Јун Сук-Јол на вечера со Бајден во Белата куќа


Вашингтон– Џо Бајден ќе биде домаќин на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол во Белата куќа оваа недела кој доаѓа во државна посета на САД, и најверојатно посетата ќе биде славеничка, бидејќи двете земји ја одбележуваат 70-годишнината од сојузот за кој двете страни велат дека е посилен од било кога. Но, под површината, односите меѓу САД и …

Јун Сук-Јол на вечера со Бајден во Белата куќа Read More »

Министрите на ЕУ одобрија мисија во Молдавија за спротивставување на руските закани


Брисел– Министрите за надворешни работи на Европската унија поддржаа цивилна мисија за поддршка на Молдавија во нејзината борба против кибер нападите и пошироките напори за поттикнување немири во земјата. „По сеопфатната инвазија на Украина, ЕУ беше сведок на „зголемени и континуирани руски обиди да ја дестабилизира Молдавија со хибридни акции“, рече шефот на европската дипломатија, …

Министрите на ЕУ одобрија мисија во Молдавија за спротивставување на руските закани Read More »

Барањето на Косово за прием во Советот на Европа влезе во процедура


Стразбур – Комитетот на министри на Советот на Европа денеска на вонредна седница одлучи да го проследи барањето на Косово за прием во таа паневропска организација до Парламентарното собрание на консултации. Во одлуката објавена на веб-страницата на Советот на Европа, Комитетот на министри се повикува на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово …

Барањето на Косово за прием во Советот на Европа влезе во процедура Read More »

Земјите на ЕУ одобрија правила за намалување на родовиот јаз во платите


Брисел – Земјите-членки на ЕУ одобрија нови правила за намалување на нееднаквоста во платите меѓу мажите и жените во Европската унија, јави ДПА. Регулативата за транспарентност на платите ќе помогне да се „намали родовиот јаз во платите“ и за борба против дискриминацијата во платите, се вели во соопштението на Советот на ЕУ. Жените во ЕУ …

Земјите на ЕУ одобрија правила за намалување на родовиот јаз во платите Read More »

Сузан Рајс ја напушта функцијата советничка на американскиот претседател


Вашингтон – Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека неговата главна советничка за внатрешна политика, Сузан Рајс, ќе ја напушти функцијата следниот месец. Како директорка на Советот за домашна политика на Белата куќа, Сузан Рајс имаше големо влијание врз политиките на администрацијата на Бајден за здравствена заштита, имиграција. Според американски медиуми, тоа е изненадувачки потег …

Сузан Рајс ја напушта функцијата советничка на американскиот претседател Read More »

Во Скопје в среда дезинсекција против ларви од комарци


Втората фаза од дезинсекцијата во главниот град против ларви од комарци ќе биде извршено во раните утрински часови во среда, соопштија од Град Скопје. Како што информираат од Градот, авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 26.04.2023 (среда), во раните утрински часови. Додека терестричната дезинсекција (втора фаза) …

Во Скопје в среда дезинсекција против ларви од комарци Read More »

Демир Капија со реновиран Дом на културата- вложени повеќе од 550.000 евра во реконструкција и надградба


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска беше во работна посета на општина Демир Капија, каде направија увид на реновираниот објект на Домот на културата „Мирка Гинова“. „Преку овој целосно нов современ објект конечно се обезбедени квалитетни услови за работа на културните …

Демир Капија со реновиран Дом на културата- вложени повеќе од 550.000 евра во реконструкција и надградба Read More »

Денеска издадени речиси 10.000 рецепти за висок притисок и 8.000 за дијазепам


Денот не е завршен, а на македонските граѓани денеска, до 16 часот, веќе им биле издадени речиси 9.800 рецепти за лекот „еналаприл“, 8.700 рецепти за „метформин“ и 8.000 рецепти за „дијазепам“, покажуваат податоците на веб-платформата Е-здравство, која беше промовирана денеска. Лекот „еналаприл“ е за хипертензија, односно за висок крвен притисок, „метформин“ е лек за дијабет, додека …

Денеска издадени речиси 10.000 рецепти за висок притисок и 8.000 за дијазепам Read More »

Горивата поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар


Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на бензините се намалува за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,2 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС …

Горивата поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар Read More »

МНР: Нема наши државјани во Судан


Oд почетокот на тензиите во Судан не се регистрирани повици од наши државјани на кои им е потребна помош, информираат од Министерството за надворешни работи. Од таму дополнуваат дека според досегашните информации добиени од нашата Амбасада во Каиро, како надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Судан, во моментот нема наши државјани кои престојуваат во земјата. – Во …

