Украина ќе добие системи за ПВО – Патриот од Германија, најави Зеленски


Киев – Германија и Украина се договорија Киев да добие повеќе системи за противвоздушна одбрана Патриот, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање. „Денеска дојде добрата вест од Германија – токму она што го договоривме со германскиот канцелар Олаф Шолц. Ќе има дополнителни системи Патриот.Ова е неопходно за заштита на нашиот народ […]

Бајден нареди да се ограничат американските инвестиции во кинеската технологија


Вашингтон – Американскиот претседател Џо Бајден потпиша извршна наредба за ограничување на американските инвестиции во технолошкиот сектор на Кина, вклучително и развој на полупроводници, микроелектроника, квантна технологија и вештачка интелигенција Според американски медиуми, тоа е знак за растечка тензија меѓу двете светски сили. Високи претставници на администрацијата рекоа дека тој потег е за национална безбедност, а […]

ФБИ уби човек затоа што му се заканувал на Бајден


Вашингтон – Специјални агенти на ФБИ убија маж од Јута обвинет дека му се заканувал на американскиот претседател Џо Бајден за време на синоќешна рација  само неколку часа пред американскиот претседател да пристигне во таа сојузна држава. Во рацијата е убиен Крег Робертсон, кој е обвинет дека упатувал закани кон американскиот претседател објавени на интернет пред […]

„Твитер“ не дозволи претрес на профилот на Доналд Трамп и доби казна од 350.000 долари


Американскиот специјален обвинител кој го истражува Доналд Трамп добил судски налог за претрес на профилот на поранешниот претседател на „Твитер“, а компанијата одбила да ја почитува одлуката, се вели во мислењето на Апелацискиот суд објавено денеска. Апелацискиот суд на округот Колумбија ја потврди одлуката на федералниот судија дека потегот на „Твитер“, сега познат како „Х“ […]

Турист од Србија тешко повреден на Лефкада, ги игнорирал предупредувањата на спасувачите


Српски турист на околу 30-годишна возраст е тешко повреден вчера на Лефкада. Несреќата се случила во немирното море кога туристот влегол во водите и покрај издадените предупредувања. Србинот ги игнорирал повиците на спасувачите до капачите да не се приближуваат до разбрануваното море, пишува ilefkada.gr. Брановите го совладале туристот и тој се повредил. Несреќата резултирала со […]

Стејт департмент: Одлуката за евентуална средба меѓу Зеленски и Путин треба да ја донесе Киев


Вашингтон– Украина мора да игра важна улога во одредувањето на сопствената иднина, така што секоја одлука за преговори со рускиот претседател Владимир Путин мора да ја донесе лично неговиот украински колега Володимир Зеленски. Ова го изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер во коментар на предлогот на Обединетите Арапски Емирати да организираат средба меѓу […]

Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи


Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. UV=7 Во Скопје променливо облачно и […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 10 август 2023 година, 222-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 143 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 36 минути, а ќе зајде во 19 часот и 42 минути. Денов трае 14 часа и 5 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Нови варијанти на коронавирусот се шират во САД и Велика Британија


Светската здравствена организација (СЗО) во моментов следи неколку варијанти на корона вирусот, вклучително и новооткриената варијанта ЕГ5, која се шири во САД и Велика Британија, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој предупреди дека „и понатаму постои ризик од појава на поопасна варијанта што може да предизвика ненадејно зголемување на случаите на […]

Наградата „Ана Линд“ доделена на белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја


Стокхолм – Наградата „Ана Линд“, создадена во спомен на поранешната шефица на шведската дипломатија, Ана Линд, денеска и беше доделена на лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, за нејзината борба за демократија, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на соопштението на Фондацијата „Ана Линд“. Наградата е во вредност од 100.000 шведски круни (8.537 евра) и се […]

„Скопје тату шоу“ ќе ги собере на едно место ентузијастите за тетоважи и уметниците


