Путин се јави за смртта на Пригожин: Беше талентиран бизнисмен
Првата реакција на рускиот претседател Владимир Путин за авионската несреќа во која, според официјална Москва, во кој загина основачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин. Во телевизиска изјава, Путин му изрази сочувство на семејството на Пригожин.
Путин го опиша Пригожин како „талентиран бизнисмен“ кого го познава од 1990-тите. Тој исто така рече дека руските власти ќе го земат предвид она што истражителите го откриваат за авионската несреќа, но веднаш додаде дека „истрагата за инцидентот ќе потрае некое време“. Тој исто така тврди дека Пригожин „имал тежок животен пат и направил сериозни грешки во својот живот“.
Првата реакција на Путин дојде околу 24 часа откако авионот со кој наводно леташе Пригожин се урна северно од Москва.