Опенхајмер стана филм со најголема заработка со тематика за Втората светска војна


„Опенхајмер“ беше премиерно прикажан пред три недели и оттогаш заработи 552,9 милиони долари ширум светот, што го прави филм со најголема заработка за Втората светска војна на сите времиња. Universal Pictures соопшти дека тоа е филм со најголема заработка во годината со R-оцена, што значи дека не е препорачлив за помлади од 17 години без […]

Играч од Флорида го освои џекпот од 1,58 милијарди долари на лотарија


  Играч од Флорида го освоил џекпот од 1,58 милијарди долари на лотаријата „Мега милиони“, се наведува на веб-страницата на лотаријата. Синоќа се извлечени броевите 13, 19, 20, 32, 33 и специјалниот број 14, објави веб-страницата „Мега милиони“, пренесе Ројтерс. Победникот може да избере помеѓу наплата на 1,58 милијарди долари преку ануитет, со исплати во […]

Наградниот фонд на УС Опен се зголеми за осум проценти


Њујорк – Наградниот фонд на последниот тениски Грен слем турнир во сезоната на УС Опен ќе биде зголемен за осум проценти во однос на 2022 година, објавија организаторите. Годинешниот награден фонд на турнирот во Њујорк ќе изнесува 65 милиони долари. Победниците во сингл во машка и во женска конкуренција ќе добијат по три милиони долари, […]

Хали Бери (56) го споделува своето искуство со менопаузата. Дали помага или не кога познатите личности кажуваат сè?


Менопаузата порано беше табу тема за која славните ретко зборуваа. Но, во последно време, мноштво познати жени се отворија за животната транзиција. Хали Бери (56) е најновата славна личност која зборува за своето искуство со менопаузата. „Сите ние поминуваме низ тоа. И учиме еден од друг кога зборуваме за тоа, кога стануваме љубопитни и кога […]

Остин Батлер е новиот бренд амбасадор на Ив Сен Лоран – ќе мириса на новиот парфем


Париз- Остин Батлер од филмското платно скока во светот на убавината. Во вторникот, YSL Beauty го претстави актерот, номиниран за Оскар (31), како глобален амбасадор на својот нов машки мирис MYSLF. Како што напиша компанијата во соопштението, ѕвездата на Елвис ја дели „визијата на брендот да го прифати храброто самоизразување, вистинското стремење кон своето вистинско […]

Раперот кој и пукаше во стапалата на Меган Ди Сталион осуден на 10 години затвор


Лос Анџелес– Канадскиот рапер Тори Лејнз, чие вистинско име е Дејстар Питерсон, вчера беше осуден на 10 години затвор, по повеќе од седум месеци од пресудата за пукање во колешката – музичка уметница Меган Ди Сталион. Судијата Дејвид Херифорд од Врховниот суд во Лос Анџелес му ја изрече казната на 30-годишниот рапер. Инаку, лани на […]

Загадувањето на воздухот е поврзано со зголемената отпорност на антибиотици што го загрозува здравјето на луѓето


Загадувањето на воздухот ја зголемува отпорноста на антибиотици, што претставува значајна закана за здравјето на луѓето ширум светот, сугерира глобална студија. Анализата, користејќи податоци од повеќе од 100 земји кои опфаќаат речиси две децении, покажува дека зголеменото загадување на воздухот е поврзано со зголемената отпорност на антибиотици низ секоја земја и континент. Тоа, исто така, […]

Како вештачката интелигенција ќе го промени новинарството?


На почетокот на јули Асошиејтед Прес склучи договор со Open AI, креаторот на Chat GPT, за лиценцирање „дела од текстуалната архива на Асошиејтед Прес“, а за возврат ќе добие пристап до „технологијата и стручноста на Open AI“. Неколку дена подоцна, Open AI најави донација од пет милиони долари, заедно со пет милиони долари кредит за […]

Министерот Бочварски стана татко


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски (38) стана татко. Тој убавата вест ја сподели на друштвените мрежи. „Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите. Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка. Благодарност до целиот тим во Клиниката за […]

