Поради улична трка дел од автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат со изменет режим


 Поради одржување на улична трка „Халк Еко Скопје трча 10 км“ утре во периодот од 08 до 11:30 часот повеќе линии од јавниот градски превоз ќе имаат изменет режим на движење.  Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека по изменета траса од вообичаената ќе сообраќаат линиите 2, 4, 7, 8, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, …

Поради улична трка дел од автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат со изменет режим Read More »

Отворен ден на ФЕИТ


Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), заедно со факултетското студентско собрание при ФЕИТ, денеска напладне организираат отворен ден „Coffee@FEIT edition 3.0“ во дворот на Факултетот.  Настанот, како што посочуваат од ФЕИТ, има неформален карактер на кој ќе се дружат студентите, наставниот кадар и сите средношколци. Присутните ќе може да учествуваат и да се забавуваат …

Отворен ден на ФЕИТ Read More »

Во државата се регистрирани околу 180.000 парчиња на оружје, проблем е нелегалното


Последните случувања во соседна Србија каде малолетник пред два дена со пиштол уби и повреди соученици и 21-годишно момче со пиштол уби и рани повеќе лица, го отворија прашањето колку и како оружјето им е достапно на децата. Каква е состојбата со оружјето кое го поседуваат граѓаните во земјава и каква е законската регулатива, МИА …

Во државата се регистрирани околу 180.000 парчиња на оружје, проблем е нелегалното Read More »

Критики за европското знаменце на законите за коридорите, реакции и за прекувремената работа


Владата вчера усвои измени на пет закони поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д и ги достави до Собранието со европско знаменце. Целта, како што образложи, е да се овозможи усвојување на законските измени што се блокирани во Собранието, како и да се забрзат процедурите и да се намалат роковите заради ефикасност …

Критики за европското знаменце на законите за коридорите, реакции и за прекувремената работа Read More »

Велика Британија и кралското семејство: кој е член и што работи кралот


  Сабота, 6 мај, кралот Чарлс Трети – станува 40-тиот британски монарх крунисан во Вестминстерската опатија. Тој стана крал веднаш по смртта на неговата мајка, Елизабета Втора, во септември 2022 година. Што работи кралот? Кралот во Велика Британија е шеф на државата. Сепак, неговите овластувања се симболични и церемонијални, а тој останува политички неутрален. Секојдневно …

Велика Британија и кралското семејство: кој е член и што работи кралот Read More »

Пендаровски на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети


 Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска ќе присуствува на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети.  На церемонијата на крунисување најавени се повеќе од 2.200 гости меѓу кои шефови на држави, познати имиња и хуманитарни организации од 203 земји, како и членови на кралското семејство.

Евроамбасадорот Гир на отворање на „Europe House“ во Битола


Евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска официјално ќе ја отворат „Europe House“ во овој град. Отворањето го означува почетокот на активностите на Денот на Европа 2023 година на Делегацијата на Европската унија. Отворањето на Europe House ќе вклучува најразлични активности, а започнува со дебата со студентите од Правниот факултет при Универзитетот …

Евроамбасадорот Гир на отворање на „Europe House“ во Битола Read More »

Нова надеж за болните од Алцхајмеровата болест: Новиот лек драстично ја успорува болеста


  Можно е да сме на прагот на нова ера на лекување на Алцхајмерова болест. Имено, се покажа дека веќе вториот лек за помалку од една година ја успорува оваа болест. Експертите рекоа дека сега сме „на прагот“ на достапноста на лекови, нешто што неодамна изгледаше невозможно, пишува Би-Би-Си. Фармацевтската компанија „Ели Лили“ објави дека …

Нова надеж за болните од Алцхајмеровата болест: Новиот лек драстично ја успорува болеста Read More »

Органски пазар во Јавна соба


На зелената тераса во Јавна соба во Скопје од денеска е отворен органски пазар – Пазарче.орг. Со ова, почнува третата сезона на промоција и продажба нa органска храна во земјава. Пазар.орг е во организација на Јавна соба во соработка со Бакалница.нет, Зелена Република и Прва Органска Задруга. Како што е најавено, посетителите, покрај дегустацијата која …

Органски пазар во Јавна соба Read More »

