ФБИ: Најмалку 115 луѓе загинаа во пожарите на Хаваи


Хонолулу – Најмалку 115 лица загинаа, а 1.100 се водат како исчезнати во пожарите што ги зафатија Хаваи, соопшти денеска американското Федерално истражно биро (ФБИ).  Во извештајот објавен од ФБИ, две недели по пожарите што го зафатија островот Мауи, е испратена покана до роднините кои би можеле да ја олеснат потрагата по исчезнатите. Се претпоставува […]

Русија именуваше нов, привремен врховен командант на воздухопловно-вселенските сили


Москва– Русија назначи нов привремен врховен командант на воздухопловно-вселенските сили, кој доаѓа на местото на Сергеј Суровикин, наречен „генерал Армагедон“, кој исчезна од очите на јавноста откако платениците на Вагнер се побунија против највисокорангираљните луѓе од војската. „Поранешниот шеф на руските воздушни сили, Сергеј Суровикин, сега е разрешен од должноста, додека генерал-полковник Виктор Афзалов, началникот […]

Продолжува периодот на многу топло време


Периодот на многу топло време продолжува и во наредните денови, соопшти УХМР. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме, особено утре и во сабота.  Минималните температури ќе […]

„Ние сме Европа“ – кампања за приближување на стратешката цел за членство во ЕУ до граѓаните


 Во Секретаријатот за европски прашања, денеска беше промовирана кампањата „Ние сме Европа“. Кампањата е во организација на СЕП, во соработка со Владата на Република Северна Македонија. Караванот на кампањата која чини пет милиони денари ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа Скопје каде темата ќе биде економија, Струмица – труд и социјална политика, […]

Eскобар доаѓа во Скопје на средби со Пендаровски, Ковачевски и Мицкоски


Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар утре доаѓа во посета на Северна Македонија. Ескобар ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, потврдија за МИА од кабинетот на шефот на државата. Предвидено е да има средба и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Доаѓањето на Ескобар на Скопје следува […]

Затворен за сообраќај кеј „Борис Кидрич“ поради подготовки за свеченото отворање на СВП


Поради поставување сценографија за свеченото отварање на Струшките вечери на поезијата утре од 12 часот ќе биде затворен за сообраќај кеј „Борис Кидрич“ во Струга. Затворена за сообраќај в сабота и недела ќе биде и улицата „Партизанска“, каде на Мостот на поезијата ќе биде поставена сценографија за свеченото затворање на манифестацијата на 27 август. Фестивалот […]

Скандинавците недоволнo застапени, а Балканците презастапени во институциите на ЕУ


Брисел – Иако се релативно добро застапени на повиски нивоа во администрацијата на ЕУ, граѓаните на скандинвските земји се помалубројни помеѓу пониските слоеви на бриселската бирократија, како резултат на фактот што овие работни места не се премногу привлчени за Скандинавците, пред се за помладите генерации. Токму затоа, скандинавската тројка во ЕУ – Данска, Шведска и Финска, […]

 МКЦ домаќин на фестивалот „Андерфест“ на 13 октомври


Прогресивниот, музички фестивал Андерфест ќе се одржи по петти пат на 13 октомври 2023 година во Младинскиот културен центар (МКЦ). Публиката и овој пат на овој јубилеј ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која ќе покаже дека е одлична, велат организаторите на Андерфест. […]

Холивудските сценаристи се незадоволни од новиот предлог на студијата 


Лос Анџелес-  Холивудските студија и сервисите за стриминг во вторникот ги објавија условите на ревидираниот предлог до писателите кои штрајкуваат, но синдикатот ги повика членовите да продолжат со штрајкот бидејќи новата понуда нема да ги реши сите нивни грижи. Здружението на писатели на Америка (WGA) го почна штрајкот на 2 мај, откако преговорите дојдоа во […]

„Сексот и градот : И просто, така оди тоа“ со трета сезона – што да очекуваме?


