Астрономски календар


Денеска е четврток, 31 август 2023 година, 243-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 122 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 58 минути, а ќе зајде во 19 часот и 10 минути. Денов трае 13 часа и 11 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Битиќи со дипломатски гроздобер го означи почетокот на овогодишната берба на грозје


На еден од најпознатите вински тероари Лепово, Кавадарци, винарската визба Тиквеш со дипломатски гроздобер го означи почетокот на овогодишната берба на грозје, објави Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, на неговиот Фејсбук профил. – Ги исековме првите гроздови кои се плод на напорна и посветена работа, на квалитетниот […]

Маричиќ: ЕУ е економско чудо кое ни отвора можности и ги задржува младите во државата


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „ЕУ за македонската економија“, направи споредба на економиите на дравите пред нивното пристапување во ЕУ и откако станале држави членки, велејќи дека Европската Унија покрај тоа што е мировен и политички проект, таа е и економско чудо. – Економските показатели на Хрватска покажаа дека изминатата година по […]

Политичари што ја блокираат државата давале концесии преку кои добиле акции во странски компании


Министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање вечерва на трибината со која од Скопје почна кампањата „Ние сме Европа“, изјави дека има „политичари кои сакаат да ја блокираат државата“ кои, како што рече, „давале концесии преку кои добиле акции во странски компании“. -А тие компании каде што тие се акционери денес се сведоци против […]

СП во кошарка: Најубедлива победа на Американците


Манила– Американските кошаркари попладнево во рамки на 3. коло во групата Ц го совладаа Јордан со 110-62 и со тоа ја забележаа својата досега најубедлива победа на Светското првенство кое се одржува на азискиот континент. Избраниците на Стив Кер до триумфот од 48 поени разлика ги предводеше Ентони Едвардс со 22 кошеви и осум скокови. […]

Ковачевски: Земјите што ќе бидат побрзи со реформите, први ќе влезат во 2030 година во Европската унија


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вечерва изјави дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на два пати повторил дека има кокретна одредница за проширувањето на ЕУ – 2030 година, како и дека оние кои се побрзи во своите реформи, први ќе влезат во 2030 година во Европската унија.  -Сакам на почетокот да расчистиме три дилеми: […]

ЕУ ќе воведе санкции за пучистите во Нигер


Мадрид– Европска Унија работи на подготовките за воведување санкции против членовите на хунтата, која минатиот месец ја презеде власта во Нигер, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. – Кога ќе се одлучува за санкциите, ЕУ ќе се обиде да ги преслика мерките преземени од Економска организација на западноафриканските […]

Поезија од Весна Ацевска и Санде Стојчевски во списанието „Коло“ на „Матица хрватска“


Нови песни од Весна Ацевска и од Санде Стојчевски се објавени во најновиот број на реномираното списание „Коло“ на „Матица хрватска“, во рубриката „Нови преводи“. Покрај со нивни песни, двајцата македонски автори, на дваесет страници од бројот 2 на списанието, се претставени и со нивни фотографии и со куси био-библиографии. Објавените песни се заеднички превод […]

(Видео) Прва отворена трибина од кампањата „Ние сме Европа“


Денеска, 30 август 2023 година (среда), во 19 часот, на плоштадот Јадран (кај Арапска куќа) во Скопје, ќе се одржи првата отворена трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа, на тема: „ЕУ за македонската економија”, на која обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Покрај претседателот на Владата, Ковачевски […]

Едштадлер предлага земјите кандидати веќе да бидат на масата на ЕУ, но без право на глас


Виена – Австриската министерка за Европа, Каролине Едштадлер, денеска изјави дека нејзината земја се залага за интеграција на земјите-кандидати во Европската унија во фази, така што дури и пред формалното членство ќе им биде дозволено „да седнат на масата на ЕУ“ и да учествуваат во дијалог, иако без право на глас. Во интервју за австриското државно […]