Боксер од САД си го промени името во чест на Владимир Путин


Лос Анџелес – Поранешниот претендент за светска титула на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Американецот Кевин Кингпин Џонсон го промени своето презиме во Владимирович, во чест на рускиот претседател Владимир Путин. – Во чест до претседателот Владимир Путин, решив да го сменам моето име. Сега ќе ме викаат Кевин Владимирович – во чест на Владимир Путин. […]

Јапонија ја одбележа 78-годишнината од нуклеарниот напад врз Нагасаки


Нагасаки – Јапонија им оддаде почит на жртвите од атомската бомба фрлена врз градот Нагасаки пред 78 години, повикувајќи ги земјите да се откажат од нуклеарното оружје. Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, рече дека државите кои поседуваат нуклеарно оружје треба смело да го отфрлат,  кое, како што велат, им служи за нуклеарно одвраќање. Оваа порака градоначалникот […]

Дуа Липа на суд – дали „Levitating“ е плагијат или не


Њујорк – Федералниот суд во њујоршката општина Менхетен одлучи дека британската поп-ѕвезда Дуа Липа ќе се соочи со тужба и обвинение дека нејзината песна „Levitating“ од 2021 година е „премногу (суштински) слична“ со диско-хит од 1979 година. Окружната судијка Кетрин Полк Фаила нагласи дека текстописците Л. Расел Браун и Сенди Линзер би можеле да се обидат […]

Бурата Ханс продолжува да предизвикува сериозни штети во северна Европа


Осло – Норвешките власти ги предупредија жителите да се подготват за „екстремно обилни врнежи“ со оглед на тоа дека бурата Ханс продолжува да беснее низ северна Европа. Невремето предизвика одложени летови и поплавени патишта во Норвешка, Данска, Шведска, Литванија, Финска, Естонија и Летонија. Илјадници домаќинства вчера останаа без струја. Норвешката управа за водни ресурси и енергија […]

Врховниот суд на САД ја прифати забраната на Бајден за домашна конструкција на пиштоли


Вашингтон- Врховниот суд на САД синоќа ја подржа одложената регулатива на претседателот Џо Бајден за забрана за домашна конструкција на пиштоли што се прават од делови купени онлјан.  Oвие таканаречени „пиштоли привиденија“ (ghost guns) е многу тешко да се следат или откријат.  Гласањето беше со пет гласа „за“ наспроти четири „против“, со судиите Џон Џ. […]

Внуката на Елвис Присли откри дека има ќерка од сурогат мајка . Еве зошто – и што значи тоа


Актерката Рајли Киу и нејзиниот сопруг Бен Смит-Петерсен станаа родители на девојче во август 2022 година, но веста не беше објавена дури минатиот јануари, за време на комеморацијата за нејзината мајка, Лиза Мари Присли. Откако Смит-Петерсен – кој се ожени за Киу во 2015 година – ја спомна нивната ќерка во трогателен говор што го […]

Без струја дел од Ѓорче Петров , утре дел од Кисела Вода и Центар


ЕВН известува дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, од 08:00 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Ѓорче Петров“, поточно објектите во околината на поранешната зграда на Општина Ѓорче Петров. ЕВН за утре најавува дека без струја ќе бидат дел до општините Кисела Вода и Центар. Од 08:30 […]

Без вода кули Расадник и дел од Карпош


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од кулите Расадник во Кисела Вода и неколку улици во Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок ф-150мм на ул.1511/12б, во кули Расадник, Кисела Вода. Поради дефект на приклучна цевка и дефект во шахта на […]

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер


Утрото посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. UV=8 Во Скопје наутро посвежо, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 9 август 2023 година, 221-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 144 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 35 минути, а ќе зајде во 19 часот и 43 минути. Денов трае 14 часа и 8 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Стано: Европската унија не е надлежна за давање безбедносни гаранции за Украина


Брисел – Европската унија не може да обезбеди безбедносни гаранции за Украина бидејќи тоа не е во нејзина надлежност, изјави денеска портпаролот на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Петер Стано.  -Ние не сме безбедносна организација, така што дискусиите за безбедносните гаранции се дискусии за НАТО и за одделни земји, но не и за ЕУ […]