Промени во работното време ЈП Водовод и канализација – Скопје во понеделник


Фото: Б. Грданоски

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека шалтерите за наплата во дирекцијата на претпријатието н 28.08.2023 (понеделник), ќе работат во две смени и тоа од 07:30-19:00 часот.

Наплатните пунктови во Сарај и Шуто Оризари нема да работат. Сите наплатни пунктови продолжуваат да работат со редовно работно време од 29.08.2023 (вторник).

ЈП Водовод и канализација – Скопје потсетува на можноста за брзо и едноставно плаќање преку апаратите за наплата на следните локации: дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ГТЦ на приземје, Капитол мол, корисничкиот центар на ЈП Комунална хигиена – Скопје и во Сити Мол.