Њујорк– Втората сезона на…И просто, така оди тоа“, ново продолжение за рестартирање на култната серија „Сексот и градот“, завршува оваа недела. Втората сезона од единаесет епизоди го прикажуваше враќањето на Ејдан на Џон Корбет, а во финалето ќе биде вклучено и краткото камео на Ким Катрал како Саманта. Фановите веќе се прашуваат: Дали е ова […]

Кендал Џенер позира на коњ во кампањата на Стела Мекартни


Ако веќе не сте знаеле, Кендал Џенер е горда девојка со коњи. „Отсекогаш сум сакала животни. Јавав коњи 10 години, па мислев дека ќе бидам професионален јавач, а потоа ветеринар“, изјави таа за Harper’s Bazaar во 2016 година. Судбината, се разбира, имаше различни планови за втора најмлада членка на кланот Кар-Џенер, а заврши во модната […]

Поддршка од Македонската секција на ФИПРЕСЦИ за Манчевски


Македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ денеска соопшти дека се придружува кон поддршката за македонскиот режисер Милчо Манчевски од Филмскиот фестивал Венеција и од Централата на ФИПРЕСЦИ. -Сакаме да ја изразиме нашата поддршка за Манчевски како проминентен укажувач на корупција на највисоко ниво. Го осудуваме прогонот против Манчевски со цел тој […]

МиГ-29 или Ф-16: Кој борбен авион е подобар?


При свртување огромна гравитациска сила го прицврстува пилотот за седиштето. Губењето на свеста се спречува само со врвна кондиција и специјални хеланки кои ја туркаат крвта од нозете. Брзината на летот ретко е под 900 километри на час.   Линк до целиот текст тука

Митот за „Стокхолмскиот синдром“ опстојува половина век


Стокхолм- Киднаперот Јан-Ерик Олсон вооружен со автоматска пушка и под дејство на наркотици влегол во банка во центарот на Стокхолм во 1973 година на денешен ден, 23 август, со зборовите на англиски јазик „Сите долу, нека започне забавата“. Тогаш почнува заложничката криза која ќе трае шест дена. Така се роди концептот познат во светот „Стокхолмски […]

Индиското вселенско летало „Чандрајан-3“ денеска слетува на Месечината


Лос Анџелес – Индискиот вселенски брод „Чандрајан-3“ цели кон површината на Месечината пред нејзиниот историски обид за слетување, правејќи патем и слики од својата патеката.  Вселенското летало треба да го почне спуштањето Месечината денеска околу 14:15 часот по македонско време. Доколку успее, Индија ќе биде првата вселенска сила која ќе изврши тн. меко слетување на […]

САД лидери на СП во атлетика со шест злата


Будимпешта– Атлетичарите од Соединетите Американски Држави се први на табелата медалисти по четвртиот ден на Светско првенство во Будимпешта. Американците со шест златни медали и вкупно 12 се убедливи лидери. Табела: 1. САД – 6-4-2 (12) (злато-сребро-бронза, вкупно) 2. Шпанија – 2-0-0 (2) 3. Етиопија – 1-3-2 (6) 4-6. Велика Британија – 1-1-1 (3) 4-6. […]

Дрон удри во зграда во изградба во Москва, а други два беа соборени


Москва – Беспилотно летало удри во зграда во изградба во московскиот деловен кварт, а други две биле соборени од руската противвоздушна одбрана во близина на главниот град. Во нападот извршен ноќеска нема повредени лица, соопшти руското Министерство за одбрана. Се наведува дека беспилотните летала биле украински. Засега нема реакција од Украина. Во соопштението на руското МО […]

Блокадата на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ


Блокадата на уставните измени и продолжувањето на европскиот пат од страна ДПМНЕ, не само што предизвикува изолација на државата и застој на евроинтергациите, туку значително неповолно ќе влијае на економските придобивки за економијата и граѓаните. Блокадата од страна на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ. Само во […]

Осум републиканци ќе учествуваат на првата предизборна дебата во САД


Вашингтон – Републиканскиот национален комитет соопшти дека вкупно осум кандидати за претседателска номинација на Републиканската партија се квалификувале за првата предизборна дебата во Милвоки, во американската сојузна држава Висконсин. Гувернерот на Флорида Рон Де Сантис, поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, поранешниот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи, сенаторот од […]