаторите на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ) се подготвени да воведат уште едно нагло зголемување во четврток, чија цел е борба против рекордната инфлација во Европа. Последните податоци за инфлацијата во Европската унија покажуваат дека цените …

ЕЦБ подготвува големо зголемување на каматните стапки за борба против инфлацијата Read More »

Надал ќе стане светски рекет број еден доколку Алкараз и Руд не стигнат во финалето на УС Опен


Рафаел Надал, Карлос Алкараз или Каспер Руд можат да го заземат лидерското место на АТП ранг-листата во зависност од резултатите на Грен слемот УС Опен. Русинот Данил Медведев, кој води на ВТА листата 12-та недела по ред, загуби во осминафиналето и по УС Опен нема да биде повисоко од третото место (сигурно ќе го надминат …

Надал ќе стане светски рекет број еден доколку Алкараз и Руд не стигнат во финалето на УС Опен Read More »

Владимир Путин одобри нова доктрина што се заснова на концептот „руски свет“


Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот ја одобри новата руска доктрина за надворешна политика заснована на концептот на „руски свет“ што конзервативните идеолози го користат за да ја оправдаат интервенцијата во странство за да го заштитат населението што зборува руски. Во „хуманитарната политика“ на 31 страница, објавена по повеќе од шест месеци војна во Украина, …

Владимир Путин одобри нова доктрина што се заснова на концептот „руски свет“ Read More »

Пронајдено телото на еден од двајцата осомничени за убиствата со нож во Канада


  Еден од двајцата осомничени за убиствата на 10 лица во канадската провинција Саскачеван е пронајден мртов, соопшти локалната полиција. Телото на Демиен Сандерсон (31) е пронајдено во староседелската заедница Џејмс Смит Кри. Неговиот брат и втор осомничен Мајлс Сандерсон е во бегство. Најмалку десет луѓе беа убиени, а 18 ранети во напади со нож во неделата. …

Пронајдено телото на еден од двајцата осомничени за убиствата со нож во Канада Read More »

Претседателката на Словачка денеска во посета на Грција, утре во Северна Македонија


Претседателката на Словачка Зузана Чапутова денеска е во еднодневна официјална посета на Грција, а според словачките медиуми, утре ќе ја посети Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Чапутова во Атина пристигнува по покана на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, утрово по официјалниот пречек двете претседателки ќе одржат билатерална средба, по што ќе следи …

Претседателката на Словачка денеска во посета на Грција, утре во Северна Македонија Read More »

Сити и Јунајтед потрошија повеќе од милијарда евра за сегашниот состав


  Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES Football Observatory) состави рејтинг за трошоците за трансфери меѓу клубовите од најдобрите пет лиги во Европа. Местата во рангирањето беа распределени во зависност од вкупниот износ на трансфери за купување на играчи од тековниот тим, земајќи ги предвид и исплатите на бонус. На првите две места се премиерлигашите …

Сити и Јунајтед потрошија повеќе од милијарда евра за сегашниот состав Read More »

Лиз Трас денеска ја презема функцијата премиер на Велика Британија


  Лиз Трас денеска ќе го замени Борис Џонсон на функцијата премиер на Велика Британија, откако Кралицата Елизабета побара од неа да формира нова влада за да се справи со енергетската и економската криза. Трас го победи партискиот ривал Риши Сунак во гласањето за лидерство на Конзервативната партија, ветувајќи дека ќе ги намали даноците и …

Лиз Трас денеска ја презема функцијата премиер на Велика Британија Read More »

Њујорк тајмс: Русија купува артилериска муниција од Северна Кореја


  Њујорк тајмс повикувајќи се на американски разузнавачи објави дека Русија купува артилериска муниција од Северна Кореја, што е доказ дека почнале да дејствуваат санкциите и се намалува способноста на Москва за инвазијата врз Украина. Весникот наведува дека неодамна декласифицираните податоци покажуваат дека Русија од Северна Кореја купила артилериски гранати и ракети. Минатиот месец неименуван …

