Осум републиканци ќе учествуваат на првата предизборна дебата во САД


Вашингтон – Републиканскиот национален комитет соопшти дека вкупно осум кандидати за претседателска номинација на Републиканската партија се квалификувале за првата предизборна дебата во Милвоки, во американската сојузна држава Висконсин. Гувернерот на Флорида Рон Де Сантис, поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, поранешниот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи, сенаторот од […]

Започнува 20. Меѓународен стрип салон „Велес 2023“ и 5- тата Стрип колонија


Македонскиот стрип центар од Велес од  вечер до 27 август  ќе биде домаќин на 20 јубилеен Меѓународен стрип салон „Велес 2023 и 5- тата Стрип колонија.Свеченото отворање е вечер во 20 часот во Европската куќа на млади, поранешно Градско кино во центарот на Велес. Во рамки на 5 -тата стрип колонија што од 23 до […]

Османи – Борел: Да не се дозволи назадување во ЕУ интеграцијата


Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на работната посета на Шпанија, имаше средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел. Во фокусот на разговорите беше европското досие на Северна Македонија, при што Османи го брифираше шефот на европската дипломатија за текот на […]

Серијал есенски концерти во битолскиот Центар за култура


Националната установа Центар за култура-Битола ја утврди есенската програма за културни настани во која се содржани концерти, фестивали, изложби и други манифестации. Серијалот почнува со предпразничен концерт на битолчанецот Крсте Роџевски кој ќе се одржи на 7 септември, а најголемиот музички спектакл се очекува да го приреди словенечката авангардна група Лајбах која во Битола ќе […]

Њујорк тајмс: Украинските сили се погрешно распоредени


Вашингтон – Украинската војска се измачува да ја пробие руската одбрана во голем дел затоа што има премногу војници на погрешни места вклучително и некои од нејзините најдобри борбени единици, објави денеска Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани американски претставници. Еден од нив наведува дека главната цел на контраофанзивата треба да биде прекинување на руските линии за снабдување […]

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.   ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила Нна ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска […]

Европските нафтени компании не прават ништо за енергетската транзиција


Амстердам– Еколошката организација „Гринпис“ ги обвини европските компании за гас и нафта дека „не прават ништо“ за енергетската транзиција и дека „апсолутно ги игнорираат нивните климатски обврски“. Организацијата упати апел до владите да ги принудат да го прекинат производството на фосилна енергија за да ја спасат климата. Во извештајот на германскиот политиколог и експерт за […]

Активни пожари во Горно Количани, Драчевица, Орланци и Мелница


Во државава се активни три пожари, а вчера имало вкупно 27, информира изутринава Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани каде е зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново каде гори ниска шума и во село Мелница во Општина Велес со зафатени […]

Кристофер Хил: Политиката на САД кон Косово и Србија е правилна без разлика дали е успешна


Белград – Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил во интервју за Гласот на Америка изјави дека САД би сакале бриселскиот дијалог да продолжи многу побрзо и да види договор заснован на формирање на Заедницата на српски општини. Тој зборуваше и за санкциите против Александар Вулин и ја коментираше неодамнешната изјава на министерот Милош Вучевиќ упатена […]

Пуштање во употреба на фотоволтаична централа во градинката „Пепелашка“ во Општина Центар


Фотоволтаична централа за потребите на градинката „Пепелашка“ во општина Центар, денеска ќе биде пуштена во употреба. Настанот ќе се одржи во кругот на градинката, а обраќање ќе имаат и главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Фотоволтаичната централа е донација на компанијата ОКТА АД Скопје.

Прогласување највело општина во Скопје


Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак, денеска на прес-конференција ќе ја прогласат највело општината во Скопје и околината за 2023 година и ќе ги соопштат победничките општини во неколку категории.  Како што соопштија организаторите, во изминатиов период граѓаните имаа можност преку онлајн-гласање […]

Поради употреба на кетамин Илон Маск може да го загуби достапот до доверливи информации на Пентагон


Вашингтон- Во Пентагон синоќа беше покренато прашањето за употребата на анестетикот кетамин од страна на Илон Маск, основачот на компаниите Тесла и „Спејс Екс“ и дали поради тоа Министерството за одбрана на САД треба да му го одземе достапот до доверливи информации.  Милијардерот работи со министерството за снабдување на сателитската интернет врска Старлинк за армијата […]

Без струја дел од корисниците во Чаир, Долно Лисиче и Ѓорче Петров


Од 08.30 до 12 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Лазар Танев“ и „Битпазарска“ во општина Чаир. Според известувањето од ЕВН Македонија АД,  од 9 до 14 часот, струја ќе немаат и корисниците од ул. „7“ во село Долно Лисиче во општина Аеродром и корисниците од ул. „Мечкин Камен“ во општина […]

Одбележување 22 години од формирање на Единицата за брзо распоредување


Денот на Единицата за брзо распоредување – 23 Август денеска ќе биде одбележан на две локации, во Куманово и во Скопје. Во кругот на СВР Куманово во 09:30 часот ќе биде откриено спомен обележје на 8-те загинати припадници на македонската полиција, кои ги положија животите во 2015 година во вооружена престрелка со терористичката групација во […]

Маричиќ ќе ја промовира кампањата „Ние сме Европа“


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе ја промовира кампањата „Ние сме Европа“. Претстојната кампања „Ние сме Европа“ ќе ја спроведува Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Владата на Република Северна Македонија.

Сончево и многу топло со температури до 39 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне особено во планинскте региони ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од […]

Се кројат стратегии за уставни измени и за избори


 Уставните измени и европската иднина на земјата остануваат во фокусот на Владата, додека, пак, ВМРО-ДПМНЕ го детализираше барањето за избори со тоа тие да се одржат до крајот на годината и дека нема да учествуваат во техничка влада. На ова барање за избори се приклучи и Левица, додека од Алијансата за Албанците предупредија дека доколку […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 23 август 2023 година, 235-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 130 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 50 минути, а ќе зајде во 19 часот и 23 минути. Денов трае 13 часа и 33 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Измама во Ресен: Со тврдење дека банкнотите од евра и долари се стари, украдени 2,6 милиони денари


Измама со кражба од над 2,6 милиони денари пријавила 64-годишна жена од Ресен. Женско лице ѝ кажало дека треба да ги смени еврата и австралиските долари што ги имала, бидејќи имало нови банкноти и старите немало да важат. Пријавеното лице ѝ рекло на оштетената дека месечно ќе ѝ исплати дел од парите што требало да […]

На Бреговиќ му бил забранет влез во Молдавија поради проруските ставови 


По осудата на министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, кој побара објаснување од Министерство за надворешни работи на Молдавија за забраната за влез на музичарот и поранешен фронтмен на популарната југословенска рок група „Бијело дугме“ Горан Бреговиќ во Кишињев, се огласи молдавскиот министер за внатрешни работи Адријан Ефрос кој изјави дека на Бреговиќ […]