Без струја дел од Волково и од улица „Дамаска“


Фото: Б. Грданоски

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Волково и од улица „Дамаска“ во Карпош.

Во периодот од 9.00 до 13.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од Волково, општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9.00 до 14.00 часот, корисниците од улица „Дамаска“, непарни броеви од бр. 17 до бр. 27, општина Карпош.