Њујорк тајмс: Русија купува артилериска муниција од Северна Кореја Read More »

„Топ ган 2“ е петти филм по најголема заработка во САД


„Топ ган 2: Маверик“ (Top Gun: Maverick) вчера стана петти филм со најголема заработка на сите времиња на својот домашен пазар, напредувајќи пред хитот „Црниот пантер“ на „Марвел“ од 2018 година. „Топ ган 2“ има заработено 701 милион долари во Северна Америка, додека „Црниот пантер“ своевремено заработи 700 милиони долари. Долгоочекувано продолжение на хит-филмот „Топ …

„Топ ган 2“ е петти филм по најголема заработка во САД Read More »

Фестивалот на античка драма „Стоби“ годинава од 17 септември до 1 октомври


  Под мотото „Во нови слики“, од 17 септември до 1 октомври годинава во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ ќе се одржи 19-то издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Годинашната програма во две седмици обединува преку дваесет настани, сместени во три три рамки: официјална селекција на фестивалот, придружна програма и off …

Фестивалот на античка драма „Стоби“ годинава од 17 септември до 1 октомври Read More »

Надал по елиминацијата на УС Опен: Мораш да бидеш брз и многу млад, а јас не можам да го задржам тоа темпо


  Шпанскиот тенисер Рафаел Надал даде свое видување за поразот во четвртото коло на УС Опен од Френсис Тиафо (4:6, 6:4, 4:6, 3:6). – Одиграв лош натпревар, а тој одигра многу добро. Мора да си брз и многу млад, но не можам повеќе да го задржам тоа темпо. Нема да барам изговори. Отидов во четвртото …

Надал по елиминацијата на УС Опен: Мораш да бидеш брз и многу млад, а јас не можам да го задржам тоа темпо Read More »

Пендаровски се обрати по повод почетокот на Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во ЈИЕ


  Претседателот на државата Стево Пендаровски се обрати на свечениот прием по повод почетокот на Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во Југоисточна Европа, чиј домаќин е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Република Северна Македонија. Како што соопшти денеска Кабинетот на Претседателот, Пендаровски им посака успешна работа на учесниците и позитивни …

Пендаровски се обрати по повод почетокот на Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во ЈИЕ Read More »

Македонски научници на деветтите „Његошеви денови“, во фокусот делото на Блаже Конески


  Вкупно 59 научници од 13 земји ќе учествуваат на деветтиот меѓународен научен собир „Његошеви денови“, што од утре до 10 септември ќе се одржува во Тиват, Црна Гора. Покрај делото на Петар Петровиќ-Његош, на конференцијата ќе се разгледува книжевното дело и личноста на академик Блаже Конески. Меѓународниот научен совет на манифестацијата и нејзиниот организациски одбор, како …

Македонски научници на деветтите „Његошеви денови“, во фокусот делото на Блаже Конески Read More »

Бројот загинати во земјотресот во Кина се искачи на 46, се трага по уште 16 лица


  Билансот на жртвите во земјотресот што вчера ја потресе југозападната кинеска провинција Сечуан достигна 46 загинати и 50 повредени. Според последните информации што денеска ги објави кинескиот „Народен дневник“, 16 лица се водат како исчезнати. Најтешко погодена од земјотресот со интензитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала е областа Лудинг, на околу 200 километри …

Бројот загинати во земјотресот во Кина се искачи на 46, се трага по уште 16 лица Read More »

Португалија одобри пакет мерки од 4,2 милијарди евра за справување со инфлацијата и енергетската криза


  Владата на Португалија одобри пакет од 2,4 милијарди евра за надминување на инфлаторниот притисок и за справување со енергетската криза. Мерките насловени „семејството на прво место“ беа одобрени на состанокот на Советот на министри, со кои вкупната сума што државата ја доделува како поддршка на семејствата за оваа година достигна околу четири милијарди евра. …

Португалија одобри пакет мерки од 4,2 милијарди евра за справување со инфлацијата и енергетската криза Read More »