Реконструкција на дрвената конструкција на Античкиот театар во Охрид


Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ започна со демонтажа на дотраената и поставување нова дрвена конструкција на Античкиот театар во Охрид.

Како што информираат од Охридскиот Завод и Музеј, просторот каде ќе се изведува реконструкцијата од безбедносни причини ќе биде затворен за посетителите.

По повод 18 април – Светскиот ден на културното наследство, денеска не се наплаќа влез во културно-историските знаменитости во градот.

Согласно тоа, посетителите бесплатно ќе можат да ги посетат музејската поставка во „Куќата на Робевци“, Самоилова тврдина, Галеријата на икони и Музејот на вода – „Градиште“.