ЕУ нема да признае незаконски обид за промена на статусот на украинските територии


Брисел – Русија ги усоврши инструментите на теророт и прогонот што ги применуваше на Крим во текот на изминатите девет години и сега вршат злосторства во градовите и селата низ цела Украина, од кои многу претставуваат воени злосторства, порача денеска претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во своето видео обраќање на Третиот самит на Кримската […]

Силно невреме ја погоди Мека во Саудиска Арабија


Мека – Силно невреме ја погоди Мека во Саудиска Арабија. Ветерот соборувал луѓе и превртел тешки метални конструкции. Националниот метеоролошки центар (НКМ) и за денеска издаде црвено метео предупредување во покраината и некои области на Кралството. Голем број видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат како аџии брзаат да се засолнат, додека вработените во Големата џамија […]

Со поддршка на ЕУ обезбедуваме нова опрема за Ген банката при Институтот за тутун во Прилеп


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска го посети Научниот институт за тутун во Прилеп, една од најстарите научни институции на Балканот, која што следната година го слави својот 100. роденден. Институтот за тутун е важна научна институција во производството на тутун и сите овие години успешно ја извршува својата научна дејност, се […]

Грција се „премисли” и побара помош од Албанија која ќе испрати 10 возила и 50 пожарникари


Тирана – Само неколку часа откако ја одби понудената помош од Албанија, во возила и пожарникари, Грција се „премисли”  поради вонредната состојба со пожарите во земјата, јави Топ чанел. Според истиот извор Министерството за одбрана имформирало дека во соседната држава ќе заминат 10 противпожарни возила и 50 пожарникари. – Министерот за одбрана Василис Кикилијас побарал помош […]

Проценетата штета од пожарите на Хаваите е меѓу четири и шест милијарди долари


Њујорк– Американската компанија Мудис, која се занимава со анализа на ризици од природни катастрофи, денеска објави дека проценетата финансиска штета од неодамнешните пожари на Хаваите е меѓу четири и шест милијарди долари.  Одделот за управување со ризици на оваа компанија во својот извештај наведува дека се очекува најголем дел од штетата да биде покриена со […]

Локализиран пожарот кај село Љубин


Локализиран е пожарот кај селото Љубин, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. – Со прецизно дејство на трите авиони „ер трактори“ на ДЗС, како и едниот хеликоптер на МВР, пожарот е локализиран. Екипа скопски пожарникари вршат обиколка и догаснување на остатоците од пожарот, појасни Ангелов. Претходно, од ЦУК информираа дека избувнал […]

СВП во чест на Влада Урошевиќ, Гевин Бредли и Димитар Башевски


Со традиционално читање на „Т’га за југ“ и палењето на поетскиот оган утревечер свечено ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“,коешто ќе се случува на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во 20 часот. Меѓутоа, фестивалските настани ќе почнат точно напладне во Паркот на поезијата со садење дрво во чест […]

Докторка од Скопје во тимот експерти формиран од Џо Бајден, бараат лек кој ќе ја намали смртноста од рак за 50 отсто


Д-р Татјана Колевска е онколог, хематолог и медицинска директорка која ја води националната онколошка програма на американската компанија „Каисер Перманенте“ во Калифорнија, што покрива грижа и лекување на повеќе од 12 милиони луѓе низ САД. Д-р Колевска, која инаку е родена во Скопје, води многу клинички студии што постојано истражуваат нови лекови за ракот. Неодамна беше гостинка […]

Денот на Независноста на Украина утре ќе се одбележи и во Скопје


Украина, утре 24 Август, го одбележува Денот на Независноста, втора година по ред во услови на војна од големи размери на Русија против Украина. По тој повод Амбасадата на Украина и Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, ќе организираат настан што ќе се одржи во центарот на Скопје од 9,45 до 10,30 часот. Во програмата на […]

Семинаристите од Летната школа по македонски јазик разговараа со Влада Урошевиќ


Семинаристите од 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК при УКИМ) што се одржува во Охрид денеска имаа можност да се сретнат и разговараат со писателот, академик Влада Урошевиќ, чиј роман „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите […]

