Мицотакис ја претстави владината програма за следните четири години


Намалување на невработеноста на осум отсто во следните четири години; предвремено исплаќање на заемот од првиот меморандум; враќање на инвестицискиот степен до крајот на годинава; намалување на даноци; намалување на јавниот долг; зголемување на минималната и просечната плата, се вклучени во програмата на грчката Влада за следните четири години, според премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, …

Мицотакис ја претстави владината програма за следните четири години Read More »

Бесими се сретна со Стевкова-Штериева од МБА за граѓанската обврзница


  Состојбите во банкарскиот сектор, како и процесот што се одвива преку деловните банки за купување на граѓанската обврзница, којшто е во тек, денеска беа тема на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова Штериева. Процесот за запишување на граѓанска обврзница, што почна на 30 јуни со …

Бесими се сретна со Стевкова-Штериева од МБА за граѓанската обврзница Read More »

Русија почна тестирање на авионот бомбардер Ту-160М


Русија почна со тестирање на првиот експериментален модернизиран стратешки бомбардер Ту-160М, објави руската новинска агенција ТАСС. Ту-160М е наменет за напади врз непријателски цели во оддалечените области со нуклеарно и конвенционално оружје. Тестовите беа извршени денеска од руското Министерство за одбрана и дизајнерската технолошка компанија Ростек. Ту-160М е надградена верзија на рускиот авион Ту-160.

Легализирањето на канабисот во Германија ќе заштеди над една милијарда евра


Германското Министерство за здравство очекува планираната легализација на канабисот да им заштеди на агенциите за спроведување на законот, судовите и затворите во земјата повеќе од една милијарда евра (1,08 милијарди долари) трошоци годишно. Ова произлезе од ревидираниот предлог-закон што Министерството денеска го испрати до професионалните здруженија кои се занимаваат со ова прашање, рече портпаролот на …

Легализирањето на канабисот во Германија ќе заштеди над една милијарда евра Read More »

Кога Американците ќе претераат: Наместо мал огнометот, општ хаос (видео)


  Семејство од Небраска (САД) организираше огномет на патеката пред дворот на нивната куќа за да го прослави Денот на американската независност, но прославата брзо се претвори во општ хаос кога пиротехничките средства експлодираа на земја, ракети полетаа кон посетителите на забавата и автомобилот паркиран пред куќата пламна. Целиот хаос го снимила безбедносна камера поставена …

Кога Американците ќе претераат: Наместо мал огнометот, општ хаос (видео) Read More »

Богоев – Ивановска: Борбата против корупција значи поголеми приливи во Буџетот и подобри услуги за граѓаните


Борбата против корупција ќе обезбеди поголеми приливи на јавни приходи и подобрување на услугите кон граѓаните. Ова денеска го истакнал директорот на Царинската управа Стефан Богоев на средбата со претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска. Царинската управа информира дека како поважни мерки кои се спроведуваат во моментов се евидентирање на анкетни …

Богоев – Ивановска: Борбата против корупција значи поголеми приливи во Буџетот и подобри услуги за граѓаните Read More »

Прогнози на Виенскиот институт за Балкан: Македонија ќе има раст од 1,6 отсто


На ниво на Западен Балкан растот на БДП во просек ќе биде 1,9 отсто во 2023 година, 2,8 отсто во 2024 година, а малку ќе надмине три отсто во 2025 година, се вели во соопштението на Виенскиот институт. Инфлацијата на Западен Балкан во 2023 година се прогнозира во просек од 9,5 отсто, највисока во Србија …

Прогнози на Виенскиот институт за Балкан: Македонија ќе има раст од 1,6 отсто Read More »

Владата го повлекла Предлог-законот за данок на солидарност, но Стопанската комора бара целосно да се стопира


Владата ги повлекла од собраниска процедура законите за солидарен данок, за измените и дополнувањата на данокот на додадена вредност и за данокот на добивка, но стопанственците стравуваат дека тие повторно би можеле да се вратат назад и да се донесат по скратена постапка или под европско знаменце, што ќе ги стави фирмите во незавидна положба. …

Владата го повлекла Предлог-законот за данок на солидарност, но Стопанската комора бара целосно да се стопира Read More »

ЕУ бележи економски раст, но се соочува со недостиг на работна сила


И покрај руската инвазија врз Украина што резултираше со економско забавување во ЕУ во втората половина на 2022 година, пазарот на трудот во Унијата лани покажаа извонредна отпорност на ваквите влијанија и беше забележан реален економски раст од 3,5 проценти, се наведува во Извештајот за вработување и социјален развој во Европа (ЕСДЕ) за 2023 година …

ЕУ бележи економски раст, но се соочува со недостиг на работна сила Read More »

Еден од најбогатите Словенци „на работ“: Деловни проблеми на Санди Чешко, творецот на Дормео


Само пред една година „Санди Чешко“ беше рангиран меѓу десетте најбогати Словенци со богатство од 200 милиони евра. Сега основачот на Дормео и другите брендови на групацијата „Студио Модерна“, за словенечките медиуми призна дека има проблеми во компанијата и дека доцнат платите и другите обврски на вработените. Санди Чешко, еден од најбогатите Словенци и „крал“ …

Еден од најбогатите Словенци „на работ“: Деловни проблеми на Санди Чешко, творецот на Дормео Read More »

