УЕФА за идната недела ги одложи натпреварите меѓу АЕК и Динамо Загреб


Нион – УЕФА денеска официјално објави дека првиот натпревар од 3. Квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо Загреб, кој требаше да се одигра вечерва во Атина е одложен по навивачките немири во кои едно лице загина, осум се повредени, а 98 се уапсени. Според одлуката на УЕФА, Динамо ќе го пречека […]

Музика, цвеќиња и солзи: Ирска се прости од Шинед О’Конор


Илјадници фанови излегоа на улиците за да ѝ оддадат почит на починатата ирска музичка легенда Шинед О’Конор во вторникот, во солзи и фрлајќи цвеќиња додека нејзиниот погребен кортеж возеше покрај нејзината стара куќа во Бреј, округот Виклоу, во Ирска. Ковчегот на О’Конор беше покриен со сини, бели и розови цветови. Фотографија на пејачката беше видлива […]

Мареј: Рано е да се отпише Ѓоковиќ за грен слем титули


Лондон – Британскиот тенисер Енди Мареј смета дека Србинот Новак Ѓоковиќ не треба да се потцени поради неговиот пораз од светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон 2023 година. – Би било многу неправедно да се отпише Новак Ѓоковиќ. Победата на Алкараз во финалето на Вимблдон може да означи почеток на нова ера. […]

Телото пронајдено пред 5 месеци кај Демир Капија е на исчезнатиот Илија по кого се трагаше две години


Илија Лазаревиќ, момчето кое исчезна на почетокот на април 2021 година, во време кога имаше 30 години, е починатото лице кое беше пронајдено во бездна кај местото викано Просек, Демир Капија, на 27 март годинава. Веста за „Фокус“ ја потврди неговата мајка Снежана, која информира дека Илија ќе биде погребан утре. Вчера добивме писмо од […]

Избран најдобриот расказ на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“


Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ на авторот под шифра: „Обид на македонистот“ е избран за најдобар на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“ што ја распишува Општина Охрид. Жири-комисијата, составена од проф. д-р Димитар Пандев, м-р Перчо Божиновски, доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, го издои награденото дело поради актуелноста на горливата тема на […]

Венецискиот филмски фестивал испрати писмо со поддршка за Милчо Манчевски


  Венецискиот филмски фестивал објави писмо со поддршка за македонскиот режисер Милчо Манчевски по обвинувањата во Македонија против него за наводна корупција. Писмото објавено на сајтот на Фестивалот е потпишано од директорот Алберто Барбера и претседателите на двете италијански здруженија на филмските автори. Во писмото, меѓу другото, се вели: „Почитуван г. Манчевски, Исклучително ни е […]

Фон дер Лајен утре ќе отпатува во Словенија за да изрази солидарност по поплавите


Брисел – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе отпатува за Словенија за да изрази солидарност и поддршка поради поплавите, соопштено е денеска во Брисел. Претседателката на Европската комисија, која е придружувана со европскиот комесар за управување со кризи, Словенецот Јанез Ленарчич, со словенечките власти ќе разговара за поддршката на ЕУ за […]

Почесното „Срце на Сараево“ за шкотската режисерка Лин Ремзи


Сараево – Шкотската режисерка, сценарист и продуцент Лин Ремзи ќе биде наградена со почесното „Ссрце на Сараево“ на 29. Сараево филм фестивал што ќе се одржи од 11 до 18 август, соопштија денеска организаторите. На Ремзи на 16 август во „Летното кино на Кока Кола“ ќе ѝ биде врачена наградата за исклучителен придонес во филмската […]

Климатска опсерваторија на ЕУ: Минатиот јули беше најтопол досега


Брисел – Изминатиот јули беше најтоплиот јули забележан на Земјата, потврди денеска Климатската опсерваторија на Европската унија. Обележан со топлотни бранови и пожари ширум светот, изминатиот месец беше за 0,33 степени Целзиусови повисок од рекордот поставен во јули 2019 година, кога просечната температура на планетата беше 16,63 степени Целзиусови. Месецот беше за 0,72 степени потопол од […]

