Моќната банка која ненадејно пропадна прогласена за 20-та најдобра банка од „Форбс“ во февруари


Американскиот магазин „Форбс“ на 14 февруари оваа година ја објави својата 14-та редовна годишна листа на најдобри американски банки. Посочија дека растот, кредитниот квалитет и профитабилноста го сметаат за основни критериуми при креирањето на листата со цел рангирање на 100-те најголеми банки од најдобра до најлоша. На 20-то место на листата ја вброија американската Банката …

Моќната банка која ненадејно пропадна прогласена за 20-та најдобра банка од „Форбс“ во февруари Read More »

„Костурите“ од Куманово прв клуб на американски фудбал во земјава


  Ентузијастички и посветено момците од спортскиот клуб „Кумановски Костури“ (Kumanovo Skeletons) први во државата играат американски флег фудбал. Екипата нè пречека пред нивниот тренинг на фудбалскиот стадион зад градскиот базен во Куманово. Чуневи во боја и топка која потсетува на онаа која се користи во рагби, се дел од реквизитите што им користат на …

„Костурите“ од Куманово прв клуб на американски фудбал во земјава Read More »

СЗО: Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив


Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив и сите хипотези мора да се истражат, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој на Твитер напиша дека разбирањето на потеклото на Ковид-19 е научен императив, бидејќи ќе помогне да се спречат нови избувнувања, но и морален императив бидејќи милиони …

СЗО: Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив Read More »

За да има помирување, Софија треба да се извини за Холокаустот, порача Пендаровски


На денот на одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, претседателот Стево Пендаровски упати порака до официјална Софија дека треба да се извини за улогата на тогашната профашистичка бугарска влада за испраќањето во логорот на смртта на речиси целата еврејска популација во окупирана Македонија. „За да има помирување треба да има …

За да има помирување, Софија треба да се извини за Холокаустот, порача Пендаровски Read More »

Изложба „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“


Во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите денеска ќе биде отворена изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“. Подготвена е од страна на Државниот архив на Северна Македонија во соработка со Институтот за национална историја од Скопје, а по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи.  Изложбата се состои од 19 паноа на кои …

Изложба „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“ Read More »

(Видео) „Никогаш повеќе”: Одбележување на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи


Со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако, денеска почна одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе”. Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот …

(Видео) „Никогаш повеќе”: Одбележување на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи Read More »

Поранешниот претседател Иванов учествува на 10. Глобален Баку форум во Азербејџан


Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, учествува на јубилејниот 10. Глобален Баку форум во Азербејџан, кој се одржува во периодот 9-12 март 2023 годинана, а е посветен на тема „Светот денес: предизвици и надежи“. Како што соопштуваат од кабинетот на поранешниот претседател, форумот беше свечено отворен со обраќањето на Претседателот на Република Азербејџан Илхам Алијев, а учествуваат …

Поранешниот претседател Иванов учествува на 10. Глобален Баку форум во Азербејџан Read More »

Дваесет години од убиството на Зоран Ѓинѓиќ


Денеска се навршуваат 20 години од атентатот на Зоран Ѓинѓиќ, првиот демократски избран премиер во Србија и претседател на Демократската партија. Зоран Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година пред Владата на Немањина 11, а со снајпер беше застрелан од Звездан Јовановиќ, припадник на Единицата за специјални операции (ЕСО). За неговото убиство, поранешниот командант …

Дваесет години од убиството на Зоран Ѓинѓиќ Read More »

Францускиот Сенат ја усвои пензиската реформа на Макрон


Францускиот Сенат синоќа го усвои планот за пензиски реформи на претседателот Емануел Макрон со 195 гласа „за“ и 112 „против“. Клучна одредба од нацрт-законот е да се зголеми старосната граница за пензионирање за две години, на 64 години. Горниот дом на францускиот парламент гласаше за текстот по седмиот ден од националните протести против планот. Мнозинството …

Францускиот Сенат ја усвои пензиската реформа на Макрон Read More »

Најстудено на Попова Шапка, утрово измерени -6 степени


На Попова Шапка утрово се измерени -6 степени Целзиусови. Следат Маврови Анови и Крушево со -3, -1 во Берово и Крива Паланка, 1 Куманово, 2 Битола, Прилеп, Охрид, Претор, Дебар, Виница, 3 Тетово, Штип, 4 Скопје Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 6 Дојран, Демир Капија и 7 во Гевгелија. За изминатите 24 часа до 7 часот (во …

Најстудено на Попова Шапка, утрово измерени -6 степени Read More »

