Коачела не е само музика туку и мода: Лежерен стил за фестивал (фото)


Фестивалската мода е цел еден нов стил и Коачела е местото каде најдобро се претставува.Фестивалот на музика и уметност Коачела Вели што се одржува во Индио, Јужна Калифорнија е музичка, но и модна дестинација, а годинава повеќе од кога било. Покрај забавите во споредните програми и спонзорираните павилјони, годинава има и ревии и поп-ап бутици …

Коачела не е само музика туку и мода: Лежерен стил за фестивал (фото) Read More »

Реконструкција на дрвената конструкција на Античкиот театар во Охрид


Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ започна со демонтажа на дотраената и поставување нова дрвена конструкција на Античкиот театар во Охрид. Како што информираат од Охридскиот Завод и Музеј, просторот каде ќе се изведува реконструкцијата од безбедносни причини ќе биде затворен за посетителите. По повод 18 април – Светскиот ден на културното наследство, денеска …

Реконструкција на дрвената конструкција на Античкиот театар во Охрид Read More »

Тарантино откри зошто во неговите филмови нема секс-сцени


Шпанија– Фановите на славниот американски  режисер Квентин Тарантино секогаш може да очекуваат дека неговите филмови ќе донесат крв и насилство, но дека тешко, или воопшто, ќе содржат секс или голотија. Ова е намерен избор, рече режисерот оскаровец во едно неодамнешно интервју, објаснувајќи дека тоа никогаш не било суштинско за неговите приказни. „Сексот не е дел …

Тарантино откри зошто во неговите филмови нема секс-сцени Read More »

Сергеј Андреевски со „Неизложени дела на хартија“ во Грција


Самостојната изложба „Неизложени дела на хартија“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски в петок ќе биде отворена во општина Каламариа во Солун.   – На некој начин, оваа поставка е продолжение на големото ретроспективно претставување со наслов „Хартии“ што се случи минатиот мај во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Голем дел од селектираните дела не можеа …

Сергеј Андреевски со „Неизложени дела на хартија“ во Грција Read More »

Промоција на „Вонземјанки; раскази од Латинскиот кварт“ од Влада Урошевиќ


 Најновата книга од академик Влада Урошевиќ, збирката раскази „Вонземјанки; раскази од Латинскиот кварт“ во издание на „Или-Или“ вечер во 20 часот ќе биде промовирана во кино „Фросина“ во МКЦ. Книгата низ разговор со авторот ќе ја претстави писателот Гоце Смилевски. Според Смилевски, Влада Урошевиќ со своите дванаесет раскази од збирката „Вонземјанки“ успева да оствари маестрална …

Промоција на „Вонземјанки; раскази од Латинскиот кварт“ од Влада Урошевиќ Read More »

Меркел одликувана со највисокото признание во Германија : Рано е за проценки


Берлин- Поранешната германска лидерка Ангела Меркел го доби највисокиот орден за заслуги во земјата Големиот крст за заслуги, и покрај критиките за нејзиното наследство, добивајќи пофалби за нејзината дисциплина и страст во текот на 16 години како канцелар. Честа и беше врачена од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер во понеделникот вечерта во Берлин како признание за нејзиниот придонес …

Меркел одликувана со највисокото признание во Германија : Рано е за проценки Read More »

ЕП за визната либерализација со Косово


На денешната пленарна седница на Европскиот парламент ќе се гласа за договорот за визна либерализација за граѓаните Косово, со што ќе им овозможи да патуваат и да останат во ЕУ до 90 дена без виза, во кој било период од шест месеци со пасоши издадени од Приштина, се наведува на веб-страницата на ЕП. По усвојувањето во ЕП, визната либерализација за Косово треба да биде потпишана и …

ЕП за визната либерализација со Косово Read More »

Националната галерија го одбележува Меѓународниот ден на културното наследство


Националната галерија на Република Северна Македонија се придружува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на промоција на културното наследство – 18 Април. За таа цел, оваа институција денека ги отвора вратите за посетителите, особено за најмладите.  Во Даут пашин амам во моментов е сместена постојаната Национална поставка на ликовни дела (икони, слики, скулптури, инсталации…), која го …

Националната галерија го одбележува Меѓународниот ден на културното наследство Read More »

„Во име на новото“ во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи настан „Во име на новото“,  чија цел е да се промовира новото творештво на неколку македонски автори – членови на ДПМ. Како што најавуваат од ДПМ, ќе бидат претставени авторите Јулијана Величковска, Игор Анѓелков и Иван Антоновски. 

