Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје


  Во Скопје денеска и утре СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје поради посетата на Република Северна Македонија на делегација предводена од Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција. Од СВР Скопје апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Нов јавен повик за финансиска поддршка на авиолинии


  Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе информира за новиот јавен повик за финансиска поддршка на нови авиолинии. Со Предлог буџетот за следната година се предвидени 1,1 милион евра за финаниска подршка за нови авиолинии, согласно со новиот јавен повик. Владата на 8 ноември годинава донесе нова Уредба за начинот и критериумите …

Нов јавен повик за финансиска поддршка на авиолинии Read More »

Филмот „Човек од мермер“ ја отвора манифестацијата „Недела на полски филм“ во Битола


  Со проекција на филмот „Човек од мермер“ на режисерот Анджеј Вајда, вечер битолското кино „Манаки“ почнува манифестацијата „Недела на полски филм“. Домаќин и организатор на културниот настан е ЈОУ Културен и информативен центар Битола во соработка со Кинотека на Македонија и со поддршка на Амбасадата на Полска во Северна Македонија. Во наредните шест денови …

Филмот „Човек од мермер“ ја отвора манифестацијата „Недела на полски филм“ во Битола Read More »

Седница на Уставен суд


Осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права се на дневен ред на денешната 41. седница на Уставниот суд. На дневен ред е иницијативата поднесена на член 10 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Според наводите во иницијативата оспорениот …

Седница на Уставен суд Read More »

Бислимоски во Атина ќе заседава со 52-от Борд на регулатори на Енергетската заедница


  Мерките во енергетскиот сектор кои се преземаат од сите земји членки на Енергетската заедница за да се обезбеди сигурно, стабилно и непречено снабдување со електрична енергија и природен гас ќе бидат детално презентирани и разгледани на денешниот состанокот во Атина на 52-от Борд на регулатори на Енергетската заедница со кој заседава претседателот на Регулаторната …

Бислимоски во Атина ќе заседава со 52-от Борд на регулатори на Енергетската заедница Read More »

Продолжува дебатата за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година


  Собранието денеска втор ден ќе расправа по дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година, откако Владата го усвои текстот по прифатените амандамни во матичната собраниска Комисија. За власта, според изнесеното на првиот ден од дебатата, предложениот буџет е реален и е одговор на енергетската криза, со поддршка на граѓаните и стопанството и ќе обезбеди економски пресврт. …

Продолжува дебатата за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година Read More »

Повеќе годишни извештаи пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците


  Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.-31.12.2021 година е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. На агендата на седницата се и Годишните извештаи за работата …

Повеќе годишни извештаи пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Read More »

Еврејската заедница го прославува празникот Ханука


  Еврејската заедница вечер (19.00) во синагогата „Бет Јаков“ ќе го прославува празникот на светлината „Ханука“. Денеска е третиот ден од празникот, а од Заедницата најавуваат дека третата свеќа ќе ја запали претседателот Стево Пендаровски. „Ханука“ се слави како сеќавање на победоносната ослободителна борба на еврејскиот народ на тлото на древниот Израел против елинистичкиот окупатор. …

Еврејската заедница го прославува празникот Ханука Read More »

Промоција на избрани дела во 10 томови од Раде Силјан


  Во уметничката галерија при Домот на културата „Ацо Шопов“ од Штип, денеска ќе се одржи промоција на избраните дела во десет томови од современиот македонски писател, Раде Силјан. Книгите се проследени со толкувања од Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Витомир Митевски, Луан Старова, Паскал Гилевски, Гоце Смилевски, Санде Стојчевски, Стефан Влахов-Мицов, Сретен Перовиќ, Думитру М. …

Промоција на избрани дела во 10 томови од Раде Силјан Read More »

Студенo утрo со магла и облачност


  Времето денеска наутро ќе биде студено и особено во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус шест до три, а максималните ќе достигнат од …

Студенo утрo со магла и облачност Read More »

Макрон влезе во соблекувалната на Франција по финалето: „Слушајте ме сега внимателно“


  Аргентина ја совлада Франција во спектакуларно финале и по трет пат во својата историја стана светски првак. Французите не успеаја да ја одбранат шампионската титула од Русија и по финалето во соблекувалната на Триколорите владееше депресија и апатија. Францускиот претседател Емануел Макрон, кој го следеше натпреварот на стадионот, веднаш отиде во соблекувалната на националниот …

Макрон влезе во соблекувалната на Франција по финалето: „Слушајте ме сега внимателно“ Read More »

