Закажани две седници на собраниската Комисија за политички систем


 

Во Собранието денеска има закажано две седници на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Комисијата во рамки на 48. седница треба да продолжи да го разгледува Годишниот извештај за работата Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2021 година

На дневен ред се и Годишен извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.-31.12.2021 година, Годишен извештај за работата на Јавните обвинителства на Република Северна Македонија за 2021 година, Извештај за реализација на Судскиот буџет за 2021 година, Годишен извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2021 година, Годишен извештај за работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2021 година, Годишен извештај за работата на Инспекцискиот совет за 2021 година и Годишен извештај за работата на Агенцијата за администрација за 2021 година.

За денеска е закажана и 49. седница на Комисијата на која на дневен ред е Граѓанска иницијатива за рапишување на референдум за донесување на закон за поништување на Законот за преобразба на Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ број 19/2004), преку овластениот предлагач Ѓорѓи Манасков.