он крајот на месецов, Скопје ќе биде домаќин на „Скопје тату шоу“ (Skopje Tattoo Show 2023), настан кој ќе ги собере ентузијастите за тетоважи, уметниците и љубопитните умови и на кој ќе бидат прославени уметноста, културата и самоизразувањето преку тетовирањето. На конвенцијата за тетовирање ќе гостуваат познати домашни и странски тату артисти, а посетителите ќе […]

Цела година ништо не се презема за изградба на автобуското метро во Скопје


Цели 12 месеци нема никакви податоци за тоа што се случува со проектот за изградба на автобуско метро, кој треба да го реализираат градските власти. Информации за тоа што се случува со брзиот автобуски систем – БРТ Скопје, немаат ниту државните институции, иако побарале податоци од градските власти. Мета.мк го контактираше градот Скопје за овој […]

Приведени три лица, сакале да летаат од Охрид со фалсификувани британски пасоши


На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода М.В.(24), Б.И.(31) и малолетничка, сите државјани на Република Албанија, оти при пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи. „Трите лица биле предадени на одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид за понатамошна […]

Стоби е туристичка атракција – од јануари го посетиле над 9.000 домашни и странски туристи


  Од почетокот на годинава археолошкиот локалитет Стоби го посетиле над 9.000 домашни и странски туристи. -Археолошкиот локалитет Стоби ова лето е посетен од голем број од домашни и странски туристи. Го посетуваат и поединечно, а голем дел туристи во посета доаѓаат организирано во групи преку туристички агенции. Воедно има и голем број на странски […]

Фридман: Македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои


Македонскиот јазик е посебен словенски јазик како бугарскиот, хрватскиот, српскиот. Сегашните проблеми ќе се решат некако, важното е дека македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои, и точка. Тоа го истакна проф. д-р Виктор Фридман од Универзитетот од Чикаго, еден од најголемите американски и светски слависти кому денеска во Охрид му беше врачена Светската […]

Иван Антоновски е годишниот лауреат на наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“


Иван Антоновски е автор на расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ прогласен за најдобар на годинешниот конкурс што Општина Охрид го распишува во чест на делото на охридскиот и македонски романсиер, Живко Чинго. Антоновски е писател, книжевен критичар, есеист и книжевен преведувач, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет […]

Вечери на шведски документарни филмови во Кинотека


За љубителите на филмската уметност амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Северна Македонија во периодот од 10-15 август подготвија интересна програма на шведски документарни филмови. На репертоарот ќе бидат „Предрасуди и гордост – шведски филмски квир“ од Ева Белинг, на 10ти август, потоа „Историја – конци за Сами“ на Томас Џексон на 11ти август, „Децата на непријателот “ на  Горки Гласер – Милер на 12ти август, „Хор – една […]

Утре нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи


Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали, а температурата ќе се движи од 9 до 29 степени. Потоа, како што информира УХМР, следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

„Неверленд“ беше вистински дом, а „Грејсленд“ беше музеј, се присетува внуката на Елвис Присли


Рајли Киу размислуваше за нејзините искуства кога живееше на два од најпознатите имоти во историјата на музиката: ранчот Неверленд на нејзиниот некогашен очув Мајкл Џексон и имотот Грејсленд на нејзиниот дедо Елвис Присли. Во новото интервју со уредничката на „Венити фер“, Брит Хенемут, Киу зборуваше топло за покојниот крал на попот и нејзиното време на […]

Џоли ќе ја глуми Марија Калас во бурните години пред нејзината смрт


Будимпешта – Анџелина Џоли ќе ја портретира една од најголемите оперски диви на сите времиња Марија Калас во биографскиот филм Марија во режија на Пабло Ларен. Филмот ќе ги следи бурните и трагични настани при крајот на животот на славната дива, а заплетот ќе биде сместен во Париз во 1970-тите. Ова е трет биографски филм […]