Марковски: Прецизен математички модел за мостот „Беласица“ ќе покаже како ќе се однесува во иднина


Да се испита присуството на микропукнатини во структурата на бетонот, да се види до каде тие се протегаат и до која длабочина, како и да се утврди температурата што пристигнала до каблите за претходно напрегање, па врз основа на тој податок да се види дали треба контрола на нивните сили или нешто друго. Да се …

Марковски: Прецизен математички модел за мостот „Беласица“ ќе покаже како ќе се однесува во иднина Read More »

ЕВН: Дефектот во Слупчане наскоро ќе се санира


ЕВН денеска информираше дека дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време, по добиените гаранции од страна на министерот за економија, кој заедно со градоначалникот на Липково се договорил со жителите да не ги спречуваат екипите на електродистрибуција да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување нови мерни системи …

ЕВН: Дефектот во Слупчане наскоро ќе се санира Read More »

НП „Пелистер“ поставува пет метеоролошки станици со радар за превенција од пожари и поплави


БИТОЛА – Пет метеоролошки станици со радар се поставуваат на локации во Националниот парк „Пелистер“ и на реката Драгор во Битола како превенција од пожари и поплави. Станиците се дел од активностите на проектот насловен ПРЕВЕНТ во рамките на INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“. Со овие станици ќе …

НП „Пелистер“ поставува пет метеоролошки станици со радар за превенција од пожари и поплави Read More »

Цукерберг го лансираше „Тредс“, конкурентска мрежа на Твитер


Основачот на „Мета“, Марк Цукерберг вчера ја лансираше долгоочекуваната апликација „Тредс“ (Threads) како главен конкурент на Твитер на Илон Маск, распламтувајќи го соперништвото меѓу двајцата технолошки мултимилијардери. „Ајде да го направиме ова. Добредојдовте во ‘Тредс’,“ напиша Цукерберг во својата прва објава на апликацијата, дополнувајќи ја со емотикони со оган. Тој рече дека апликацијата забележала пет …

Цукерберг го лансираше „Тредс“, конкурентска мрежа на Твитер Read More »

Зеленски вети „конкретен“ одговор по нападот врз Лавов


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети „конкретен одговор“ на рускиот ракетен напад врз станбен блок во градот Лавов, во западна Украина, во кој, според ажурираните податоци што ги објави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко, загинаа четири лица, пренесуваат француските медиуми. „Ова се последиците од полноќниот напад на руските терористи“, кажа Зеленски во објавата на …

Зеленски вети „конкретен“ одговор по нападот врз Лавов Read More »

По вооружениот бунт, Путин се обидува да ја зајакне својата одбрана


Долго време фокусиран на безбедноста, рускиот претседател ја наградува лојалноста на владејачката елита и ја опсипува својата најважна изборна единица – вооружените луѓе – со готовина, пишува Њујорк Тајмс. Се вели дека рускиот претседател Владимир Путин работи во идентични канцеларии во неколку резиденции за да не може да се открие неговата локација врз основа на …

По вооружениот бунт, Путин се обидува да ја зајакне својата одбрана Read More »

Претрес во куќата на претседателот на ПСЖ, Ал-Хелаифи


Француската полиција изврши претрес во куќата на Насер Ал-Хелаифи, претседател на францускиот фудбалски шампион, Пари Сен Жермен и извршен директор на медиумскиот холдинг „beIN Media Group“. Според тамошните медиуми, акцијата на полицијата е поврзана со истрагата за киднапирање, незаконско приведување и тортура на лобистот Тајеб Бенабдерахман. Портпаролот на Ал-Хелаифи рече дека им е дозволен пристап …

Претрес во куќата на претседателот на ПСЖ, Ал-Хелаифи Read More »

Мексико: Автобус падна во провалија, најмалку 27 патници загинаа


Најмалку 27 патници загинаа денеска во Мексико, кога патнички автобус изгубил контрола и излетал од патот во провалија длабока 25 метри, соопштија властите. Несреќата се случила во регионот Миктека во јужната држава Оахака. Државниот секретар за внатрешни работи Хесус Ромеро изјави дека во несреќата загинале 27 лица, меѓу кои и едноиполгодишно дете. Тој рече и …

Мексико: Автобус падна во провалија, најмалку 27 патници загинаа Read More »

Затворена за сообраќај делницата Демир Капија – Давидово поради асфалтирање


Делницата Демир Капија – Давидово поради асфалтирање ќе биде затворена за сообраќај од денеска до 20 јули, во периодот од 10 до 16 часот. Поради асфалтирање, од 4 до 8 јули (од 8 до 18 часот) затворена за возила е и делницата Велес – Градско, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта утрово се …

Затворена за сообраќај делницата Демир Капија – Давидово поради асфалтирање Read More »

Борисов се откажа од пратеничкиот имунитет поради истрагата за аферата „Барселонагејт“


Претседателот на една од бугарските владејачки партии ГЕРБ (Граѓаните за европски развој на Бугарија), и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, соопшти дека се откажал од пратеничкиот имунитет. -Разговарав со членовите на пратеничката група на ГЕРБ. Ќе се откажам од имунитетот и покрај тоа што поранешниот државен обвинител го направи против мене, рече Борисов во парламентот, …

Борисов се откажа од пратеничкиот имунитет поради истрагата за аферата „Барселонагејт“ Read More »