МНР: Нема наши државјани во Судан Read More »

Петровска ја пречека австриската министерка за одбрана Клаудија Танер


Со церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Скопје ја пречека австриската министерка за одбрана Клаудија Танер, која е во официјална посета на Република Северна Македонија. По пречекот, австриската министерка за одбрана Клаудија Танер се потпиша во книгата на впечатоци во Министерството за одбрана, двете министерки …

Петровска ја пречека австриската министерка за одбрана Клаудија Танер Read More »

Книгите ни се многу потребни денес, да се пишува значи да се создава еден нов свет


Светот на книгите е светот на бескрајните можности. Светот на книгите, заедно со светот на уметностите е непроценливата смисла на човековото постоење. Да се чита книга, значи да се открива нов свет. Книги имало и ќе има секогаш, се додека постои човековата потреба за знаење, за раскажување и за читање на се што е напишано, …

Книгите ни се многу потребни денес, да се пишува значи да се создава еден нов свет Read More »

Меган Маркл не може да се засити од оваа одржлива дизајнерска чанта


Не е тајна дека Меган Маркл има завидна колекција чанти. Од нејзината доверлива торба Кујана до нејзините многубројни модели на Стела Макартни и на Стратбери, војвотката од Сасекс знае добра чанта кога ќе ја види. Главен меѓу стиловите на кои е исто така многу лојална е микро-чантата од Габриела Херст. Меган за прв пат беше …

Меган Маркл не може да се засити од оваа одржлива дизајнерска чанта Read More »

Петтото издание на „Златна рамка“ ги оправда очекувањата на филмската публика  


Во изминатите три дена (20 до 22 април) се одржа петтото издание на манифестацијата „Златна рамка“ – Во наш филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Од година во година се зголемува посетеноста на фестивалот, а годинава публиката во Кино „Фросина“ во МКЦ и во Кинотека на Македонија можеше бесплатно да …

Петтото издание на „Златна рамка“ ги оправда очекувањата на филмската публика   Read More »

Како изгледа менито на Новак Ѓоковиќ


Белград– Познато е дека најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е исклучително внимателен на исхраната, а од своето мени ги отстранил производите кои содржат глутен, млечни производи, шеќер и црвено месо. Ѓоковиќ пие големи количини вода во текот на денот, а утрото го започнува со чаша млака вода со лимон за детоксикација. Исто така, во …

Како изгледа менито на Новак Ѓоковиќ Read More »

Со претставата „Café Müller“ на Пина Бауш започнува „Театар на платно“ во Кинотека


Претставата „Café Müller“ кореографирана и одиграна од Пина Бауш во четврток (27 април) во 20 часот ќе биде прикажана на платното во Кинотеката на Македонија. Со оваа претстава, информираат од Кинотеката, започнува проектот „Театар на платно“ што е во соработка со компанијата „АртАктУм“. „По претставата ќе отвориме разговор меѓу публиката и нашите гостинки: Искра Шукарова, …

Со претставата „Café Müller“ на Пина Бауш започнува „Театар на платно“ во Кинотека Read More »

Скопје домаќин на пет силни тениски турнири


 По повод 70 годишниот јубилеј на македонскиот тенис, ТФСМ во следниот период ќе организира пет силни турнири. – На наше големо задоволство, Тениската федерација на С. Македонија  по повод 70 годишниот јубилеј на македонскиот тенис има план да организира пет меѓународни турнири во периодот мај – септември 2023, информираат од ТФСМ. Со најголем награден фонд – …

Скопје домаќин на пет силни тениски турнири Read More »

Изложба „Најцрната црна“ на Мице Јанкуловски во галеријата „Остен“


Од 20 април до 4 мај во галеријата „Остен“ е поставена самостојна изложба на слики (карбон на платно) од Мице Јанкуловски, насловена „Најцрната црна“.   Уметникот подолго време работи слики во големи формати со црна боја, а од минатата година почна да слика со карбон црна боја (најцрната црна) и сликите од оваа негова најнова …

Изложба „Најцрната црна“ на Мице Јанкуловски во галеријата „Остен“ Read More »

„Денарот го славиме!“ – едукативна кампања на НБ по повод 31 година од монетарното осамостојување


Народната банка во текот на претстојната седмица ќе реализира повеќе активности во насока на чествување на триесет и една година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на Народната банка, под мотото „Денарот го славиме!“. Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно …

„Денарот го славиме!“ – едукативна кампања на НБ по повод 31 година од монетарното осамостојување Read More »