Американскиот Сенат усвои предлог-закон за финансирање на Владата во висина од 1.700 милијарди долари


  Американскиот Сенат синоќа усвои нацрт-закон за трошење со кој ќе се обезбеди финансирање на владините институции и агенции до септември 2023 година, јави Гласот на Америка. Сеопфатниот пакет за трошоци е вреден 1.700 милијарди долари, од кои околу 45 милијарди се наменети за воена и економска помош за Украина. По неколкудневни преговори, сенаторите го усвоија законот со двопартиска поддршка …

Американскиот Сенат усвои предлог-закон за финансирање на Владата во висина од 1.700 милијарди долари Read More »

Магла на патните правци Скопје – Желино – Тетово – Гостивар и Неготино – Демир Капија – Смоквица


  Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на патниот правец Скопје – Желино – Тетово – Гостивар и од 100 -150м. на патниот правец Неготино – Демир Капија – Смоквица. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Поради зголемено ниво на вода на реката …

Магла на патните правци Скопје – Желино – Тетово – Гостивар и Неготино – Демир Капија – Смоквица Read More »

Ковачевски и Битиќи во „ХајТек Груп“


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска ќе ја посетат компанијата „ХајТек Груп“. Целта на посетата е потпишување нов договор за државна помош, соопшти владината прес-служба.

Закажани две седници на собраниската Комисија за политички систем


  Во Собранието денеска има закажано две седници на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисијата во рамки на 48. седница треба да продолжи да го разгледува Годишниот извештај за работата Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2021 година На дневен ред се и Годишен извештај на Државната комисија за …

Закажани две седници на собраниската Комисија за политички систем Read More »

Концерт по повод 50 години Женски младински хор при МКЦ


  Во Младинскиот културен центар вечер ќе го одржат завршниот концертот по повод прославата на големиот јубилеј – 50 години Женски младински хор – МКЦ. Женскиот младински хор, потекнува од детскиот хор Развигорче, кој е основан 1972 година заедно со самата институција. Со тоа, МКЦ во свое време покажал дека го негува музичкиот аматеризам од …

Концерт по повод 50 години Женски младински хор при МКЦ Read More »

ЈП „Лајка“ со хуманитарен предновогодишен настан


  ЈП „Лајка“ денеска за сите граѓани, активисти и љубители на кучиња организира предновогодишна хуманитарна забава. – 2022 година успешно ја одбележавме со многу интересни настани во кои заеднички се дружевме и уживавме, па сакаме да ја заокружиме со уште еден настан, последен за оваа година. На овој настан ќе се дружиме со нашите шепасти …

ЈП „Лајка“ со хуманитарен предновогодишен настан Read More »

Во Театарот за деца и младинци в понеделник премиера на претставата „Роња, ќерката на ограбувачот”


Театарот за деца и младинци в понеделник премиерно ќе ја изведе претставата „Роња, ќерката на ограбувачот”. Претставата е работена според истоимениот роман на светски познатата авторка Астрит Линдгрен, во режија и драматизација на Јакуб Максимов, кој доаѓа од Чешка. Драматург на претставата е Горјан Милошевски. По тој повод денеска во Театарот за деца и младинци …

Во Театарот за деца и младинци в понеделник премиера на претставата „Роња, ќерката на ограбувачот” Read More »

Утринската температура -6, дневната до 13 степени


Утрово по одделни котлини има појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла …

Утринската температура -6, дневната до 13 степени Read More »

Последен ден од расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2023


  Собранието денеска се очекува да го донесе Дополнетиот предлог буџет за 2023 година, кој е на дневен ред на 97. пленарна седница. Денеска е петиот, последен ден за дебата за Буџетот за следната година. Пратениците дебатираат по Дополнетиот предлог буџет за 2023 година во којшто се вградени прифатените амандмани во собраниската Комисија за финансирање …

Последен ден од расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2023 Read More »

Пендаровски не исклучува на „црната листа“ на САД да се најдат и актуелни функционери


  Не е исклучено на „црната листа“ на САД да се најдат имиња и на актуелни функционери, изјави претседателот Стево Пендаровски. Шефот на државата во гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5, рече дека неодамнешната посета на тричлениот американски тим на земјава била токму заради собирање информации за ажурирање на „црната листа“, за која очекува …

Пендаровски не исклучува на „црната листа“ на САД да се најдат и актуелни функционери Read More »

Ако нема дело во предметот „Таргет-Тврдина“, немаме ништо, вели Пендаровски


  Претседателот Стево Пендаровски смета дека судскиот предмет „Таргет-Тврдина“, кој неодамна беше вратен од Апелацискиот суд на повторно судење е клучен и оти ако во него нема дело, нема ништо за тоа што следуваше или произлезе од него односно од објавените разговори. – Со години траеше процесот. Тоа е клучниот предмет. Може да застари, а …

Ако нема дело во предметот „Таргет-Тврдина“, немаме ништо, вели Пендаровски Read More »