Си-ен-ен ќе ја предводи Марк Томпсон, поранешен извршен директор на Њујорк тајмс


Вашингтон-  Марк Томпсон, поранешен извршен директор на Њујорк тајмс и генерален директор на Би-би-си, ќе биде новиот предводник на Си-ен-ен, објави телевизиската мрежа денеска.  Томпсон ја презема глобалната новостна организација во едно од најважните моменти во нејзината 43 годишна историја.  -Нема поискусен, попочитуван и покадарен извршител во безнисот со вести денес од Марк, и ние […]

Родителите на прваче ќе треба да одвојат во просек 200 евра за почетокот на учебната година [инфографик]


Пред почетокот на учебната година, родителите на основци и на средношколци ги подготвуваат своите деца за претстојната учебна година. Највозбудени се првачињата, кои за прв пат ќе седнат во училишните клупи. Колку родителите ќе ги чини почетокот на новата учебна година? Мета.мк ги разгледа цените во книжарниците и цените на облеката, кои нормално, варираат и […]

Казна за возачот што залепи српски грб на тетовски регистерски таблички


Полицијата денес му изрече глоба на лицето кое извесно време возеше автомобил низ Тетово, со дел од табличките покриени со грбот на Србија, односно на местото на „знаменцето“ каде стои кратенката за Северна Македонија – НМК, пишува „Порталб“. СВР Тетово за „Порталб“ извести дека денеска околу 12.30 часот на улицата „Илириjа“ во Тетово го запреле автомобилот […]

Во ЕУ над 134 случаи на салмонела, веројатно поврзани со пилешко месо од Полска


Стокхолм – Европските здравствени власти регистрирале најмалку 134 случаи на салмонела, за кои веруваат дека се поврзани со контаминирано пилешко месо, јави ДПА. Европскиот центар за превенција и контрола на болести во Стокхолм соопшти дека случаи на салмонела биле откриени во 10 земји на ЕУ и Норвешка. Едно лице почина од последици од салмонела во Австрија. […]

Домот на Хичкок во Л.А. продаден за 9 милиони долари на холандски медиумски магнат


Лос Анџелес- Кога англискиот режисер Алфред Хичкок се преселил во Лос Анџелес за да го освои Холивуд во 1939 година – тој ја снимил „Ребека“ следната година, што му ја донесе првата од петте номинации за Оскар – тој и неговата сопруга Алма и ќерката Пат првично го направија свој дом пространиот изнајмен стан на […]

Анкета: Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја


Лондон– Резултатите од најновото истражување на лондонскиот весник Тајмс покажуваат дека три четвртини од свештениците на Англиканска црква изјавиле дека Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја. На прашањето дали мислат дека „Британија може или не може да се опише како христијанска земја“, само една четвртина (24,2 отсто) од свештениците одговориле […]

Вучиќ-Лајчак: Обид за „заживување“ на дијалогот и подготовки за нова рунда во Брисел


Белград – Претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград се сретна со специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. Оваа средба доаѓа откако од Брисел беше најавено дека во септември може да се одржи нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград. -Разговарав повеќе од два часа со […]

Ковачевски се заблагодари за силната поддршка на Канада на нашето членство во НАТО


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли. На средбата присуствуваше и министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Заеднички беше нагласено уверувањето дека денешната посета и разговори ќе дадат нов импулс во зајакнувањето на билатералните односи и взаемната соработка, посебно поради фактот што […]

Архивската збирка за Браќа Манаки прогласена  за културно наследство од особено значење


Збирката на движно културно наследство ФОНД 580 „Браќа Манаки-Битола 1853-1964“  која се наоѓа во Државниот архив на Република Северна Македонија – Одделение Битола е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Владата донесе одлука со која на оваа вредна Збирка ѝ е овозможено трајно зачувување во изворна состојба; се обезбедуваат поволни услови […]

Агелер ја посети мултилатералната обука во касарната „Илинден“


Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер во касарната „Илинден“ во Скопје ги посетија припадниците на специјалните сили на македонската Армија, Вооружените сили на САД и армијата на Албанија кои заеднички ги развиваат своите способности и вештини. Министерката Петровска пред специјалците порача дека и ова заедничко извежбување ја покажува блиската соработка […]