Слаби врнежи од снег утринава на Попова Шапка и на планинските премини Пресека и Ѓавато


Слаби врнежи од снег утриава има на Попова Шапка, како и на планинските премини Пресека и Ѓавато, но без проблеми во одвивањето на сообраќајот. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска …

Слаби врнежи од снег утринава на Попова Шапка и на планинските премини Пресека и Ѓавато Read More »

(Видео) Вселенската капсула на Спејс икс со четиричлен екипаж слета на Земјата


  Четири членови на екипажот на капсулата на Спејс икс (SpaceX), Crew Dragon слетаа крај брегот на Заливот на Флорида во саботата, безбедно враќајќи се од петмесечната научна мисија на Меѓународната вселенска станица. Капсулата Endurance на Спејс икс падна со падобран во водите во близина на брегот на Тампа кратко по 21 часот по локално …

(Видео) Вселенската капсула на Спејс икс со четиричлен екипаж слета на Земјата Read More »

Основните судови во 2022 година работеле со една третина помалку судии


Според годишниот извештај за работата на судовите на Судскиот совет во 2022 година од вкупно 27 основни судови низ земјава ажурни се 14, а неажурни 13. Ваквата оценка е врз основа на разликата меѓу бројот на примени и решени предмети во годината. Односно судовите кои решиле повеќе од примените предмети во текот на годината се ажурни, …

Основните судови во 2022 година работеле со една третина помалку судии Read More »

Пад на светските берзи, колапсот на моќната американска банка го потресе Волстрит


На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела бидејќи поради високата инфлација централните банки ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки, а и Волстрит е потресен од колапсот на Банката на Силиконската долина (СВБ). На Волстрит, индексот ДауЏонс (Dow Jones) минатата недела падна за 4,4 отсто, на 31.909 поени, додека СиП 500 (S&P …

Пад на светските берзи, колапсот на моќната американска банка го потресе Волстрит Read More »

Неодговорните сопственици дел од проблемот со бездомните кучиња, „Лајка“ со шест заловувачи на терен


 Од понеделникот ЈП „Лајка“ на терен со шест заловувачи започна акција за заловување на бездомните кучиња без ушна маркица на територија на Град Скопје со цел намалување на нивниот број. Заловувањето почна од Општина Аеродром, а ќе се одвива во континуитет и во останатите општини сè додека не се успее во што поголем број да …

Неодговорните сопственици дел од проблемот со бездомните кучиња, „Лајка“ со шест заловувачи на терен Read More »

Русите објавија што ќе прават со станот на Зеленски и на неговата сопруга на Крим


Шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, во интервју за кримското издание на РИА Новости објасни што ќе прави Русија со станот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленски во Лидваја, Крим. Аксјонов вели дека станот на Зеленски ќе биде даден на луѓе на кои им е потребен. „Прво, се обидуваме да ги национализираме …

Русите објавија што ќе прават со станот на Зеленски и на неговата сопруга на Крим Read More »

Една четвртина од плаќањата во рускиот увоз минатата година биле во јуани


Кинескиот јуан сочинуваше речиси четвртина од плаќањата во рускиот увоз во 2022 година, објави Руската централна банка, истакнувајќи и дека нејзиниот удел во тргувањето со валути се зголемил во февруари оваа година. Уделот на јуанот скокна од само четири отсто на дури 23 отсто во вкупните плаќања на рускиот увоз во 2022 година, покажуваат податоците …

Една четвртина од плаќањата во рускиот увоз минатата година биле во јуани Read More »

Пазарниот инспекторат предупредува: Високи казни ако не се почитуваат замрзнатите цени


  Веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата за определување на највисоки цени за тестенини, млеко, урда, сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен и ќе постапува, најавуваат од Инспекторатот и додаваат дека казните за непочитување на одлуките изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во …

Пазарниот инспекторат предупредува: Високи казни ако не се почитуваат замрзнатите цени Read More »

Индустриското производство „се сопна“ на почетокот на годинава


Индустриското производство во јануари годинава во однос на истиот месец лани бележи пад од 2,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи пораст од 2.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5.0 …

Индустриското производство „се сопна“ на почетокот на годинава Read More »

Невработеноста во четвртиот квартал лани 14 отсто


Стапката на невработеност во четвртиот квартал во 2022 година изнесувала 14 отсто. Стапката на активност во овој период е 54.9, а стапката на вработеност 47.2, соопшти Државниот завод за статистика.   Во четвртото тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 802 280 лица, од кои вработени се 690 053, а 112 …

Невработеноста во четвртиот квартал лани 14 отсто Read More »