Натали Портман се разведува по 11 години брак поради афера на сопругот


Лос Анџелес- Натали Портман и сопругот Бенџамин Милепид наводно се разделиле по 11 години брак. Веста доаѓа откако ѕвездата на Thor: Love and Thunder беше видена без нејзиниот венчален прстен на 11-годишнината од бракот на дуото на 4 август, додека присуствуваше на тениски натпревар во Сиднеј, Австралија. „Откако се појавија вестите за неговата афера, тие […]

До петок посвежо, од викендот затоплување


Во среда ќе има пониски утрински температури, а преку денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Во четврток ќе има преодно дестабилизирање и локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а потоа следува период на стабилно и потопло време. Минималните утрински температури утре и задутре ќе бидат во интервал од 10 до […]

Не очекуваме повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина, вели Мехмедовиќ


Не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска, изјави за МИА, портпаролот на Комисијата  за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина. – Во однос на тоа каква е состојбата, какви се симптомите, кои се […]

Селена Гомез е „речиси“ милијардерка, еве зошто


Лос Анџелес- Селена Гомез е легенда, икона и искрено, ова е „нејзин момент“. Деновиве таа е претежно позната по нејзиниот бренд за шминка , Rare Beauty и нејзината улога на Мејбел во серијата „Only Murders in the Building“, наградена со Еми. ICYDK, новата сезона (во која се Мерил Стрип и Пол Руд) се враќа на […]

Намален криминалитетот во првите шест месеци од годинава, вели Спасовски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку социјалните мрежи денеска информира дека има намалување на криминалитетот во првите шест месеци од годинава за 12,9 проценти во споредба со истиот период лани.  – Безбедносната состојба е генерално стабилна на целата територија, без регистрирани инциденти од поширок размер, при што стапката на вкупниот криминалитет изнесува 536 пресметано […]

Клевета и „тешка ментална болка“ : Ана Нетребко го тужи Мет за 360 илјади долари


Њујорк– Славната руска сопранистка Ана Нетребко бара од Метрополитен операта 360.000 долари компензација за прекршување на договорот, клевета и „тешка ментална болка“. Што се случува?: Ана Нетребко требаше да се појави во 40 изведби во Мет операта во сезоните 2024-25 и 2025-26. Таа требаше да го добие највисокиот хонорар на Мет од околу 15.000 долари по […]

Стравот од вештачката интелигенција на Запад е погрешно насочен


Западната параноја и даде предност на Кина. Стравот од вештачката интелигенција е главно западен феномен. Во Азија практично го нема. Спротивно на тоа, Источна Азија ја гледа вештачката интелигенција како непроценлива алатка за ослободување на луѓето од досадни, повторувачки задачи и за справување со проблемите на општествата што стареат. Вештачката интелигенција носи придобивки за продуктивноста […]

Девизните резерви на крајот на јули 3,8 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на  јули годинава изнесувале 3.801,7 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,8%), по што следуваат валутите и депозитите (25,6%) и монетарното злато (10,4%).

Стејт департмент: Скопје и Софија да продолжат со дијалогот за решавање на разликите


Ги охрабруваме владите на Северна Македонија и Бугарија да продолжат со нивниот билатерален дијалог за решавање на разликите, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик портпарол на Стејт департментот, на прашањето дали САД добиле некакви гаранции од бугарските партнери дека нема да има ново вето за македонските евроинтеграции откако би се усвоиле уставните измени. […]

Погодeн за крал? Капутот од визон на Елвис Присли се продаде за 160.000 долари на аукција


Аукциската куќа Хенри Олдриџ и Сон, во Девизес, Вилтшир, Велика Британија, неодамна го продаде капутот од кожа и визон на Елвис Присли за повеќе од 163.000 долари (128.000 фунти) на американски колекционер. Проценката на аукцијата беше од 10.000 до 15.000 фунти. Според аукциската листа, рокенрол иконата го носел капутот во годината на неговата смрт во […]

САД и официјално ја одобрија испораката на тенкови Абрамс во Украина


Вашингтон – САД официјално ја одобрија испораката на првата серија тенкови Абрамс во Украина, а тенковите треба да пристигнат во Украина до почетокот на есента, изјави портпаролот на американската војска Даг Буш. „Тенковите Абрамс треба да стигнат до Европа, а потоа и во Украина, заедно со сите работи што ги следат“, рече Буш .Тенковите треба […]