Уште девет американски држави се приклучија на федералната тужба против Гугл


Њујорк – Уште девет држави се приклучија  во тужба против Гугл, во која се тврди дека компанијата го прекршила законот за регулирање на пазарната конкуренција во бизнисот со дигитално рекламирање, објави Министерството за правда на САД. Кон тужбата се приклучија и сојузните држави Аризона, Илиноис, Мичиген, Минесота, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Каролина, Вашингтон и Западна Вирџинија. …

Уште девет американски држави се приклучија на федералната тужба против Гугл Read More »

Неделава треба да бидат познати експертите за уставни измени, работната група ќе ги формулира предлозите


Министерството за правда се очекува оваа недела да ги објави имињата на експертите кои ќе бидат дел од работната група за уставни измени, откако минатата недела беа објавени имињата на претставниците на политичките партии и институции кои ќе бидат дел од ова тело. Работната група, пак, се очекува да се состане при што ќе ги …

Неделава треба да бидат познати експертите за уставни измени, работната група ќе ги формулира предлозите Read More »

Облачно со дожд во текот на целата недела


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне со повремен дожд …

Облачно со дожд во текот на целата недела Read More »

Пратениците в среда се враќаат на работа


По Велигденските празници, пратениците в среда треба да се вратат на работните обврски. Првата пленарна седница, според веб-страната на Собранието, е закажана за 19 април, а до крајот на месецот има закажано само уште една седница на 27 април која е посветена на пратенички прашања.   На дневен ред на 111. седница, која треба да се …

Пратениците в среда се враќаат на работа Read More »

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница


Лекарската комора денеска на прес-конференција ќе информира за преземените активности во врска со случајот со анестезиологот од тетовската Клиничка болница кој на социјалната мрежа „тик-ток“ објави снимки од пациенти и медицински персонал.  На 43-годишниот лекар му е определена мерка притвор од осум дена, а министерот за здравство Фатмир Меџити побара одземање на лиценцата за работа.  …

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница Read More »

Астрономски календар


Денеска е  вторник, 18 април 2023 година, 108-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 257 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 49 минути, а ќе зајде во 19 часот и 18 минути. Денов трае 13 часа и 28 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 5 часот …

Астрономски календар Read More »

Зголемена фреквенција на возила попладнето на Евзони


На граничниот премин Евзони попладнево за влез во земјава се чекаше повеќе од еден час поради зголемен прилив на туристи кои продолжениот велигденски викенд го искористија да престојуваат во Грција.  Извори од грчка страна за дописничката на МИА брифираа дека вечерва веќе се намалени гужвите, функционирале четири ленти за излез од Грција, а коментираат дека …

Зголемена фреквенција на возила попладнето на Евзони Read More »

„Ориент експрес“ повеќе нема да сообраќа од Лондон до Франција


Познатиот воз Ориент експрес престанува да сообраќа на потегот од британскиот пристанишен град Фолкстон до Лондон поради зголемените гранични контроли по Брегзит, објави денеска Индипендент. Се наведува дека тоа се случило бидејќи постапката за минување на границата со Франција во градот Кале е премногу тешка. Туристичката компанија „Ориент експрес“, Белмонд, рече дека „зголемената визна и …

„Ориент експрес“ повеќе нема да сообраќа од Лондон до Франција Read More »

Збогум за евтините летови во Европа


Брисел – Летните летови меѓу Велика Британија и земјите од ЕУ годинава се за третина поскапи од лани, но ова не е привремено флуктуација, туку нова реалност во Европа поради се построгите климатски регулативи. Системот за тргување со емисии на Европската унија (EU ETS) бара од авиокомпаниите да купуваат карбонски компензации за секој метрички тон …

Збогум за евтините летови во Европа Read More »

Ербас и Ер Франс не се виновни за авионската несреќа пред 14 години


Париз- Судот во Париз денеска пресуди дека европскиот производител на авиони Ербас и авиокомпанијата Ер Франс не се виновни за „убиство од небрежност“ во случајот со падот на летот АФ447 пред речиси 14 години, кога загинаа 228 лица. Парискиот суд во образложението на пресудата навел дека двете компании занемариле дел од своите обврски, но дека …

Ербас и Ер Франс не се виновни за авионската несреќа пред 14 години Read More »

Без струја утре и задутре делови од општините Ѓорче Петров и Карпош


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре од 09 до 13 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Шар Планина“ во населбата „Даме Груев“, а од 09 до 15 часот дел од улицата „Мечкин Камен“ во општина Ѓорче Петров. Во среда, според информациите на РЦУК, без електрична енергија ќе …

Без струја утре и задутре делови од општините Ѓорче Петров и Карпош Read More »