Како Софија Копола ја наговори Присила Присли да снимат филм за љубовта со Елвис


Присила Присли пробувала облека во гардеробата на бутикот на Беверли Хилс кога слушнала две жени како шепотат за неа. Тоа беше средината на 1960-тите, а Присила – која го запозна Елвис во 1959 година кога таа имаше 14, а тој 24 – во очите на некои луѓе ја живееше фантазијата на секоја тинејџерка во Америка. […]

Мекинро: Би сакал Ѓоковиќ и Алкараз да играат во финалето на УС Опен


Њујорк– Поранешниот американски тенисер Џон Мекинро изјави денеска дека би сакал Србинот Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз да играат во финалето на последниот Грен слем турнир, УС Опен, пренесува Јуроспорт. Алкараз моментално е прв на АТП листата со 20 бода повеќе од второпласираниот Ѓоковиќ. Тенисерите во кариерата одиграа четири меѓусебни натпревари, а годинава три. […]

САД се премногу зависни од руското нуклеарно гориво


Вашингтон – САД прават неверојатни трошоци поради нивната преголема зависност од Русија за нуклеарно гориво. Со цел да се реши овој проблем, Америка планира да го зголеми производството на збогатен ураниум, наведува Блумберг. Советникот за нуклеарна енергија на Белата куќа, Пранај Вади и извршната директорка на „Уренко“, Карен Фили истакнаа дека не само САД туку […]

„Мементо“ во МОМА – Њујорк ќе го види најдоброто од југословенскиот филмски црн бран


Македонскиот филм „Мементо“ ќе биде прикажан во рамките на Ретроспективата на југословенскиот филмски црн бран со наслов „Од црн бран до бел зрак“ која ќе се одржи во Музејот на модерна уметност (МОМА) во Њујорк, од 7 до 21 септември.  Селекцијата на репрезентативни филмови ја подготвија Мина Радовиќ, млад филмски критичар, кустос и архивист, како […]

Шеикот Сауд Али Ал Тани е избран за нов претседател на ФИБА


Манила – Конгресот на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) избра нов претседател на организацијата за претстојниот циклус 2023-2027 година. Станува збор за шеикот Сауд Али Ал Тани, кој ќе го замени Хамане Нинга. Тој беше избран едногласно на денешниот Конгрес во Манила. – Чест ми е што ја преземам оваа одговорност. Чест е и за Катар […]

Опозицијата не планира да гласа за уставни измени ни сега, ниту по изборите, смета Маричиќ


Опозицијата само купува повеќе време и испраќа пораки преку кои се оправдува за блокирањето на процесот за членство и нема намера ниту сега ниту после избори да гласа за уставни измени, смета вицепремиерот Бојан Маричиќ. -Во однос на политичката сцена знаете претходно се викаше дека се вршат притисоци на пратениците, па не се врши притисок, […]

ЕК го одобри планот на Чешка за поддршка на компаниите погодени од руската инвазија врз Украина


Брисел – Европската комисија го одобри планот за помош на Чешка во износ од околу 800 милиони евра наменети за поддршка на чешките компании што се сочуваат со зголемени трошоци за енергија поради војната во Украина.  Како што јави специјалниот изветувач на МИА, планот е одобрен согласно Привремената рамка за државна помош во услови на криза […]

5.000 емисија „Културна клучалка“ на Македонското радио-Радио Скопје


Македонското радио-Радио Скопје денеска на своите бранови го емитуваше јубилејното 5.000-то издание на дневната емисија од областа на културата, „Културна клучалка“. За македонскиот медиумски простор ова е речиси незабележан програмски континуитет од над 20 години (овој своевиден радиски културен подиум своето прво издание го имаше на 5 март 2003 година), во кој секојдневните едночасовни емисии […]

Студентите на Катедрата за современ танц ќе настапат во Италија во рамките на проектот „УГД – Чекор кон светот“


Студентите на Катедрата за современ танц, во рамките на вториот дел на проектот „УГД – Чекор кон светот“ кој започна на 16 август, ќе ја остварат својата пракса со Скопје танцовиот театар, истакнаа организаторите на проектот и додадоа дека студентите се подготвуваат за меѓународно гостување во Италија. Како што соопштија, во рамките на реномираниот Верона […]