Најубавите традиционални македонски бисери прозвучија како класични дела


Македонски традиционални мелодии преработени уметнички како класични дела беа изведени на концертот што се одржа вчеравечер во организација на НУ „Охридско лето“. „Деспина“, „Дафино“, „Налеј, налеј“ „Чифлик“, „Тиквешки марш“ беа дел од композициите кои ја воодушевија публиката во катедралната црква „Света Софија“. Концертот е авторски проект на еден од најистакнатите македонски уметници Љупчо Коскаров кој …

Најубавите традиционални македонски бисери прозвучија како класични дела Read More »

Јубилеен државен натпревар по класични јазици за учениците од гимназиите и средните училишта


Во организација на здружението Антика и Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје, денеска ќе се одржи јубилејниот 50. државен натпревар по класични јазици за учениците од гимназиите и средните училишта. Учениците ќе се натпреваруваат во три категории според степенот на изучување на јазикот и според струката: почетно ниво за гимназија латински и …

Јубилеен државен натпревар по класични јазици за учениците од гимназиите и средните училишта Read More »

Авионско прскање против комарци во Скопје


Денеска и утре во раните утрински часови ќе се реализира првата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Од Град Скопје посочуваат дека доколку временските услови не се добри, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. -Се известуваат пчеларите навреме да …

Авионско прскање против комарци во Скопје Read More »

Сончево и топло со максимална температура до 25 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 18 до 25 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. …

Сончево и топло со максимална температура до 25 степени Read More »

Земјотрес од 5,7 степени го погоди јапонскиот остров Хокаидо


Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вечерва јапонскиот остров Хокаидо, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот се случил на длабочина од 75 километри, додадоа од ЕМСЦ. Претходно денеска едно лице загина, а 13 се повредени во земјотресот што го погоди централниот дел на Јапонија.

Земјотрес со јачина од 4,6 степени во турската провинција Кахраманмараш


Земјотрес со интензитет од 4,6 степени е регистриран денеска во југоисточната турска провинција Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси на 6 февруари. Според владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот е регистриран во 17 часот и 52 минути, епицентарот бил во градот Ѓоксун, а неговата длабочина била 7,55 километри. Засега …

Земјотрес со јачина од 4,6 степени во турската провинција Кахраманмараш Read More »

Украина, Русија, Турција и ОН не постигнаа договор за извозот на жито


Украина, Русија, Турција и Обединетите нации не постигнаа договор во текот на денешните преговори за извозот на жито. Портпаролот на ОН, Фархан Хак изјави дека не е дадено овластување на ниту еден нов брод за извоз на жито преку Црното Море. Тој додаде дека продолжуваат секојдневните инспекции на претходно одобрените бродови.

Тринаесет проценти раст на нето-платите во ТИРЗ и десет отсто поголема нето-добивка


Динамиката на раст на нето-платата во ТИРЗ ја надминува динамиката на раст на нето-платата во националната економија. Регистрираме близу 13 проценти зголемување на нето-платата во 2022 година во однос на 2021-ва, но тоа не е доволно. Сметам дека ова е поле во кое можеме да вложиме напор за дополнително да го подобриме животниот стандард на …

Тринаесет проценти раст на нето-платите во ТИРЗ и десет отсто поголема нето-добивка Read More »

Застарените информациски системи во УЈП ризик за безбедноста на податоците


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност – ревизија на информациски системи на тема „Ефективност на информацискиот систем во Управата за јавни приходи за администрирање на јавните давачки“, за да одговори на прашањето „Дали дизајнот на информацискиот систем на УЈП овозможува ефикасно, комплетно и одржливо управување со јавните давачки?“. Воспоставениот дизајн на информациски систем …

Застарените информациски системи во УЈП ризик за безбедноста на податоците Read More »

Деспотовски потврди дека платата е поголема за 78 отсто, дискусијата да се води каков е учинокот на функционерите


Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски смета дека прво, врз основа на мерливи и објективни критериуми, треба да се согледа колку функционерите сработиле и колкав е нивниот учинок, па дури потоа да се дискутира дали нивната плата е голема или мала. Според Деспотовски, платите приоритетно треба да им се зголемат …

Деспотовски потврди дека платата е поголема за 78 отсто, дискусијата да се води каков е учинокот на функционерите Read More »

Нормализиран железничкиот сообраќај на релација Гевгелија-Скопје


 Железничкиот сообраќај на релација Гевгелија – Скопје кај Градско е нормализиран, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи од Велес.  Сообраќајот беше во прекин поради железничка несреќа во која воз удри во маж кој почина на самото место. На местото на несреќата е извршен увид од екипи на СВР Велес и јавен обвинител.