ЕУ постигна важен договор за цената на гасот, еве кога се активира


  Министрите за енергетика на земјите-членки во понеделникот се договорија механизмот за ограничување на цената на гасот да се активира кога цената ќе достигне 180 евра за мегават час и 35 евра повеќе од референтната цена на ЛНГ за период од три последователни дена, се дознава од дипломатски извори, пренесе Хина. Против одлуката за активирање …

ЕУ постигна важен договор за цената на гасот, еве кога се активира Read More »

Петровска: НАТО ги отвори вратите за македонскиот бизнис сектор


НАТО не е само безбедност, туку и економска шанса. Со членството во НАТО се создаде можност компаниите од нашата земја да учествуваат во нивните тендерски постапки и да понудат производи кои би можеле да ги испорачаат за потребите на Алијансата, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната промоција на поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“ …

Петровска: НАТО ги отвори вратите за македонскиот бизнис сектор Read More »

Погребан Синиша Михајловиќ


  Прославениот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, кој почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемија, денеска беше погребан во Рим. На последното испраќање на легендарниот Миха присуствуваа илјадници луѓе, меѓу кои и голем број негови поранешни соиграчи и познати фудбалски имиња. Последен пат од Михајловиќ, меѓу другите, се простија Роберто …

Погребан Синиша Михајловиќ Read More »

Откажан дочекот на француските фудбалери


  Во Париз е откажан денешниот дочек на француската фудбалска репрезентација, која вчера загуби од Аргентина на пенали во финалето на Светското првенство во Катар. Претседателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел ле Грет, во изјава за локалните медиуми прецизираше дека дочекот е откажан бидејќи фудбалери изразиле желба веднаш по слетување да заминат во …

Откажан дочекот на француските фудбалери Read More »

За опозицијата Предлог-буџетот е „надуен балон“, за власта има среднорочна диоптрија


Во Собранието во тек е расправата за предложениот Предлог-буџет за 2023 година. Дополнетиот Предлог-буџет за 2023-та е прва точка на дневниот ред на денешната 97. седница на Собранието. На почетокот од седницата министерот за финансии го образложи Предлог-буџетот посочувајќи дека истиот е во согласност со златното правило во јавните финансии – капиталните расходи се повисоки …

За опозицијата Предлог-буџетот е „надуен балон“, за власта има среднорочна диоптрија Read More »

Ангеловска–Божоска за „Новости“: Благодарение на Отворен Балкан размената со Србија зголемена за 20 отсто


  Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Божоска, оцени дека иницијативата Отворен Балкан веќе дава резултати бидејќи трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија годинава се зголемила за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. -Ефект може да има и напорите за поврзување на пазарот на трудот во услови кога сите три земји се …

Ангеловска–Божоска за „Новости“: Благодарение на Отворен Балкан размената со Србија зголемена за 20 отсто Read More »

Пешев: И 2023. ќе биде тешка година за бизнисот


  Не очекува уште една тешка година за бизнисот со високи цени на енергијата и скапи прехранбени производи, смета извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев. – Ситуацијата со воените дејствија во Украина продолжува и не гледаме смирување на тој сегмент. Тоа значи дека енергијата повторно ќе достигнува високо ниво. Добра вест е што Македонија …

Пешев: И 2023. ќе биде тешка година за бизнисот Read More »

Трансформаторот за РЕК „Битола“, денеска пристигнува во Солун, утре тргнува кон Битола


  Во јануари ќе има можност сите три блока на РЕК „Битола“ да работаат во исто време и да испорачуваат електрична енергија, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. На прес-конференција во РЕК „Битола“, Ковачевски потврди дека попладнево од Истанбул со брод до Солун ќе стигне трансформаторот потребен за работа во грејната сезона што …

Трансформаторот за РЕК „Битола“, денеска пристигнува во Солун, утре тргнува кон Битола Read More »

Горан Козаров е назначен за директор на ДООЕЛ „Топлификација Битола“


Горан Козаров е назначен за директор на ДООЕЛ „Топлификација Битола“, објави на денешната прес конференција генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. ДООЕЛ „Топлификација“ е најновиот правен субјект во рамките на компанијата и во негова надлежност ќе биде изградбата и одржувањето на топловодот, како и дистрибуцијата на топлинска енергија од РЕК „Битола“ до градот Битола …

Горан Козаров е назначен за директор на ДООЕЛ „Топлификација Битола“ Read More »