Сончево и многу топло и во наредните денови, температура до 38 степени


Фото: Б. Грданоски

Претежно сончево и многу топло време ќе биде и следните денови. Ќе биде активно жолто ниво за опасност од висока температура. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. 

Како што соопшти УХМР, најтопло ќе биде в недела и в понеделник, со максимална температура од 32 до 38 степени. 

Во следните три дена ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот ќе изнесува 7, односно 8. 

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.