Блинкен: Русија засега на покажа дека е заинтересирана за завршување на војната


  Американскиот државен секретар, Антони Блинкен, изјави денеска дека Русија не покажала оти вистински е заинтересирана за окончување на војната во Украина. Изјавата на Блинкен доаѓа откако претходно рускиот претседател Владимир Путин рече дека сака побрзо завршување на конфликтот“. „Во основа во моментов Русија не покажала интерес за дипломатија“ за да се стави крај на …

Блинкен: Русија засега на покажа дека е заинтересирана за завршување на војната Read More »

Путин: Сите војни завршуваат со преговори, порано или подоцна


  Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија сака крај на војната во Украина и дека сите вооружени конфликти завршуваат дипломатски, со преговори. „Нашата цел не е да го свртиме тркалото на воениот конфликт, туку, напротив, да ставиме крај на оваа војна. Ќе се стремиме кон крајот на таа војна, и што побрзо, толку подобро, …

Путин: Сите војни завршуваат со преговори, порано или подоцна Read More »

„ГА-МА“: Сите учесници на пазарот на природен гас мора да бидат одговорни и да ги почитуваат законските прописи


  Потребата од обезбедување на право на избор и либерализација на пазарот носи низа позитивни придобивки, но исто така и обврски да се постапува по пазарни правила. Во време на енергетска криза сите учесници на пазарот на природен гас треба и мора да бидат одговорни и да ги почитуваат законските прописи, наведуваат од државното претпријатие …

„ГА-МА“: Сите учесници на пазарот на природен гас мора да бидат одговорни и да ги почитуваат законските прописи Read More »

Како арбитражата во Париз го преполови барањето на ЕЛ.ПЕТ Балканики за отштета за мазутот од ОКТА


  Адвокатскиот тим на Дехерт од Париз, ангажиран од Владата, во претстојниот период ќе ја анализира арбитражната пресуда во спорот меѓу ЕЛ.ПЕТ Балканики и Република Северна Македонија, кој произлегува од Договорот за продажба на акции на Рафинеријата ОКТА од 1999 година по што ќе биде донесена одлука за следните правни чекори кои ќе бидат преземени, …

Како арбитражата во Париз го преполови барањето на ЕЛ.ПЕТ Балканики за отштета за мазутот од ОКТА Read More »

Ковачевски: Се анализира пресудата на Арбитражниот суд во Париз


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се анализира пресудата на Арбитражниот суд во Париз по што јавноста ќе биде информирана. – Тоа е договорот од времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи прави соодветна информација и анализа за овој случај и штом таа биде готова, ќе биде  доставена до Владата и …

Ковачевски: Се анализира пресудата на Арбитражниот суд во Париз Read More »

Ангеловска-Бежоска: Забрзан економски раст со здрав банкарски сектор што поддржува зелена и дигитална трансформација


   Здравиот и развиен финансиски сектор е значаен за поттикнување на економскиот раст. Финансискиот систем што е доволно голем, диверзифициран, добро регулиран и сфатен може да придонесе за подобар животен стандард и унапредување на социјалната инклузија, намалувајќи ја со тоа сиромаштијата, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата „Сиромаштијата, економскиот раст и финансискиот …

Ангеловска-Бежоска: Забрзан економски раст со здрав банкарски сектор што поддржува зелена и дигитална трансформација Read More »

Новогодишен концерт „Виена во Битола“


  Камерниот оркестар на Битола вечер во големата сала на НУ Центар за култура ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт, годинава насловен „Виена во Битола“. Според програмата, пред публиката во Битола ќе настапат Зана Абази Рамадани, сопран од Косово, Роберто Јакини Вирџили, тенор од Италија, македонските уметници Ивана Здравкова-сопран и Мими Поп Алексова-примабалерина од Националната …

Новогодишен концерт „Виена во Битола“ Read More »

Почина „таткото“ на „тика масала“ пилешкото


 Познатиот готвач Ахмед Аслам Али кој тврдеше дека го измислил „тика масала“ – јадење со пилешко коешто стана класика во азиските ресторани ширум светот, починал во понеделникот на 78-годишна возраст, објави неговиот ресторан „Шиш Махал“ во Глазгов, Шкотска. Неговиот рецепт за кремасто и умерено зачинето кари е создаден 70-тите во кујната на таа гостилница, а …

Почина „таткото“ на „тика масала“ пилешкото Read More »

Американската администрација ослободува лекови од националните резерви поради премногу болни од грип


  Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека поради прераното појавување на грипот, ќе пушти одредени дози на лекови за грип на рецепт од Стратешките национални залихи во државите чии жители сè уште ги полнат лекарските ординации низ земјата. Локалните медиуми јавија дека луѓето кои сакале да земаат лекови без рецепт поради зголемениот број …

Американската администрација ослободува лекови од националните резерви поради премногу болни од грип Read More »